Автор Тема: Sijalici  (Прочитано 15822 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1421
  • Eбач на батерии :D
Одг: Sijalici
« Одговори #15 на: 10 Март 2018, 14:31:02 pm »
@zlatkoa ако си расположен сликни во место кога си.
Фарот со или без лупа?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3827
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Sijalici
« Одговори #16 на: 10 Март 2018, 14:37:18 pm »
@zlatkoa раскажи малку, монтажа, дугачки ли, средни ли, како е субјективно чуство, знам една слика 1000 зборови, ама пиши уште 2-3 збора :)
И мене ме интересира нешто повеќе... Сакам и ја за мене да земам...
@zlatkoa ако си расположен сликни во место кога си.
Фарот со или без лупа?
На Цитроен Ц2 се, значи без лупа е фарот.

Sent from my Redmi Note 4x


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Sijalici
« Одговори #17 на: 10 Март 2018, 19:24:23 pm »
Дечки ќе ви пишам детална рецензија само да се приберам дома.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Sijalici
« Одговори #18 на: 12 Март 2018, 11:05:28 am »
Како што ветив, по барање на @Simo - Carrier159 и @Tesla

Сијалиците што јас ги купив од Самад се Н4.

Комерцијалното име под кое се продаваат се Niken


Според информациите на пакувањето, произведени се во Турција, имаат COD чип, даваат 6000к светлина.


Ги користам на Цитроен Ц2 на фарови со рефлектор.

Инсталацијата на сијаличките е многу едноставна. Ги извадив старите халогени Н4 сијалички, на нивното место ги наместив новите ЛЕД сијалички.
Нема дополнителни баласти и трафоа. Имаат direct plug-in приклучок, кој што е идентичен со оној на халогена Н4 сијаличка.
Целата сијаличка заедно со приклучокот и каблите ја сместив внатре во шуплината од фарот, односно димензионирана е правилно за да не треба да се сече и касапи капачето кое го заптива задниод дел од фарот.
Претпоставувам дека истото би требало да се случува и кај сите останати фарови и возила затоа што габаритот на сијаличката е ист со габаритот на халогена Н4 сијалица + приклучокот од задната страна. Тоа значи дека не би требало да има касапење на фаровите за да може да се инсталира сијалицата.


На задната страна од сијаличката има алуминимски ладилник кој заедно со вградениот кулер внатре во него ја венитлираат топлината што чипот ја оддава на алуминиускиот ладилник.
Штом сијаличката е вклучена кулерот веднаш почнува да врти, и работи релативно тивко. Доколку сијаличките се вклучени, но моторот од возилото не е вклучен се слуша звукот од кулерите. При нормална експлоатација звукот е незабележителен.


Сијалиците светат солидно. Намерно не користам многу придавки при описот затоа што самите сијалици имаат и недостатоци, кои што е добро да ги знаете пред да ги инсталирате на возило.

Cut-off средни светла


Cut-off долги светла



Еве и кратко видео од cut-off на бел ѕид:

Поставеноста на чипот на сијалицата во рефлекторот е на истото растојание како и влакното кај Н4 сијалица. Според мене чипот е предимензиониран, односно премногу широк во споредба со влакното на халогена Н4 сијалица.
Во реални услови на експлоатација тоа произведува мал одблесок (glare) кој најмногу се познава при возење на автопат. Во такви услови и при возње со кратко светло ќе приметите дека сите сообраќајни знаци пред вас се малку осветлени, но не е нешто претерано кое што би требало да пречи, особено на возилата од спротивниот правец.

После самата инсталација и извозен еден круг низ Скопје, сијалиците ги симнав на позиција -2 со помош на внатрешниот регулатор во кабината. При ваква поставеност снопот е идентичен како оној кој што ги имав со халогена Н4 сијалица, и одблесокот е целосно насочен на патот пред возилото.

При возење на автопат со истата поставеност на светлата на -2 снопот е целосно насочен на патот пред возилото и одблесокот не пречи на возилата од спротивната страна.

Средни светла на автопат



Долги светла на автопат


Според мене долгите светла (чипот за долги светла) е слаб за да фрли доволно светлина во далечина, па при менување на кратко/долго светло пред вас имате само поголема осветленост пред возилото, но нема доволна осветленост во далечина.


Доколку би направил класификација на сијалиците со останатите извори на свелтина би ја дал следната споредба:

Светат подобро од ОЕМ халогена Н4 сијалица.
Светат малку подобро од OSRAM/PHILIPS премиум 130% сијалиците.
Имаат многу помала рефлексија од кинески ксенон во рефлектор.
Светат послабо од кинески ксенон.

Ако би ги претворил споредбиве во оценки тоа би изгледало вака:



Заклучок:
Сијалиците се компромис помеѓу премиум халогенска сијалица и кинески ксенон.
Светат посилно од премим халогена сијалица, но имаат мала рефлексија (недефиниран cut-off) која што се јавува надвор од светлосниот сноп кој што треба да биде на асфалтот.
Далеку подобар избор од кинески ксенон во однос на малтретирање учесници во сообраќај.
Доколку би возел премиум Халогена сијалица, не би ги менувал со ЛЕД сијалици од овој тип. Светат подобро од било која халогенка, но цело време имам чувство дека светат премногу споредено со другите возила околу мене, освен оние со кинезарија ксенон сијалици.


За другото возило планирам да земам ЛЕД Philips Ultinon па ќе ви пренесам импресии соодветно.

Отсутен Samco

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 610
Одг: Sijalici
« Одговори #19 на: 12 Март 2018, 13:18:49 pm »
Bas si se potrudil da go napises ova, alal da ti e :) Nemam iskustvo so H4, moeto vozilo nosi H7 , pa ako ima nekoj da pise za H1 dolgo, H7 kratko :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4061
Одг: Sijalici
« Одговори #20 на: 12 Март 2018, 14:46:36 pm »
@zlatkoa  ако не те мрзи, сортирај по вкупна оценка :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Sijalici
« Одговори #21 на: 12 Март 2018, 14:54:37 pm »
@zlatkoa  ако не те мрзи, сортирај по вкупна оценка :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54756
  • Махер
Одг: Sijalici
« Одговори #22 на: 12 Март 2018, 15:04:47 pm »
Какви оценки. Интересна замисла, и субјективно размислување.:)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Sijalici
« Одговори #23 на: 12 Март 2018, 16:02:45 pm »
Што, не се совпаѓа со твоето стручно мислење? Пу јазк.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3237
Одг: Sijalici
« Одговори #24 на: 13 Март 2018, 09:41:58 am »
@Samco јас возам со Н7 средно и Н1 долго, буквално истото како кај Златко, средните светла низ град ги терам на -2, на автопат на 0. Долгите светла осветлуваат пред тебе, прават ден, ама во далечина се губат, се гледа како постепено е ослабен снопот во далечина. Како и да е јас сум задоволен. Сега кога би земал би комбинирал ЛЕД средно со квалитетна халогена во долго.

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 288
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг: Sijalici
« Одговори #25 на: 17 Март 2018, 20:10:51 pm »
Незнам дали е добро да се комбинира едно лед едно халоген ? Некој покомпетентен нека чкртне некој збор за можна комбинација

испратено од мојот galaxy S7 edge користејќи тапаталк


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6345
  • Бенве сие бенве
Одг: Sijalici
« Одговори #26 на: 17 Март 2018, 23:39:34 pm »
Јас мислам во долгите да ставам ледови, да не ме пцуе секој втор што ќе се разминувам ако имам лед за средно светло.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20055
Одг: Sijalici
« Одговори #27 на: 18 Март 2018, 04:19:55 am »
@zlatkoa  ако не те мрзи, сортирај по вкупна оценка :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас не би дал осветлување 10 на ОЕМ ксенон.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4744
Одг: Sijalici
« Одговори #28 на: 18 Март 2018, 10:52:39 am »
Одлично напишано, уште нешто ме интересира дали имаш проблем со приемот на радиото кога се вклучени?(чест проблем кај сијалиците од алиекспрес купени)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: Sijalici
« Одговори #29 на: 18 Март 2018, 11:16:34 am »
Јас мислам во долгите да ставам ледови, да не ме пцуе секој втор што ќе се разминувам ако имам лед за средно светло.
Честа појава во последно време,само блештат а слабо осветлуваат и пречат на другите возачи. Нешто некаде читав како изведбата на фаровите не одговара за секој тип на сијалица.