Автор Тема: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant  (Прочитано 7244 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #30 на: Април 01, 2021, 14:54:35 pm »
Еден апдејт.
Денес 01.04.2021 на 221657км ставени летниот сет  Hankook Ventus Prime 3.Со зимскиот сет BFGoodrich G-Force Winter 2 од 12.12.2020 до денес поминати 2909км и прездоволен сум од BFGoodrichот.



Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен balanar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #31 на: Април 01, 2021, 22:33:29 pm »
@AUDI

Виде ли колку камчиња се фаќаат на Гудрих-от?
Мене ме мрзеше да ги вадам, ги складирав гумите така. Ќе ги извадам наредното ставање, здравје.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #32 на: Април 01, 2021, 23:26:07 pm »
Има доста камчиња,денес успеав само со вапот да ги исчистам бандажите и гумите од кал и песок,утре здравје планирам да ги извадам камчињата,уште еднаш да му го удрам вапот,да се исушат на сонце па складирање на рафтот до наредната сезона.Денес со вулканизерот кој ми ги менуваше гумите ми рече да не ги премачкувам со оноа средството за гуми,туку штом не се на сонце нема потреба.Па така и ќе направам.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #33 на: Мај 18, 2021, 11:05:23 am »
Да направиме еден апдејт.
Денес (18.05.2021) на 222367км направен голем сервис

Масло LIQUI MOLY Top Tec 4100 SAE 5W-40         4x640=2560ден.
Филтер за Масло MANN                                                   500ден.
Филтер за гориво Hengst                                                 850ден.
Филтер за полен                                                             350ден.
Филтер за воздух                                                            400ден.
Работна рака за промена на
маслото,филтерот за масло                                             200ден.
и филтерот за гориво                                               ---------------------
                                                                                       4860ден.
Филтерот за полен и воздух сам ги заменив.


Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #34 на: Септември 18, 2021, 21:33:39 pm »
Еден мал јубилеј,преку лето Аудито се вози малку,повеќе сум со Спеедфајтот.
Летово бев до Јонски брег,поминав околу 1180км,просечна потрошувачка од некои си 6,3л според апликацијата Simply Auto.На Егнациа Одос и на одење и на враќање на моменти се возеше и преку 160км/ч.

Во последно време кога е ладна се слуша звук на цивкање,или кумплуг шајбна на алтернатор или затегач на ПК каишот,некако од тој дел ми доаѓа звукот.Како ќе заладува очекувам звукот биде поинтензивен,ќе треба да се види што е малку на нерви ми оде.



Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1255
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #35 на: Септември 20, 2021, 08:57:47 am »

Во последно време кога е ладна се слуша звук на цивкање,или кумплуг шајбна на алтернатор или затегач на ПК каишот,некако од тој дел ми доаѓа звукот.Како ќе заладува очекувам звукот биде поинтензивен,ќе треба да се види што е малку на нерви ми оде.

Кај мене се јавува таков звук, на гасење или на премин од прва во втора брзина (кога ќе стигнам кумплунг), на следно идење во сервис ќе им кажам да проверат, исто се сомневам на тие две работи, а повеќе ме асоцира кумплуг шајбната на алтернаторот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1611
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #36 на: Септември 20, 2021, 09:12:17 am »
@AUDI го направив овој тест доле кога ми почна така со цивкање:


Сo WD-40 се разбира, не со stick  ;D Многу дијагностицираа дека е куплунг шајбната на алтернаторот, а испадна брзински 20 минутен зафат на ПК каишот.

(Hint: навивав да не биде шајбната бидејќи повеќе е работа да стигнеш до неа отколку да ја смениш)

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7041
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #37 на: Септември 20, 2021, 09:18:36 am »
На времето со обичен сапун се решаваше цивкањето :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #38 на: Септември 20, 2021, 23:39:36 pm »
Знам за трикот со сапунот,не ми е пробан.Има и уште еден трик,при работа на моторот истураш малку вода на каишот и за кратко звукот го снемува,но мислам дека е кумплуг шајбната  бидејќи како ја палам за една секунда почнува цивкањето и како вклучувам повеќе потрошувачи на струја цикањето се големува,кога ќе вклучам греачи на седишта и задно стакло звукот е поголем.
Ќе пробам деновиве со сапун но мислам дека ќе биде бадијала.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15692
  • Алфа Плам 1.4 TB
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #39 на: Септември 20, 2021, 23:49:11 pm »
Кога цвичи каиш, значи дека некој дел не ротира слободно или пак е изместен од идеалната линија на движење на каишот. Не препорачувајте мачкање сапуни за џабе :)

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7041
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #40 на: Септември 21, 2021, 00:30:57 am »
Добро, нека не пробува со сапун, пошто е прастар муабет и секако не беше долготрајно решение, повеќе беше индикатор дека клинестиот ремен е за менување.
Од друга страна можеби не е истото што важело за клинест да важи и за линиски ремен или што знам каков веќе има на Аудито.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1611
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #41 на: Октомври 10, 2021, 21:25:38 pm »
Има ли некое подобрување после подмачкување  ;D?

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 40566
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #42 на: Октомври 10, 2021, 23:05:31 pm »
Кога цвичи каиш, значи дека некој дел не ротира слободно или пак е изместен од идеалната линија на движење на каишот. Не препорачувајте мачкање сапуни за џабе :)
Некогаш (многу често) е и до самиот ремен. Поготово цвичењето ако се појави непосредно после промена на сет ремени. Јас еднаш менував новомонитран ремен, иако мајсторите ме убедуваа дека не е до ременот. Со друг ремен се изгуби утринскиот цвич!

@AUDI Може да пробаш вакво нешто, помогна кај колега мој со Pajero

https://media.wuerth.com/source/eshop/stmedia/wuerth/images/std.lang.all/resolutions/category/800px/1110631.jpg

https://www.k2car.at/bilder/produkte/gross/Keilriemenspray-400ml.jpg

https://pim.liqui-moly.de/media/documents/M001446/4085_1599636428326_ctx-1.png

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1889
Одг: AUDI A4 B6 1.9 TDI Avant
« Одговори #43 на: Октомври 11, 2021, 00:42:13 am »
Не сум пробал ништо ,ниту со сапун ниту со нешто од горе наведените за подмачкување на каишот.Звукот сеуште е минимален и се слуша само во идле,каишот PowerGrip е променет пред година и пол или пред некои си 11 000км,тогаш го немаше цивкањето, пред некој месец го приметив.Но како што кажав мислам дека е кумплуг шајбната бидејќи како пуштам повеќе потрошувачи интензитетот на звукот се зголемува и но не е случај да пиште и квиче.Ако стоиш позад возилото нема ни да слушнеш.А и почнува откако ќе запали моторот после секунда-две.Да најдам слободно време ќе тркнам до сервисот мајсторот пак да ја виде.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!