Една далечна година, едни колеги "религиозни фанатици" ме убедија да им се придружам барем во оној строгиот Велигденски пост, нешто као "чистење" на организмот, демек организмот е оџак
Издржав 5-6 дена, јади јади од тоа травурините на секој пола саат, постојано бев гладен ко пес , ќе почнев живи луѓе да јадам.
Никад више постење, нека идам у пекол
Имам теорија за ова постењево...
Јас сметам дека таа традиција почнала ради тоа што луѓето тогаш немале ништо, или имале многу малку храна, па ова е еден вид на оправдување да се гладува (буквално) подолги периоди.
Муабет у стилу "како настанала пицата".
На оваа храна денес, на овој избор, мислам дека е поголем грев да постиш отколку да јадеш.
Како и да е, тоа да биде умерено. Мене полесно ми беше да симнам килажа, отколку да ја одржам. Лани, од јануари до јуни, за 5 месеци симнав 25 кила (од 126 на 101). Се одржував тука негде, плус-минус до почетокот на есента. До нова година качив 15 кила (116). Сега сум негде 107-108, сакам да дојдам до 103-105 и тука да се одржувам, ама е екстра тешко.
Имам постено пред 10г едно 4-5г по ред.Ниту сум верски фанатик ниту ништо,баш како шо е спомнато ради "чистење" на организмот.
Некогаш ми беше лесно,некогаш тешко,али тоа е јачање карактер да издржиш.
Некогаш ќе изгубев некој кг,некогаш останував исто.Дека се осеќав "прочистен" бе би рекол,но тоа не е нешто што и така би го осетил драстично,посебно кога си на млади 23-24г...
Работата е шо на 40-50г најчесто озлегуваат проблемите како крвен притисок,шеќер и сл... а тогаш е веќе касно.
А кога читам вака некои постови па се чудам толку негрижа за здравјето,а за колите какво масло,каков филтер...Секој со умот...