Автор Тема: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car  (Прочитано 35347 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« на: Март 01, 2016, 09:38:16 am »
Дискусија за новиот бенчмарк во автомобилскиот свет, Bugatti Chiron.






ОФИЦИЈАЛНО: Новиот Bugatti Chiron – 1500 коњски сили, 2.5 секунди до 100, 420 километри на час.
http://www.carclub.mk/2016/02/29/oficijalno-noviot-bugatti-chiron-1500-konjski-sili-2-5-sekundi-do-100-420-kilometri-na-cas/

http://www.bugatti.com/chiron/


Дизајнот на возилово што го видов на видеово ме потсеќа на колите од пред 50тина години кога сеуште постоел дизајн во автомобилизмот. Со подзината уста бевме сите при гледањето, и се надевам ќе следат уште тестови. Меѓутоа на изглед мислам дека е беспрекорно изведено. Сиво-Црната варијанта е она вистинското.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #1 на: Март 01, 2016, 09:42:30 am »
Веднаш легна новиот дизајн кој е еволуција од стариот. Но не знам дали е тоа доволно да биде актуелен следните 10 години, на колку што се менува кралов.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #2 на: Март 01, 2016, 10:16:47 am »
Wow..VW направи нова кола за :

Плачково..


"музичаривe"






Моронот одговорен за пола поп шунд денес кој не се ни срами да го признае тоа..


Лудаков кому другарите скиентолози му кажуваат која смее да ја легне, а која не...


Извинете али автомобил кој може да си го дозволи 0, 000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000001% од светската популација, doesn`t float my boat...

..and (pardon my french), but you can shove it at 420 km/h up your greedy, capitalist , lying..yes,LYING fat ass.



 ;D




Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #3 на: Март 01, 2016, 10:19:09 am »
Вистина е што секогаш убавите коли одат кај луѓе што нит ги знаат нит ги ценат нит ги заслужуваат. Али се може да се реши со една револуција.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #4 на: Март 01, 2016, 10:30:11 am »
@Stratro

Првиот коментар на видеото:


А понатаму. Вејронот а и овој негов наследник се важни од сосема друга гледна точка за нас нормалните луѓе и ентузијасти. Значи да немаме средства да ги купиме, но не е тоа поентата. Тоа не се коли кои треба да ги купиме. Тоа е нешто што Формула 1 беше во 80тите. Максимумот на денешното општество и технологија. А тој максимум капе надолу, и бутка многу многу гранки. Ние пак неможеме да купиме Ф1 болид ниту пак да го возиме по улици, но ги гледаме бенефитите од него после неколку години. До пред да искочи Вејрон, Ферари и Порше и Мекларен и остали беа толку улежани... Улежани... Улежани... Уседлани во фотељата... Згоени, здоени, наредено... И дојде Вејрон. Имало коли побрзи од Ферари и порано, Мекларенот беше. Ама Вејронот измисли нова класа на возила која е над се што имаше на понуда Ферари, Порше, Мекларен и сличните. И сеуште е класа изнад нив.

1:07:30 http://dai.ly/x2i6f4w?start=4057

Ги размрдаа газовите. Почнаа да ставаат по 100кс во секој следен модел, а не по 4кс. Почнаа да мислат на понови верзии, појаки верзии, побрзи верзии, на подобар ентериер, на подобар дизајн, на попривлечно нешто. Зошто не се веќе они бенчмаркот, туку тогаш излезе нов бенчмарк. Тие станаа просечни производители за западните народи. 400кмч беше мислена именка пред вејрон, сега веќе има доста коли кои одат 400кмч. 300кмч беше нешто непоимливо, нешто страшно, сега 300кмч е нај нормална брзина. Забрзувањата 300-320траеа по пола саат. Сега веќе 300-400 се одвива во неколку секунди. Се поместија границите комплетно со излегувањето на таа една кола. И сега еве го нејзиниот наследник. За пак да им објасни на децата што може да се направи, ако се седне и се згрее работното столче.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #5 на: Март 01, 2016, 10:38:45 am »
Се што си пишал важи за овој автомобил, кој покажа дека се перформансите на тие улежаните од погоре се достижни во автомобил кој кошта 5 цифри, не 6 , уште помалку 7.


А ако случајно џебот е нешто подлабок..


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 51932
  • Махер
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #6 на: Март 01, 2016, 10:45:39 am »
Тој е само за електронска флај-бај-ваер контрола на контролите. Од дизајн, брзина, ексклузивност, привлечност... Нема ни точка.

А особено важниот дел кој го немаше ниедна кола е осетот на 350кмч кога сите почнуваат да се распаѓаат, а вејронот спие и забрзува.

Дека Нисанот е важен, можеби е. Но дека има споредба, ни случајно.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4444
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #7 на: Март 01, 2016, 10:48:44 am »
Убава дискусија.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #8 на: Март 01, 2016, 10:53:34 am »
Сите се важни. Нисанот беше многу поважен, затоа што кога излезе беше суперавтомобил кој оди 300 и забрзува за 2.9 секунди. 3-4 години беше најстартно возило 0-100 заради својот интелигентен погон. Кошташе само 65.000$ кога излезе. Нисанот сериозно ги раздрма сите, како што кажува Дени, не бугатито. Затоа што бугатите е екстравагантно, скоро во се најдобро, но кошта неколку милиони. Нисанот кошта 1/3 од ферари и порше. Откако излезе нисано, дури тогаш почнаа другите да стануваат сериозни.

Бугатито си е во класа само за себе.
« Последно менување: Март 01, 2016, 11:02:10 am LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20342
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #9 на: Март 01, 2016, 10:57:54 am »
Она кога technological masterpiece ќе го сведеш на дали Канје можел да си го дозволи или не.

Тоа е тој форум за автомобилски ентузијасти.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #10 на: Март 01, 2016, 11:00:25 am »


Бугатито си е во класа само за себе.

Класа составена од:

http://www.ranker.com/list/famous-people-with-bugattis/celebrity-lists



A колку реално го бива од аспект на профи возач, еве..

http://www.autoevolution.com/news/jenson-button-sells-his-bugatti-veyron-9785.html





Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4669
  • The Spartan General
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #11 на: Март 01, 2016, 11:03:54 am »
...

Да создаваш технологии и продукт за специјална намена без да имаш никаква референтна точка, е страшен психолошки притисок.

Колку паметни луѓе поминале непроспиени ноќи да создадат нешто вакво, и на крај некој келеш ќе го опне у банкина.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 27834
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #12 на: Март 01, 2016, 11:05:32 am »
Многу фино објасни Дени. Поентата на Bugatti (без разлика дали е тоа Veyron или сега Chiron) е да постави нови стандарди. Не да им покаже на скапите дека може и поевтино - секогаш може. Да им покаже на сите што може да се постигне во ситуација кога парите не се пречка. Да се покаже до каде е стигната технологијата и што може да се очекува во иднина.

Нисанот е добар. Уствари, Нисанот е одличен. Ама Нисанот е тркачко ауто за на улица, со сите позитивни ама и негативни страни кои доаѓаат со таа номенклатура. Вејронот и Широнот се нешто сосема друго. Друг свет.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16431
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Bugatti Chiron - The ultimate, quintessential super sports car
« Одговори #14 на: Март 01, 2016, 11:13:49 am »
Мене не ми се допаѓа неонката позади и ентериерот уште од сега ми изгледа застарено. Останатото, особено оној детаљ во форма на буквата С што е околу вратите - прекрасно.

Иначе, важноста на овие коли се крие во trickled down technology. Можеби не за 10, но за 20 години некои од интелигентните решенија кои се користат овде ќе стигнат и во коли што чинат 30-тина илјади евра, а секој напредок и усовршување треба да се цени.

Сеуште ми смета што нити еднаш, никој во автомобилскиот свет не се осмелил Вејронот да го закачи на патека против некој модел на Koenigsegg. Овие бројки од 1400+ коња веќе се постигнати со One-1 на Koenigsegg, и тоа пред неколку години.