Секоја чест за зафатот.
Ме потсети на една ситуација со моето екс Гранде ( не знам кој тип менувач иде во 1,3 мјет со 75 кс, 5 брзини), се сомневав во некој лагер, бев кај Митревски, ми кажа дека не е страшно и дека за некои 50к км ќе биде за менување и тогаш целиот зафат би ме чинел околу 200 е и тогаш ми покажа како изгледа лагер од 1,9 тди што е за менување, со придвижување се осеќаше како гребење.
Инаку, процедурална забелешка, скоро невидлива од големиот зафат, дисковите да не ти се за менување, барем така изгледа на сликата.