Општо > Фотографија

„Евтино телефото“ дилема

(1/1)

filipv:
Sigma 70-300mm F4-5.6 DG Macro

или

Canon EF 75-300 III?

Со вториот имам искуство и начелно сум задоволен. Првиот е малку поевтин и има макро можност.

Интернет крева раменици - едни викаат вака, други онака.

Deni:
Хмммм. Зошто има макро можност? Зошто така пишува во насловот. Ајде да провериме.

Сигмата има 0.31 максимална проекција. Некаде читам и 1:2. (Макро се смета за 1:1 проекција чисто за споредба)
А канонот има 0.25 според интернетов.

За да не се замајаваме со зборови поубаво е со бројкиве погоре. Еве и споредба овие би биле некаде 1:2, 1:3 и 1:4 соодветно:


На толку големи фокусни далечини многу корисно е да има стабилизација:

За конкретниве викаат дека канонот не е остар (таман работа да е) и дека има многу хроматска аберација насекаде. За лабавење мех ќе врши работа. Сигмата за буџет доста повеќе ја фалат, ем има АПО, за под 200мм треба да е пристојна.

Сугестија моја, ако те занима макро е да видиш некаде за проба некоја макро леќа. Тамрон 90мм е многу распростарнета и се наоѓа половна, никон 105ВР е страшно нешто, има и други. Ама има и Сигма 150мм и Сигма 180мм исто макро. Ако имаш шанса обавезно да се види ова. Чисто за да видиш прав макро објектив.

И втора работа. Тебе реално не ти треба којзнае каков буке, и којзнае какви карактеристики. А сакаш д'лгнаести објективи. Има една интересна работа. :) Рефлекс објектив. Тие се сериозно ефтини, а нудат 500, 800мм фокусни растојанија. Можда би те заинтересирало и тоа.

Од твоиве наведени јас би ја земал Сигмата или некој значително понов Канон.

filipv:

--- Цитат: Deni на 27 Декември 2016, 11:36:06 am ---Хмммм. Зошто има макро можност? Зошто така пишува во насловот. Ајде да провериме.

--- Крај на цитатот ---

И да нема не ми мења многу пошто пред се телефото ми треба, а немам никакво (не знам дали ви се пофалив дек ами ја украдоа цела фотоопрема пролетоска, со се прекрасната винтиџ made in ussr 300/4 леќа)


--- Цитат: Deni на 27 Декември 2016, 11:36:06 am ---Тебе реално не ти треба којзнае каков буке, и којзнае какви карактеристики.
--- Крај на цитатот ---

зашто бе, кој неќе тоа? на фото-ентузијаст (не профи) реално ништо не му треба, он сака :)


--- Цитат: Deni на 27 Декември 2016, 11:36:06 am --- А сакаш д'лгнаести објективи. Има една интересна работа. :) Рефлекс објектив. Тие се сериозно ефтини, а нудат 500, 800мм фокусни растојанија. Можда би те заинтересирало и тоа.
--- Крај на цитатот ---

ги знам тие. немаат зум (фиксни се) и не се баш џенерал прпс ко што ми треба на мене.


--- Цитат: Deni на 27 Декември 2016, 11:36:06 am ---Од твоиве наведени јас би ја земал Сигмата или некој значително понов Канон.
--- Крај на цитатот ---

готово, пазарена е сигмата, само што се вратив од пиксплус. и мене накај неа ми тераше, а откако преѓе го прочитав твојот пост, кантарот претежна. фала

Deni:
За арно за убаво.

Simo - Carrier159:

--- Цитат: filipv на 27 Декември 2016, 14:04:40 pm ---
готово, пазарена е сигмата, само што се вратив од пиксплус. и мене накај неа ми тераше, а откако преѓе го прочитав твојот пост, кантарот претежна. фала

--- Крај на цитатот ---

Фрли тука некоја рандом слика со инфо за експозиција, ако не ти е тешко...

Навигација

[0] Индекс на пораките

Оди на целосна верзија