Автор Тема: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација  (Прочитано 4368 пати)

Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« на: Јануари 27, 2018, 13:40:24 pm »
Здраво,

Се работи за Mazda MX-5, четврта генерација, 1.5 атмосферец (130 коња, 150nM). Пред некој ден налетав на турбо кит од BBR GTi токму за овој мотор, и што е најбитно наводно без да се прават никакви промени на самиот мотор.
Ме интересира вашето мислење на темава, пошо не е ефтина надградба, а и поради специфичноста на SkyActiv моторите на Мазда.
А и доколку се одлучам за ваков некој чекор, каде би можело да се направи ваквата надградба?
Линк: http://www.bbrgti.com/news/bbr-210-bhp-turbocharger-upgrade-now-available-for-1-5-litre-engine-mx-5-nd-variants/

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 899
  • Virus-Alfa
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #1 на: Јануари 27, 2018, 22:10:36 pm »
Купи си Фиат 124 Спајдер со 1.4 турбо 😁😁😁
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #2 на: Јануари 28, 2018, 00:57:42 am »
Шо знам...не би ;)

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2665
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #3 на: Јануари 28, 2018, 09:42:58 am »
Да не треба ради турбово да појачуваш кочници и/или други делови па да ти искочи поскапо целиот зафат?

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 756
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #4 на: Јануари 28, 2018, 09:55:12 am »
Има гаражи кај нас што можат лесно да ти го наместат китот доколку се одлучиш да го купиш.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5722
  • Само Голф бабуш, делови и у трафика има!
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #5 на: Јануари 28, 2018, 10:15:39 am »
@marmlad би требало да го има одговорот

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3474
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #6 на: Јануари 28, 2018, 13:05:43 pm »
Ако планираш да даваш 5000 фунти за ваква работа незнам зошто уопште размислуваш за Македонија, поарно Грција некаде каде што активно работат на вакви работи отколку некој да се учи или уште полошо да се прави паметњакович на колата
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #7 на: Јануари 28, 2018, 17:12:45 pm »
Да не треба ради турбово да појачуваш кочници и/или други делови па да ти искочи поскапо целиот зафат?
Не можам да најдам дали е потребна некаква друга надградба, ама претпоставувам дека е препорачливо ако ништо друго, барем кочниците. А еве што се содржи целиот кит:
  • Key components of the BBR Stage 1 Mazda MX-5 ND Turbo upgrade include:
    • BBR exclusive TSX28-67R twin-scroll turbocharger including jet turbine specification fixings
    • BBR bespoke cast iron twin scroll exhaust manifold
    • BBR stainless steel downpipe
    • BBR high-flow lightweight front mounted aluminium intercooler with factory look black intake pipes
    • BBR high-flow custom silicone turbo pipes in factory look black finish with stainless steel hose clamps and unique black coating
    • BBR lightweight aluminium battery tray in factory black finish
    • BBR Recirculating piston type dump valve in factory black finish
    • BBR / Bosch MAP / Temperature sensor
    • BBR high efficiency carbon fibre turbocharger heat shield
    • BBR high flow K&N Typhoon induction kit
    • BBR stainless steel oil and water lines
    • BBR Starchip EcuTek RaceRom calibration software
Ако планираш да даваш 5000 фунти за ваква работа незнам зошто уопште размислуваш за Македонија, поарно Грција некаде каде што активно работат на вакви работи отколку некој да се учи или уште полошо да се прави паметњакович на колата
Тоа и ме интересираше ако веќе се одлучам за вакво нешто, дали има некој тука стручен или ако не Грција...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9494
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #8 на: Јануари 28, 2018, 17:49:06 pm »
Да не треба ради турбово да појачуваш кочници и/или други делови па да ти искочи поскапо целиот зафат?

Штом се нафаќа на тој зафат, веројатно нема да застане таму. :) 

Инаку околу кочниците, гледам колава е 1,058 kg а вози предни/задни дискови 258mm/255mm, додека 2.0 вози 280ки и напред и позади. Можда би било добро кај него да се стават 280mm дискови со Ferodo DS3000 или некоја таква комбинација, сепак лесна е колата и би требало добро да кочи.

Edit:

Си пишале луѓето.
Our 4 pot brake calipers are recommended and springs, LSD can be fitted approximate cost is £1,800.
« Последно менување: Јануари 28, 2018, 17:55:45 pm Igor »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4173
Одг: Вградување турбо на Mazda MX-5 ND генерација
« Одговори #9 на: Јануари 28, 2018, 19:10:51 pm »
Како што кажа @IdeuX , секој skilled механичар може да го монтира ова. Како најкомплициран дел во однос на тјунингот, е EcuTek софтверот, те. мапата. По она што сум читал, skyactive има многу специфична и сложена контрола на работа, сосема различна од обичен 10;1 мотор. Главниот проблем е високата компресија од 14;1 те. ризикот од детонација. Додавање притисок, макар и низок од 0.5бар, води кон тоа да компресијата дополнително се зголеми, + температурата на усис ќе се зголеми (сосема спротивно од она што инженерите на мазда пробувале да го направат).


Ако мапата е добро подесена и испробана, ондак моторот како хардвер, нема да има гајле (како најслаба компонента може да бидат клипњачите кои веројатно не се ковани). Друг битен момент во однос на мапава е горивото (октаните) за која е она направена .

Најпогоден дел од дополнителнава моќ би била ламелата и диференцијалот. Покачување од 150 на 270Nm си бара модификација. Како последен проблем би го спомнал уљето. Веројатно во твојот мотор се препорачува некоја водурина со градација 0-20, 0-30 евентуално 5-30 (сега прогуглав, 0-20  ??? возеле), што во лето макеоднско од +40 при нормално возење би било опасно, а не па во мотор со турбина и БЕЗ хладњак за уље.