Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 567619 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Ја отворам темава во соодветен подфорум поврзан генерално само за автомобили и во оваа тема ако сакате да дискутираме за купување на работи поврзани само со автомобили.
А другата тема што се наоѓа во подфорумот ''Генерални муабети" да си остане и таму да се дискутира за купување на работи што не се поврзани со автомобили затоа што и онака во моментов повеќе има пишувано за мобилни, мебел и слично.

Еве за почеток на пример јас сакам да си купам и да имам лично своја кола, па макар и југо, ама барем јас лично да си го возам во поголемиот дел од времето и да си го одржавам и средувам по мој кеиф, ама сега тоа во скора иднина малку тешко, затоа што не сум способен лично сам да одржувам возило па макар и југо.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
  • Дете Битолчанче
Конечно тема како што доликува за автомобилски форум.

Вчера си купив нови вентили за 128ката Први Партизан, а денес треба да си подигнам од карго нова ламела и потисна. То значи дека скоро се за моторот е купено ново и се надевам долго је ме служи. :)

Исто така се мислам какво масло да купам, јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Зошто со толку густа градација ?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Сакам да ставам фолии, да си купам квалитетен потпирач за рака и да добие еден солиден третман кај Дарко те-ен. Финансии :(


јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
Многу лоши муабети имам слушано за селениата кај нас. Ни О од оригинал увоз од косово. Ја би го избегнувал со поширок лак.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Конечно тема како што доликува за автомобилски форум.

Вчера си купив нови вентили за 128ката Први Партизан, а денес треба да си подигнам од карго нова ламела и потисна. То значи дека скоро се за моторот е купено ново и се надевам долго је ме служи. :)

Исто така се мислам какво масло да купам, јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?

petronas 10w50

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
  • Дете Битолчанче
Влатко кај има такво масло и цена да не знајш? За вентилите шо те прашвав ме мрзеше да идам до Скопје па ги зедов од тука. :)

Зошто со толку густа градација ?

Сепак е застава со мотор дизајниран од пред неколку децении, затоа малку погусто масло. Порано користев ,,Елф,, 20-50.
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
  • Плинаш!!!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Сепак е застава со мотор дизајниран од пред неколку децении, затоа малку погусто масло. Порано користев ,,Елф,, 20-50.

Добро, ама ете читам сега го освежуваш моторот. Јас на мојот болид моментално да му направам пример генерален ремонт, ке му ставам 10-40 градација така некое квалитетно уље, тотал 7000 и 9000 би му ставал со таа градација.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Влатко кај има такво масло и цена да не знајш? За вентилите шо те прашвав ме мрзеше да идам до Скопје па ги зедов од тука. :)

Зошто со толку густа градација ?
Имаш во фасвас у Скопје,мора и во Битола да го има негде,цена ефтина мислам 450 или 500ден литар

Сепак е застава со мотор дизајниран од пред неколку децении, затоа малку погусто масло. Порано користев ,,Елф,, 20-50.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 670
Сакам да ставам фолии, да си купам квалитетен потпирач за рака и да добие еден солиден третман кај Дарко те-ен. Финансии :(


Моментално па се до 03.03 имаш 50% попуст на клима фолии во Новус што според мене е многу прифатлива цена

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Фала на инфо! Во новус.6200 ми бараа за фиестата што мислам дека не е баш ефтино...

Едит: Сега се јавив, со попустот 60 еу комплет позади напред. Ми вика лепиме позади одиш ги атестираш и доаѓаш да ги залепиме предните ;D И атестот колку беше? 2000 И друга работа не ми е јасна, вадам јас атест за позади океј ама ако ме сопрат џандари тие ваљда знаат дека е дозволено само позади и коа ќе ги видат предните ако ме тера да ги одлепувам?? Фактички пак не сум исправен...
« Последно менување: 05 Февруари 2015, 15:55:16 pm Allexxander »

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Атестот скоро 2000 ден.

А за предните што ќе ги затемниш порано, подоцна ќе те казнат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Атестот скоро 2000 ден.

А за предните што ќе ги затемниш порано, подоцна ќе те казнат.
атестот е скоро 3.000 а не 2.000
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Oд кога го зголемиле?

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1352
  • Велешанче
Конечно тема како што доликува за автомобилски форум.

Вчера си купив нови вентили за 128ката Први Партизан, а денес треба да си подигнам од карго нова ламела и потисна. То значи дека скоро се за моторот е купено ново и се надевам долго је ме служи. :)

Исто така се мислам какво масло да купам, јас сум за Селениа 15-40, ваше мислење?
Уште не е склопен моторот ? Ми фалат твојата и на extrimebt темите :(
Во врска со темата:
Сакам
Од Опел Вектра

Вакво(тешко да се најде)

Или па нешто вака:


И една ваква(исто така тешко да не најде, но во план сум да купам обична и да најдам обортомер од друг модел на Опел што ќе пасува на истото место каде што е овој, а на местото кај саатот да ставам мерач за температура на моторот)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i