Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 723878 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 840
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2820 на: Август 26, 2022, 09:28:04 am »
Zdravo, ve molam preporaka na ured I cena za vgraduvanje na plinski sistem na Astra J 1.4 140hp. .motorot e A14net I e 2011. I dali e mozno I preporaclivo da se stavi fabricko dugme so toa sto nivoto na plin da go pokazuva kaj strelkata za benzin,ako moze kolku dopolnitelno bi cinelo toa Fala

Здраво. На A14NET моторот вградуваме два типа на плински уреди. Првиот е Landirenzo Evo OBD, со цена од 640 евра. Овој уред е дизајниран и опремен со компоненти и електроника кои овозможуваат да функционира на сите типови на бензиски МПИ Турбо мотори. Вториот уред е AC Stag QBox OBD -верзија со AC W02 инјектори, со цена од 520 евра. Овој уред сосем добро функционира на A14NET. Kај некои Астра Турбо возила има потреба од вградување на дополнителен емулатор за бензиска пумпа кој чини 50 евра и од таа причина ги повикуваме овие возила да дојдат во нашиот сервис пред да кажеме конечна цена за вградување на уред. Нема опција да го поврзиме покажувањето на ниво на плин со самата шалт-табла на колата, такво нешто е изводливо само при монтажа на уред на фабрички припремени возила, кои поседуваат друг моторен комјутер, дополнителна кабелажа и електроника.

Отсутен NikiSk92

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2821 на: Септември 25, 2022, 11:16:50 am »
Здраво Плимонт,

Дали вршите комплетно отстранување на плински уред и која е цената за истото ориентационо?

Благодарам

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 840
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2822 на: Септември 26, 2022, 09:31:28 am »
Да, кај нас може да се направи демонтирање на плинскиот уред. Цената е 1800 денари.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2823 на: Октомври 12, 2022, 16:25:44 pm »
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide
;)

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1434
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2824 на: Октомври 13, 2022, 01:22:15 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Busav

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2801
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2825 на: Октомври 13, 2022, 08:33:40 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?
Моит
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide
Ај провери да не ти фали антифриз, така прави коа фали антифриз му треба подолго време да префрли на плин. Ако не на компјутер да ти го наштелуваат плинот.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 840
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2826 на: Октомври 13, 2022, 11:08:26 am »
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide

Тоа што можете сами е да проверите е дали нивото на антифриз е нормално, и дали кога ќе го вклучите парното во кабината ќе дува топло. Доколку нивото на антифриз е спуштено, или ако парното не загрева, значи дека  и до испарувачот на плинскиот уред не доаѓа топол антифриз , и тој доцна префрла на плин.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 840
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2827 на: Октомври 13, 2022, 11:13:58 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?

Може да се замени со торусна боца, но само кај возило кај кое е технички изводливо вградување на торусна боца.