Општо > Генерални Муабети

Мајстории по дома....

(1/128) > >>

krell:
Правам некое ситно мајсторисување по дома, и имав прилика да прошетам по разно разни продавници вчера за електрика.

Споредував цени, понуда и слично.. Изненаден сум што во Меркур све што ме интересираше е поскапо од другите слични продавници, и има некако најштур избор.

Една од ситниците што се прави е промена на  табла со осигурачи и осигурачи од оној тип со бушони, на тип со автоматски осигурачи..

Ајде совет од поискусните:

1. Што марка на осигурачи да гледам? Ми нудат најевтина понуда за Шнајдер?

2. Кај табливе дали треба да пазам на нешто? Дали кај поевтините пожолтува пластиката после некое време? Дали воопшто вреди да трошам екстра пари за фирми како Легранд или да одам со евтините како на пример Технопласт (Српски се)? Купувам ова строго по изглед и функција, или ако купам некоја марка е гаранција дека нема да пожолти пластиката после некое време?

3. Каква ФИД склопка препорачувате? 40А спора е ок за нормален стан? (Нема проточен бољер)

Ме советуваа да за инсталација од купатило поставам уште една склопка, ама брза.. Мислење околу ова?


Некој друг совет? :) Продавници можеби што може да ми ги препорачате?

Dimac:
Пред извесен период јас менував табла со автоматски осигурувачи и електричарот ми ги препорача ЕТИ (словенска марка-ги има во Електро елемент) од кој што имаш А, Б и Ц класа, односно А класа се брзи, Б класа се со средна брзина на исклучување и Ц класа се спори осигурувачи. По консултација со мајсторот ги земав Б класа и еве го 4-5 години немам никаков проблем.

SaleSk:
ЛоЛ :)

Постојат неколку варијанти.
Јас што направив кај мене.
Купив таблички Хрватски, незнам кој производител, но тие највеќе ми се допаднаа на лик. :)
Осигурачи купив ETi, словенски се водат, а колку се словенски, господ знае. Битно сега за сега се ОК и немам проблеми со нив, освен со еден што беше фабрички расипан. Тоа се случува кај било кој бренд.
Инаку ако сакаш да опалиш пари за квалитетни осигурачи, во тој случај би ти ги препорачал ABB (EлектроРама).
Поефтина варијанта Legrand, мада незнам и тие дали се поефтини и  Shrack(Лекс).
Шнајдер незнам какви се, греВота е да те лажам.
За стан, куќа, нормална употреба сосема задоволуваат и ETi, како со цена, така и со квалитет. Ги има во Електроелемент, а мислам дека комплетно ако пазариш од таму ке ти испадне најефтино.

Фид склопка можеш да ставиш 40А, нема потреба од појака за стан, со тоа што брзината да е од 0,03А, односно 30mA.
Многу важно е да ти биде поврзана како што треба, во спротивно ке имаш проблем.
Јас дома имам две Фид склопки, заради конфигурацијата на инсталацијата која ја правев.
Едната ми е за комплетниот систем во кујната без фрижидерот!!! и купатилото, а другата ми е во котларата. Првата е 40А, а втората е 63А.
На останатиот дел од електричната инсталација не врзав Фид.
Може да се случи да ми изгори сијалица и да ми падне склопката. Или жената да уклучи усисивач додека гледам Тв или слично, да повторно ад падне Фид-от. Затоа решив само онаму кај што е најнеопходно да поставам склопка.
Фрижидер никогаш не се поставува на ФИД!
Замисли одиш на одмор, почне да грми или нешто се деси, и ти падне ФИД-от.
Дали имаш претстава што ке се случи за 10 дена со храната што е во него? :)

Ова се некој мои мислења. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
Значи најде и мајстори?
:)

Prof. Greenthumb:
И јас сеа кај мене скоро ја менував старата со нова..новата е српска табла со словенски осигурачи и ФИд 40А. Се се зеде по препорака на мајсторот..
П.С Само варди ја таблата т.с капакот, некако нежен ми гледа :)

nekojtamu:
Три реновирања поминати со schrack комплет елементи, сеуште се нема појавено никаков проблем. Фид склопка не е неопходна кај нас иако по желба можеш да монтираш.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија