Боки, никој не го оспорува квалитетот на моторите на Хонда. Нема што да праиме муабет.
Хауевер - коментарите што ги читам по автомобилски сајтови, како и од автомобилските новинари, кога станува збор за дизајн, скоро универзално се негативни или воздржано-неутрални. Тоа не е добар знак. Кога се појави претходниот (сегашниот) Цивик, дизајнот беше веднаш одлично прифатен. Дури и Top Gear го величеа дизајнот. Новиов дизајн изгледа нескладно. Сегашниот дизајн изгледа одлично и после 6-7 години на пазар. Кога и да видам Цивикче сегашно, ми привлекува внимание.
Е сега, во моментов мислам дека Хонда иако има добра понуда на мотори, се можеби еден чекор зад конкуренцијата. Во свет каде што се нудат 1.4 литарски турбо-бензинци со 120+ коњски сили, 1.4 литарски атмосферец со 100 коњски сили е ништо посебно. Уште додади дека традиционално моторите на Хонда имаат недостаток на вртежен момент, и уште повеќе се гледа недостатокот на овие мотори. Не викам дека се лоши (неквалитетни), едноставно сметам дека се несоодветни во денешно време.
Хонда да исфрли еден мал турбаш со ~120-130 коњски сили, дефинитивно ќе направи разлика.