Општо > Генерални Муабети

Барам совет од правници

(1/9) > >>

antibiotic1:
Ми треба помош за совет во врска со купен стан во градба. Форумот не е за оваа намена но сакам да слушнам ваши предлози како да се справам со проблемов.
Се работи за следново.
Станче од 46 квадратни метри двособно. Фирмата не би ја спомнал зошто не сум таков тип да плукам(а треба за да им отворам очи на другите).
Фирмата од која го купивме станот , со , до нас, доставената скица првична , врз основа на која они добиле право да градат, во нашиот стан на пролазот од кујна кон дневна е ДОДАДЕН СТОЛБ.
Тој столб е одвод(канализациски) и истиот ја нарушува функционалноста на станот поради неможноста заради истиот стуб, да си наместиме машина за садови во кујната.
Во преддоговорот нигде не стои член дека градежната фирма има право да врши промени во просторот на станот, без наше претходно известување и одобрување.
Исто така стои дека Ние како купувачи нсмееме да бараме измени кои би ја нарушиле функционалноста на зградата.
Оваа измена , со додадениот столб(во средина поминуваат цевки а однадвор е заграден со гипс картон), е направена поради тоа што господата (кои се роднинска врска со самиот газда на фирмата градител) посакале вц-то да им биде на друга локација од првично замислената па затоа , на наша штета преку нашиот стан е пуштен одвод.
Во преддоговорот стои член кој вели дека доколку не се вселиме во станот до 1март , фирмата Продавач ке треба да ни ги надоместува средствата за плаќање кирија.
Ке ве замолам , доколку знаете какви и кои се нашите права во ваков случај и како да постапиме ве молам за совет.
Ние , за жал, како совесни купувачи ја исплативме целата сума на станот уште пред да се вселиме.
Фала

nikola_bb:
Од правен аспект незнам како да ти помогнам, ама мислам дека е фер да ја кажеш фирмата.

antibiotic1:

--- Цитат: nikola_bb на 27 Декември 2017, 23:02:08 pm ---Од правен аспект незнам како да ти помогнам, ама мислам дека е фер да ја кажеш фирмата.

--- Крај на цитатот ---
Фабрика карпош , еве нека биде фер :)

Banzai:
Ти пишав во ПП контакт да видам дали може да ти помогнам ;)

Sephiroth:
Претпоставувам се работи за населба Александрија? Како ја доби апдејтираната скица со столбот во неа? Прашувам оти и јас имам уплатено стан кај нив, па да знам како да им побарам, да не ми напраат и на мене нешто вакво..... Во која зграда си?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија