Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 114884 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #555 на: 06 Септември 2021, 12:45:12 pm »
Браво, мераци!

Присутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1824
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #556 на: 06 Септември 2021, 14:57:57 pm »
Мајко мила, прекрасно изгледаат и двете! Да ви се повторат возикањава и на есен.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #557 на: 04 Мај 2022, 21:12:59 pm »
Star date 30365.3

Колата се вози доста редовно, не дека проаѓа по 20000 годишно ама со оглед на статусот и примената сепак е доста возена, и за сето тоа време до сега не сум имал никакви механички проблеми... освен што морам да преспојам радиото кое ми го празни акумулаторот  ;D

Ајде некоја фотка од секојдневниот живот.












Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 842
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #558 на: 04 Мај 2022, 21:22:13 pm »
Како привремено решение, вади ја плочката од радиото кога е исклучено. :)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #559 на: 09 Мај 2022, 13:24:49 pm »
Вадење на плочката не помага.
Проблемот е во BT модулот, кој работи во позадина без разлика дали е извадена плочката.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #560 на: 04 Јули 2022, 14:03:14 pm »
Здраво другари, еден пост да се пофалам конечно најдов адаптери за полнење на климата кои се штрафат и остануваат перманентно за дополнување во иднина.

Искрено сум изненаден за систем стар 30ина години и кој начелно бил дизајниран за Р12 тип на фреон (сега користи Р134а) колку лади и работи одлично.






Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #561 на: 12 Ноември 2022, 01:01:26 am »
Сабота 12 Ноември 2022 Мини Клуб организира рели, како крајна дестинација за тој ден им е Струмица каде во 16 часот колите ќе бидат изложени на градскиот плоштад. Меѓу нив како гостин ќе учествувам и јас. Па така се зафатив за работа да средам некои детали на колата кои што од возење, што од љубоморни души си бараше внимание.

За почеток, вадење и штелување на предниот браник бидејќи некој со сила го имаше откачено десното ќоше, а кога веќе се вади конечно ги средив и магленките.







Следи задниот браник, морав да го вадам исто бидејќи страничните држачи не беа добри и лесно се вадеа од шасија па сега и тоа е средено.





За крај, колата е испрана и средена, спремни за изложба.




Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6476
  • French diamond
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #562 на: 12 Ноември 2022, 01:30:33 am »
Не сум фан на стари коли, посебно на Гољф, ама овој твојот добро изгледа  :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #563 на: 13 Ноември 2022, 18:50:09 pm »
Благодарам @n1kola позитивни коментари секогаш знаат да бидат охрабрувачки и мотивирачки.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #564 на: 13 Ноември 2022, 18:56:08 pm »
Да уфрлам некоја слика од изложбата, немам многу слики кај мене, од тоа што имам некои нема да ги објавам ќе оставам @andrej_111 да објави. Во исто време благодарност и до фотографот за прекрасните фотографии.

Една додека ги чекавме гостите.









Па на плоштад се паркиравме после едно дефиле низ Струмица.






Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #565 на: 14 Мај 2023, 19:01:41 pm »
Денес се одржа собирот традиционално по 6ти пат на АСУЦ. Од неодамна оформивме официјален клуб во кој сме дел од членовите со @andrej_111, па си рековме да пријавиме прво учество како клуб. Битна ни беше дружбата и да се искористи денот за возење иако временските услови беа далеку од идеални за овој период од годината, на крај успеавме да се закитиме со второ место во класа на олдтајмери и клубски пехар.

Дел од сликите што настанаа денес:

















Овој лепотан сум јас  ;D ;D ;D ;D



И на крај дома на суво


Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #566 на: 14 Мај 2023, 19:46:07 pm »
Честитки! Да се множат!