Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 823416 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2745 на: 31 Јули 2021, 14:16:02 pm »
А колку трошел пред да се зголеми на таа потрошувачка?
7, 7.5 литри макс
Ти си ја познаваш најдобро колата и нема што да мислиш дали е многу за тој мотор, имаш отстапување за едно литро, што и не е нешто драматично.
Пред било што да превземеш, следи ја извесен период потрошувачката, можеби било само инцидентно, потоа барај го гремлинот кај свекици, филтри, штелувања итн.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1884
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2746 на: 31 Јули 2021, 19:17:52 pm »
И кочница подзаглавена може да е гремлинот.

Јас на 1.2 мотор под 9 комбинирана во лето со клима не сум бил.
Или 10 литри со 1.8 мотор.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2747 на: 03 Август 2021, 12:21:45 pm »
Возење со вклучена клима ја зголемува потрошувачката на гориво до 20%. Последниве 10-тина денови имаме чести јавувања за висока потрошувачка.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3446
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2748 на: 03 Август 2021, 14:33:40 pm »
Возење со вклучена клима ја зголемува потрошувачката на гориво до 20%. Последниве 10-тина денови имаме чести јавувања за висока потрошувачка.
А башка и во место стоење, чекаш од пазарење или дете од градинка/школо не се гаси колата... И тоа си влече

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен ivanov99

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2749 на: 01 Септември 2021, 00:58:30 am »
Здраво, користам плински уред Ловато смарт 4ц, монтиран 2015 година. Кога треба да префрли автоматски од бензин на плин, почнува да свири и се врака на бензин. Го однесов во сервис и ми кажаа цркнал компјутерот и треба да се менува се освен расплињача и дизни. Има ли начин да се поправи компјутерот???
Ве молам за одговор

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5399
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2750 на: 01 Септември 2021, 09:25:46 am »
Epa ako crknal kompjutetot valjda kje treba da se menja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2751 на: 01 Септември 2021, 10:15:38 am »
Во пракса овој проблем најдобро е да се реши со замена на компјутерот со нов. За поправка на компјутерот ќе треба да се обратите во сервис за авто електроника, но прашање е дали ќе може да се поправи, дали цената на поправката ќе биде приближна на цена на нов компјутер и колку ќе трае поправениот компјутер. Можете да посетите еден од нашите сервиси ако сакате уште еднаш да се провери дали проблемот е неисправен компјутер.

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2752 на: 22 Септември 2021, 18:03:43 pm »
Имам проблем со фиат стило 1.6 16в 77кв. Наутро првото палење е многу тешко вергла 5-6 секунди и едвај почнува да пали со сецкања и на крај запалува. После првото палење нема веќе никаков проблем пали од прво вртење до утредента. Додека е сеуште на бензин доколку се даде гас почнува да се гуши моторот и да губи снага а може и да се изгаси, ако се почне со минимално давање гас може да се стигне до високи обртаи а ако наеднаш се стисне повеќе папучата почнува гушењето. Тоа трае околу 3-5 минути додека се загрее моторот и после колата нема проблем. Ако ја оставам сама да си префрли веднаш на плин нема никаков проблем. Пред 6 месециш ми откажа скроз и сменив уложак за бензинска пумпа, ама еве почна пак да ми јавува проблем. Се работи за Ловато плински систем

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2753 на: 23 Септември 2021, 08:42:36 am »
Проблемот може да е предизвикан и од бензискиот и од плинскиот дел на моторот. Можете да посетите плински сервис за да се провери состојбата на плинскиот уред. Тоа што можете сами да направите  е следното - да се потроши плинот до крај, и со празен плински резервоар да се вози колата само на бензин 2 до 3 дена , а притоа  да се поминат над 100 км. Доколку причината е во плинскиот уред, по  вакво возење само на бензин моторот би требало да нема проблем, и тоа е знак дека возилото треба да се однесе на сервис за плински уреди. Доколку сеуште има проблем, тогаш решението ќе го бара сервис за Фиат возила.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2754 на: 30 Септември 2021, 18:43:08 pm »
Здраво , имам алфа 147 1.6 77кв и јо имам следниот проблем на сабајле , штом колата не е загреана и штом префрли на плин при возење штом застаниш  и пробаш да тргниш  не реагира неколку секунди односно колата не прима можи и со докрај гас  и дури после 1-2 секунди наеднаш прима…ова почна да се појавува после штеловање на плинот да не е зголемен премногу?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2755 на: 01 Октомври 2021, 08:10:10 am »
Здраво , имам алфа 147 1.6 77кв и јо имам следниот проблем на сабајле , штом колата не е загреана и штом префрли на плин при возење штом застаниш  и пробаш да тргниш  не реагира неколку секунди односно колата не прима можи и со докрај гас  и дури после 1-2 секунди наеднаш прима…ова почна да се појавува после штеловање на плинот да не е зголемен премногу?

Да, постои веројатност дека новата калибрација на софтверот на плинскиот уред  е причината за проблемот. Најдобро е да го посетите сервисот каде е направена калибрацијата за да се провери уште еднаш.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2756 на: 20 Декември 2021, 23:03:50 pm »
Дали може поради неисправна ламбда сонда пред катализатор на алфа 147 1.6 да троши колата повеќе  плин? Имено се појавува грешка понекогаш со код P1173 Long trem fuel trim - at increased engine RPM или ламбда сензорот не се користи на плин? Плинскиот уред е Tech One

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2757 на: 21 Декември 2021, 08:02:40 am »
Сите компоненти на возилото кои влијаат на потрошувачката на бензин , влијаат и врз потрошувачката на плин. Тоа се однесува и на ламбда- сондата.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2758 на: 21 Декември 2021, 11:03:28 am »
Здраво Плимонт. Дали е можно при пониски температури да не се троши течноста за подмачкување на вентилите? Landi Evo, на 1000км поминати есенва не ми потроши ни милилитар течност, ја однесов да ја калибрираат капалката (не во СК), ми кажаа не трошело дека биле ниски температурите. Не ми имаше логика, ми е страв да не направам штета на моторот. Еве веќе 1500 поминати км од последното дополнување, не паѓа нивото во резервоарчето. Фала.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13469
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2759 на: 21 Декември 2021, 13:38:16 pm »
Не би требало да има врска надворешната температура со капалката. Единствено не знам како е решено ако ептен е ладно па да згусни до толку маслото да не може да капне.

Јас под итно би ја однел колата во Плимонт пред да се направи некоја штета особено кај такви осетливи мотори со тенки вентили.