Автомобили > Генерално за Автомобилите

Estate VS MPV - Игра на простор

(1/91) > >>

Deni:
Јас до пред некое време МПВ не есапев многу-многу. Сум возел и ме возеле на кратки релации и ми биле чудни и непотребни коли. Несфатени од мене. Пред некоја недела поминав 20часа во Мерива од старите. За еден викенд. Иако тоа е од најмалите МПВ возила, понуди простор за 4 возрасни мажи да седат удобно со простор пред колената од барем 5 цм на сите. Понатаму задните седишта благо се налегнуваат. После 20 часа, воопшто не беше напорно како патник. Багажникот е океј за таков вид на возило, но многу поголем од корсата на која се базира. Тоа многу ме замисли да разгледам МПВ возила воопшто. Секако не тие најмалите - сепак се премали, туку средната опција како што е Туран.

Ова е VW Тouran, односно МПВ:


Ова е Пасат Караван, односно Караван:


Овие две коли се доста слични, гледано од некој што е дојден од друга планета, дури и ќе е тешко да му се објасни што е разликата. Но, има неколку разлики според мене кои треба да се разгледаат.

Сличности:
-Комотно место за седење на 4 возрасни особи.
-Пристоен багажен простор за одење на одмор.
-Можност за кампирање во задниот дел од возилото.
-Слични мотори.
-Не се толку комбести како големите МПВ од типот на Шаран.
-Не се толку ружни како мали каравани.
-Слични цени.

Разлики:
Во предност на MPV
-Караванот е доста подолг, и проблематично се маневрира со него. Особено во градски услови.
-По прегледно.
-МПВ возилата немаат голем overhang и убаво им стои спуштена суспензија.
-Малку поефтино одржување.
-Поголем багажник (~100 литри поголем)
-Повеќе опции за разместување во внатрешноста

Во преднсот на караван
-Поелегантен изглед и престижност.
-Малку поголема аеродинамика (~0.29 vs ~0.31).
-Полежерно седење.
-Потивка кабина и ламинирани странични стакла.

Какви се вашите размислувања?

Simo - Carrier159:
V.S.

Banzai:


Дени мислам дека заборави една многу битна ставка. Какво е чувството и држењето на пат кога возиш комбе, а какво кога возиш караван.

Deni:
Овие МПВ имаат основа на хеџбекот под нив, значи Голф за Туранот. А тек па спуштен 30/45мм ќе е шина. Караванот од друга страна нема да е спуштен затоа што ќе закачува на све и свашта. И двете ќе имаат најмал можен бандаж со највисок профил што може - секако.

Така да не се многу далеку во држење на пат. Поготово за потребите на крузање лежерно. Едино што си по легнат кога седиш, што го напоменав како предност на караванот.

Simo - Carrier159:
Зошто караванот кој е на иста основа ќе закачува ВС МПВ?
Еве на пример, зошто голф караван би закачувал спуштен, а туран не би закачувал спуштен?





Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија