Автор Тема: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007  (Прочитано 3798 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9971
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #45 на: 03 Јануари 2024, 11:01:07 am »
Затоа што може имале трампа некоја, може платил со услуга, може платил у натура, може таму работи па се рекламира. Има многу варијабли приказнава.

Варијанти има многу зошто не се пишува цена.
Многу луѓе сум пратил на полирање, на решавање проблеми со електроника, со ауспух, сите платиле исто, јас сум платил -300% од таа цена бидејќи сум близок со тие луѓе.

Ако полирањето е 300€ (трескам), за мене е 100.
Ако за мене комплет ауспух е 100€, за некого само задното лонче е толку.

Па може да се напише и тоа.
Проблем е да напишеш дека си платил со компензација? Дека имаш попуст што не е за редовни муштерии или било како?

Нормално е дека сите овде немаме иста кола со исти проблем, па да чини исто. Оквирно колку е цената барем треба да се напише.

Саше за Аудито се уби пишувајќи цени, иако никој од нас не вози кола како неговата.
Симо за Алфата уште дени да напише фали, иако еден куп луѓе не возат Алфи овде.
Андреј за БМВ-то напиша се од А до Ш, не пренесе од искуството до Грчка како ние да сме биле и се тоа. Иако мене и еден куп луѓе што не возат БМВ не не занима во моментов, не го возиме тоа БМВ.

Убаво е да се прочита оквирно колку чини нештото, го прави форумов посодржаен и поинформативен.
кај е темата за грчка ?

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #46 на: 15 Јануари 2024, 01:06:54 am »
Изминатиов период немав баш нешто многу слободно време, па малце да ја освежиме темава со тоа што беше проверено и направено.

1.
На почеток, еве видео од автопат со новите светла, засега светлата работат супер.
https://imgur.com/cP8rd4r

Имам да додадам некои работи во врска со ова, ама моментално сум во "stand by", ќе видиме каков епилог ќе има на крај. Секако ќе пишам тука кога ќе дојде моментот.

2.
Со чичко Ѕвездан успеавме до негде да дијагностицираме зошто не работи пловакот. Испадна дека една од сигналните жички(сиво со плаво) е скроз мртва. Ништо не дава на унимер. Е сега, за да знаеме дали е до жичката или ECU-то не дава сигнал(искрено се надевам дека е жичката), треба да ја најдеме каде завршува во целиот сноп од кабли под воланот и да измериме со унимер/нова жица дали ќе бидне нешто. Ова не стигнавме да го направиме зошто имаше многу за растурање, а ладното време не ни дозволува вакви егзебиции, така да ќе си почека потопли денови, битно имаме напредок  :).
Самиот инструмет за гориво е тестиран со дијагностика, дава вредности 100%,50%,25% итн.
Исто, на дијагностика, дава само една грешка поврзана со Fuel Sender бла бла FATAL(не ми текнува целото име) и за Range покажува --:-- вака.

Еве за која жичка станува збор:

Другата сигнална жица(тенката црвената или виолетова не можам да проценам боја) дава вредност од 11.5v, што сметаме дека е нормална вредност. Ако некој точно знае каква вредност треба да имаат овие жици нека сподели некоја шема зошто не стигнавме да побараме. Уземљење не е 100%, го тестиравме и тоа.

3.
Успат, додека дијагностициравме за пловакот, најдовме еден 7.5А осигурач кај моторот што беше изгорен и го сменивме. Може е placebo ефект ама мислам дека колата маалце е пореспонзивна на ниски обртаи. Осигурачот е следниов, тој со црно F16:

4.
И нормално за крај, тјунинг делот ;D. Пластиката околу централната конзола беше пепел. Морав да ја средам некако зошто многу беше изгребана, скршена и многу неубаво изгледаше. Знам дека е малце "шпорт" ама во комбинација со кремот изборот беше многу ограничен, иначе ќе идев full black. Во план ми е да менувам цел ентериер, но тоа на крај, прво да се средат главниве работи. Плус си доби црвено старт/стоп копче 8).

Фолијата од Аутолидер - 400ден сам си ја лепев.
Копчето од Али - 1.5$

Еве како изгледаше иницијално:

https://www.youtube.com/watch?v=0Kq8oTRKN04  ;D

5.
Сменета е пластиката на клучот со нова(старата се распаѓаше)+привезок+нова батерија - цена околу 700ден тотал од Али+батерија од кај нас

Клучот е топ, ама привезокот го утнале кинезите. Наместо итаљански, ми пратиле француски мамата  ;D. Чекам друг исто од Али.

6.
Сменета куглата од мењачот - 650ден од Аутокинг

7.
Купен е Cupra Lip кој чека потопли денови за монтажа - 750ден oд Auto tuning Tetovеss  8)

Би се добило нешто вакво на изглед:

« Последно менување: 15 Јануари 2024, 01:39:30 am tomm1060 »
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #47 на: 01 Февруари 2024, 16:54:50 pm »
Друштво, дали дефинитивно најдобра опција за М32 мењач е Fuchs Titan Sintofluid 75w80? Претежно да, ама негде читам и Тутела, GL4, GL5... ваше мислење пред да нарачам?

пинг @Simo - Carrier159  :)
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4314
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #48 на: 01 Февруари 2024, 17:10:51 pm »

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #49 на: 01 Февруари 2024, 17:44:22 pm »
Друштво, дали дефинитивно најдобра опција за М32 мењач е Fuchs Titan Sintofluid 75w80? Претежно да, ама негде читам и Тутела, GL4, GL5... ваше мислење пред да нарачам?

пинг @Simo - Carrier159  :)

На Митото ставив Fuchs Syntofluid a на 159-ката кога ќе менувам сет ламела ќе ставам Tutela Matryx - фабричкото. Спроед мене, кое и да го нарачаш од тие две, ќе биде соодветно масло и ќе пружи добра заштита. Можеби 75w85 спецификацијата на Tutela-та е посоодветна, ама па Fuchs-от сите го фалат, веројатно има зошто.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #50 на: 02 Февруари 2024, 03:02:15 am »

А за GM ОЕМ(градација 75w85) мислење што сподели и @nestor04 погоре? И французов во видеово вика дека дури подобро било од Tutela - https://www.youtube.com/watch?v=-plAk1YiXNI . Такво и става он,ама не ми е веродостојна информацијава од некојси рандом француз :) .

Повеќето сепак препорачуваат Tutela..демек со Fusch-от страдале синхроните, поготово кога ќе крене висока температура уљето. Не мора да е точно, сепак и многу го препорачуваат, кога веќе би бирал, повеќе ме влече накај OEM.
« Последно менување: 02 Февруари 2024, 03:07:54 am tomm1060 »
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #51 на: 02 Февруари 2024, 07:38:35 am »
Масло Castrol bot 402 SAE 75W85 то же самое что и GM 19 40 182. (исто било демек).

Ако ги видиш карактеристиките на ова масло, вискозноста при 40, при 100, pour point и сите останати, потполно се исти како на Тutela Matryx.
 Castrol bot 402: http://www.salube.net/downloads/tds/bot-402.pdf

Tutela Martyx: https://epliportal.pli-petronas.com/ePliAPI/api/document/DownloadDocument?ProductCode=76009&DocumentTypeCode=PDS&CountryCode=BA&LanguageCode=EN

Толку се исти, што едноставно да се помисли чоек дали е истото уље у различни опаковки :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #52 на: 02 Февруари 2024, 14:08:20 pm »
Масло Castrol bot 402 SAE 75W85 то же самое что и GM 19 40 182. (исто било демек).

Ако ги видиш карактеристиките на ова масло, вискозноста при 40, при 100, pour point и сите останати, потполно се исти како на Тutela Matryx.
 Castrol bot 402: http://www.salube.net/downloads/tds/bot-402.pdf

Tutela Martyx: https://epliportal.pli-petronas.com/ePliAPI/api/document/DownloadDocument?ProductCode=76009&DocumentTypeCode=PDS&CountryCode=BA&LanguageCode=EN

Толку се исти, што едноставно да се помисли чоек дали е истото уље у различни опаковки :)

Океј, дефинитивно ќе биде Tutela тогаш. Fusch испаѓа од игра.

Фала момци.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #53 на: 30 Март 2024, 20:11:46 pm »
Refresh.

На 213.500 сменети предни дискови,плочки и мењач во уље. Мило ми е што конечно ги средив зошто веќе беше алармантно :).

Новите дискови се "Braking Engineering" во комбинација со "Hella Pagid" плочки. Појма неам кои бренд се дисковите, поради склоп на околностите, така испадна во моментот и се решив да ги ставам. Читнав нешто на нет, видов дека се made in UK, и тоа е тоа. Ако добро разбрав повеќе се вградувале како OEM опција, наместо комерцијална употреба, затоа и не се толку "познати". Како и да е, не им се замарам многу, ќе видиме како ќе се покажат.
https://www.brake-eng.com/en/catalogue/#market=gb&partNumber=DI956461

Во мењачот имаше само 2L уље кое беше жолто, немам инфо какво било ставено претходно искрено, како и да е, беше погрешно. Разлика има забележителна во споредба со Тутела, мењачот е доста по-smooth, поготово на поладно.

Уље е ставено Tutela Matryx 75w85 2.7L како што е препорачано тука во претходниве постови.

Од естетика, додадени команди на воланот, одма е подруго :)

Грубо околу 250€

Здравје следен месец е планиран голем сервис со сите салтанати.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6443
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #54 на: 30 Март 2024, 20:24:06 pm »
Во мењачот имаше само 2L уље кое беше жолто, немам инфо какво било ставено претходно искрено, како и да е, беше погрешно. Разлика има забележителна во споредба со Тутела, мењачот е доста по-smooth, поготово на поладно.

Уље е ставено Tutela Matryx 75w85 2.7L како што е препорачано тука во претходниве постови.

Една од причините и зошто м32 менувачот откажува побрзо, возење со помалку масло од максималната граница по каталог.
Читав по нет дека и од фабрика можело да искочи со 2 или помалку од 2 литри. А препорачано е 2.4.

И јас ставив 2.7 од истово масло(на 2.5 почна да претекува од долната штопна), али искрено мислам дека и 3 литри нема да му штетат. И се надевам дека нема да рокне и овој менувач што го ставив :D

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #55 на: 30 Март 2024, 20:33:32 pm »

Кај мене фала богу не покажува ништо, се надевам навремено е сменето :). Ако не, ќе му ја мислиме. Ама да, факт е дека поради недоволно/погрешно уље многу побрзо се заебуваат.
What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6443
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #56 на: 30 Март 2024, 20:36:06 pm »
Јас му имав сменето лани во април, со соодветна градација според препорака на производителот, точно 2.4 литри имав ставено, ама ете преку ноќ реши некој лагер да драпа колчишта.

После тоа сега во јануари ај да заменам, ми ставија само 2 литри тутела ама течникс, и за 1 недела уште толку стана пепел, во 5та и 6та уште толку станаа бучни лагерите.

И сега во новиот менувач (старо-нов), ми ставија исто течникс, ама ја потоа си го заменив со Матрикс.

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Alfa Romeo 159 1.9 JTDM 120hp 8v 2007
« Одговори #57 на: 02 Април 2024, 00:13:25 am »
Денес конечно и липот(Cupra lip) го наместив, мене ми се свиѓа како испадна. Одговара без никакви модификации.