Автомобили > Техничко Одржување

Замена на масло во моторот (туторијал)

(1/82) > >>

SaleSk:
Пошто стана некако монотоно на форумов, а и еден куп препуцавања, драпање мадиња и колци, решив да раздрмам малку со теми кои треба да бидат предмет на форумов...
Инаку одамна ми се сликиве, ама се нема време за да се напише и среди нешто.

Имено станува збор за замена на масло во моторот, комплет со се филтер :)
За да го направите ова ви треба малку знаење, алат, гаража, канал, се разбира масло и филтер :)
Некој ке рече дека за 100 денари не сака да се прља, но не е се за 100-те денари...Кога имам слободно време сакам да се релаксирам работејќи нешто на аутото, а и некако сум си посигурен во она што можам сам да го направам, одколку што може било кој да ми го направи...
Маслото се менува според некој критериуми кои се декларирани од страна на производителот на маслото, односно од типот на маслото, или пак на некој си временски изминат рок.. Тоа е индивидуално, односно нпостојат различни мислења, но за нив не сакам да дискутирам во моментот.  ;D
Значи како што реков потребни се неколку предуслови. Еден од нив е овој:



Значи гаража со функционален канал и нормално една кантичка за испуштање на уљето, кое подоцна не смее да се одложи во некоја шахта него треба соодветно да се складира и фрли во место определено за отпадоци од ваков тип...



Нормално потребно е да се има и претходно спремено количество на масло во зависност од тоа колку собира вашето возило...Моето собира нешто повеќе од 3л со се замена на филтер...Притоа кога менувам масло и филтер за масло, менувам и филтер за воздух, па така да и тоа ке биде опфатено во случајов.
Инаку си користам масло ARECA 10W-40 од француско производство, задоволен сум од него и веќе подолго време го користам, филтер Purflux, a филтерот за воздух е стандарден односно Filtron купен за моето возило (PEUGEOT 306 1.6).
Алатот кој ке се користи е индивидуален, така да нема да го наведувам посебно.



Првично треба да се знае дека моторот треба да биде топол. Обично повозена кола па оставена малку да се собере маслото во картер. Јас најпрво го отварам поклопчето каде што треба да се сипе новото масло, потоа ја подизвадувам шипката за мерење на нивото на масло (означени со црвени стрелки на сликата) и пристапувам кон испуштање на маслото. Претходно ми е спремна и кантичката нормално.



Потоа се симнуваме у канал и го лоцираме штрафот кој служи како штопна за испуштање на маслото:



Во принцип лесно се пронаоѓа. Наредно е пристапување со клуч на истиот и негово одвртување. Во овој случај треба да се внимава да не ви испадне во кантичката со маслото бидејќи ке треба да буричкате за да го извадите, или пак во најлош случај да не потече одеднаш и да ве направи ЈОК :) односно да ве полие со црно масло. Затоа неговото одстранување треба да биде внимателно, а кантата прецизно позиционирана.



Додека маслото фино лепо се цеи во кантата го лоцираме филтерот. Во некој случаеви филтерот е стегнат и запечен, па ке треба да се употреби специјален клуч за негово одвртување. Доколку немаме такво клуче, истото може да се направи и со некаков помошен алат (употребете ја вашата креативност - шмиргла, дупење со штрафцигер, водоводџиска клешта и слично)...



При вадењето на филтерот треба да се внимава да не остане старата гумичка (дихтунг) па при монтажа на новиот да не дојде до дуплирање на гумите...Тоа е најлош случај :) сум имал прилика да видам што глупост се случува кога ке биде заборавен :)) и тоа на сервис...Пола мотор ви е во масло, и + штета од 2 литра масло а и повеќе :)))

Значи новиот филтер го отвараме и гумицата ја премачкуваме - овлаж - со масло за да може убаво да задихтува.



Го монтираме и стегаме филтерот...Обично јас користам шмиргла и раце...Шмиргла за да не се лизга и фино го притегнувам...



Следен чекор е затегнување на штопната...Не смее да се заборави...На мојата има бакарна шајбна која нема потреба да се менува...На некој возила постојат шајбни кои се менуваат со секоја промена на масло.



Внимавајте да не го провртите штрафот со стегање...Имало и такви случаеви, поготово од стручни мајстори ;)

Одкако сме ги завршиле овие работи, проверуваме дали се ни е стегнато и со тоа заклучуваме дека сме спремни и пристапуваме кон сипување на новото масло. На 3 литра запирам и вршам контрола!!!



Нивото на масло не смее да биде над максимум или пак под минимум. Тоа нема да му се допадне прво на вашето возило, а потоа на вашиот џеб  ;D ;D ;D

Јас обично нивото го оставам на средина или 3/4 од дозволеното ниво.
Тоа би изгледало вака:



Нивото е означено со зелена боја...Обично треба да помине малку време, неколку минутки додека маслото да се спушти во картер, па да се изврши прецизно мерење.
За тие неколку минути јас обично го менувам филтерот за воздух...За секое возило менувањето е различно, а во случајов јас ке покажам за което како тоа оди.
На сликата се обечежени жабиците и штрефчето кои треба да се откачат за да се извади капакот од поклопецот на филтерот:



Потоа капакпот се одстранува а потоа и филтерот:



Разликата во бојата на стар и нов филтер е воочлива  ;D ;D ;D



Враќањето на капакот е инверзно од оваа постапка  ;D

По се ова уште еднаш вршиме контрола на нивото на маслото и ако е се во ред, ја палиме колата неколку секунди да поработи, пумпата да го повлече маслото и потоа по некое време вршиме уште една контрола...
Проверуваме дали се е како што треба, да не цури евентуално од штопната или филтерот...Ако е се во ред, спремни сме за уште 10к километри удобно и мирно возење со нашиот миленик.

Е па толку од работата за денес :))
Се надевам дека колку толку ви помогнав со ова објаснување како да си смените масло на колата ..
:)

zeroSignal:
Браво друже, ова иде стики!

nikola_bb:
Супер туторијал, значи оваа бакарната подлошка(шајбна) кај пежо немора да се менува со менување на масло? Дека јас па обратно имав слушнато дека мора на секое менување

Tommy:
Знам дека кај Ауди А4 Б8 ја менуваат на секое менување на масло, ваљда превентивно...

Jove:
Браво сале,одлично туторијалче !

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија