CARclub.mk ФОРУМ > Објави, известувања, комуникации со Администратори

Упатства за полесно снаоѓање на форумот

(1/8) > >>

velestrumf:
Упатство бр.1 (за километарски линкови):

Оди во "измени" и во тулбарот горе, кај што се копчињата за внесување на јутјуб, флеш, слики и слично, има едно копче со глобусче на него. Кога ќе го кликнеш, во одговорот ќе ти внесе "урл" тагови. Се' што ќе напишеш помеѓу таговите ќе биде третирано како линк.

Пр:

[урл]име на линкот [/урл]


Упатство бр.2 (пошто првото е за целиот километарски линк да биде активен, а не да секне негде на пола):

[урл=хттп://копи+пејст на линкот]Име на линкот [/урл]

Нормално, све треба да е на латиница.



Упатство бр.3 (линкови до YouTube):

Кога ќе ви појави "invalid youtube link", направете „Измени“ и во линкот до ЈуТјуб, избришете го "s"-от кој се наоѓа на крајот на "https". Почетокот на линкот треба да изгледа вака: "http://"

Tome-Colt:
Ако не е проблем да се умешам малце :)

Не гледам потреба од цитирање постови еден под друг. Уште помала потреба од цитирање огромни постови со 20 слики во нив. Ова е напоменато повеќе пати. :)

Се извинувам за упад, фала :)

velestrumf:
Тоа е наведено во правилата на форумот, ама не секој се потрудил да ги прочита.

Carpathian Lord:
Мислам дека горе долу нема проблеми со постовите освен што не се почитуваат правилата :)

onak:
јас се извинувам, што ке напишам нешто со што одредени поединци ке го наречат бек сит модерирање, но мислам дека насловот не е соодветен.. упатства да, ама за полесно снаоѓање, баш и не... попрво би рекол за правилно однесување, ама вие си знаете, да не се мешам премногу...

благодарам на внимание, се извинувам уште еднаш до почитуваната администрација и уште попочитуваното членство.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија