Автомобили > Естетско Одржување
Перење возила
Drive-r:
Фали и ваква тема за мераклии кои сами сакаат да си ги перат возилата.
Комшијава мој количето си го пере со мало вапче претпоставувам околу 100бари е, ама не ја трља колата, има растворено некој прашак германски кој му го донел братучедот во пумпица за прскање дрвца, колата стакло му е. Вели ако остане подолго може да има оштетување на лакот бојата?
Знае ли некој за кој вид прашак станува збор ?
Или друго сретство, квалитетна активна пена која има голема ефикасност против нечистотии за која не е потребно да имаш јак вап и не е потребно трлање со четки, сунѓери?
Roci:
http://www.mafra.mk/siteproizvodi/WashSelf
Kraj na muabetot ;D ;D
Bu$aV MeGaNe:
Еве ја мојата колекција за перење годинава.Оваа сезона се рашив за производите на мафра и воопшто не згрешив.Тоа што го нудат земајќи ги во предвид и цените е одлично
На сликава фалат уште 2 кофи,микрофибер ракавица,сунѓер за бандажи и други прљави делови,и уште неколку микрофибер крпи за различна намена.
Друго од опрема,народски кажано вапче,го земав пред 3 год и сум презадоволен.
Од неодамна земав и пеноматче,бидејки не најдов за макитата земав од кершер вакво:
Во комбинација со Mafra Wash Self брка работа,ама не сум презадоволен од пената која ја прави,во иднина ќе барам подобар пеномат како не би користел воопшто сунѓер за предперење.
Постапката отприлика иде вака:
1.Перење само со вапот и вода
2.Нанесување Wash Self со пеноматчето
3.Плакнење на шампонот
4.Дополнително чистење на бандажите со сунгер и средство за бандажи по потреба
5.Нанесување Polish Express на целото возило со микрофибер ракавица и плакнење на истиот.
6.Бришење и собирање на водата со голема микрофибер или еленска
7.На секое второ перење пребришувам прво со Fast Cleaner па после ја поминувам со Last Touch
8.Бришење прозори со Split или Fast Cleaner
9.Бришење гуми и бандажи со Fast Cleaner
10.Нанесување Fast & Black или Black 3Plus на гумите
Отприлика вака изгледа мојата постапка за перење,сигурно заборавам нешто ама горе доле тоа.Сите горе наверени производи се од програмата на Mafra.
Можеби сето ова делува претерано и избегано(барем така ми викаат тие што ме гледаат кога го правам ова ;D) ама јас си го правам ќеифот отприлика 3 часа еден ден во неделата,и кога ќе завршам сум многу среќен и задоволен од резултатот :)
Овде не ја опишав постапката за внатрешно чистење ама тоа ќе го остаам за друг пат ;)
dame:
sto da se kaze osven sekoja cest
MendeH:
--- Цитат: Bu$aV MeGaNe на 14 Мај 2014, 10:43:23 am ---Овде не ја опишав постапката за внатрешно чистење ама тоа ќе го остаам за друг пат ;)
--- Крај на цитатот ---
Е вака се пере кола :)
Кога друг пат? Според постапката за надворешно баш ме интересира каква е постапката за внатрешно
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија