Автор Тема: Ford Fiesta ST150 2.0  (Прочитано 5273 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9494
Одг: Ford Fiesta ST150 2.0
« Одговори #45 на: Ноември 18, 2020, 12:30:12 pm »
Има подобра почетна реакција и малку е потврда педалата, но треба и подобри плочки за да се комплетира, сега имам некои Ferodo најобични.

Инаку глицеринот е сменет со ваков:

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2503
  • Дете Битолчанче
Одг: Ford Fiesta ST150 2.0
« Одговори #46 на: Ноември 22, 2020, 15:56:28 pm »
Игор честито количе!
Се гледа мераклија одма по стандард средено. Кажи ми гумите, како си задоволен, за секојдневно возење како се? Конкретно се мислам за 128ката да земам, па дали да земам ко твоите или обични со 175/50р13 димензија.
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9494
Одг: Ford Fiesta ST150 2.0
« Одговори #47 на: Ноември 22, 2020, 20:20:37 pm »
Фала. :)

Нема проблем за секојдневно возење, само додека се ладни знаат да си подлизнуваат на мазниот асфалт (мада на таков не знам која гума не лизга), инаку на рапав асфалт (Водно, Стража, Козјак) е радости. ;D
На дожд треба малку пазење, али ништо страшно, со нормални брзини немаш никаков проблем.

Ако те интересира бучава, си бучи како поебан лагер да имаш. Мене не ми пречи.

Повторно не би земал полу-слик за секојдневно возење, не мислам дека е паметна работа и во 90% од времето само им го ебеш животниот век без да им го искористиш целосниот потенцијал.