Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 952435 пати)

Отсутен changetheoil savethecar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 744
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8625 на: Април 09, 2021, 22:19:00 pm »
во врска со сировата нафта од Либија то ест нафтените полиња на Ени, може само да кажам дека либиската сирова нафта е една најквалитетните во светот по чистина и најисплатлива е за дестилирање и спаѓа во сортата свит круд  лесни благи сирови нафти, тек после доаѓа Малезиската но таму капицитети се помали. Така да тој факт дека базните масла за Ени и Равенол доаѓаат од Либија не е хендикеп напротив тоа е голем адвантеџ, голема придобивка што секоја процент чистина повеќе овозможува во миксот на адитиви поголем удел ТБНот (тотал бејз намбер) значи колку е маслото алкално а во спротивна ја имаме ТАН вредноста која е тотал ајсид намбер или колку е маслото кисело.
Се додека ТБНот е поглем од ТАН маслото има резерви, така да на пр. со Ц3ката која бара 0,8% САПС (колку е почисто базното масло толку повеќе може да се додадат адитиви.

@Luki Junior
Дека Равенол припаѓа истотака во Фукс групата тоа сега првпат читам овде ако може повеќе детали, според германски извори Равенол припаѓа на Игор Шевчук а Фукс е во фамилијарни раце на фамилијата Фукс.

https://www.northdata.de/Shevchuk,+Igor,+Werther

Равенол постанува официјален партнер за БМВ М рејсинг:
Ravenol is now an official partner of the BMW M Customer Racing division
https://www.bmwblog.com/2020/06/08/ravenol-bmw-m-racing/

Not only that but, BMW M Customer Racing claims they have tested the Ravenol RSP SAE 5W-30 engine oil and the Ravenol Racing Gearoil 75W-140 differential oil in the BMW M4 GT4, and has approved both of them.

во врска со дискуссите дали 0в30 или 5в30 за мотори кои нудат можност да се користат овие градации:

MB-FREIGABE 229.51

RAVENOL ALS SAE 0W-30
Viskosität bei 100°C mm²/s 11,2 DIN 51 562
Viskosität bei 40°C mm²/s 59,9 DIN 51 562
Viskositätsindex VI 183 DIN ISO 2909
HTHS bei 150°C mPа*s 3,53 ASTM D5481

RAVENOL VMP SAE 5W-30
Viskosität bei 100°C mm²/с 12,1 DIN 51 562
Viskosität bei 40°C mm²/s 69,7 DIN 51 562
Viskositätsindex VI 172 DIN ISO 2909
HTHS bei 150°C mPа*s 3,7 ASTM D5481

се гледа тука тоа што и се дискутираше од @M3V8 доколку моторот со спецификација 229.51 нуди можност за 0в30 и 5в30 корисникот може да бира помеѓу подобри перформанси при ладен старт(вискозност 40) или подобри перформанси при возење на возилото при високи обртаи (хтхс вредност).
Вака навидум разликата од 3,5 вс. 3,7 не изгледа многу но е ОГРОМНА хтхс вредност од 3,7 веќе навлегува во реони на 40ка. така да сите оние кои имаат високотуражни мотори или каде моторот на пр се вози доста често по угорници, или се оптеретува тогаш пологично е да се оди со хтхс 3,7.
Ако колата се вози пензионерски за до јогурт, бурек, веро и  по автопат тогаш пологично  е, да се оди со 0в30.

Ако имаш ти бензинче и ко зацепаш по стража или плетвар на 5-6.000рпм ќе бидеш захвален за секој милиметар повисок хтхс вредност.

друго, мотори кои се концепирани за 0в20 тоа е друга техничка приказна каде производителот те приморува да користиш специфиакција и градација, таков е концептот на моторот затоа и такво масло е произведено „индивидуално скроено за техничките каркатеристики и спецификите на тој мотор.

Но, ние имаме случаеви како на пр кај 229.51 спецификациајта која нуди лепези на градации од 0в40 до 5в40.
по дифолт за таа спецификација е 5в30 но затоа лево и десно од тоа се нудат други, исто како и за БМВ ЛЛ-04

Кај фолксваген 504/507  тоа е тоа нема друго чаре или 0в30 или 5в30, значи производителот ги ограничува градациите со неговата спецификација па сега ти што сакаш стави, ама ти вели тој мотор е тестиран и концепиран за тие две градации.

така да дечкото со волвото убаво праша што да правам дал да земам 5в30 или 0в30 што е сосема разбирливо.
0в30 е секогаш фолсинтетише
5в30 може а не мора,
ако земеш од равенол 5в30 имаш фолсинтетише ВМПто, иначе другите се скоро сите хидрокрек синтеза со пао естер и модерни адитиви.
ако го менуваш еднаш годишно 5в30 е порационално со оглед дека 0в30 е доста поскапо.

зошто користам терминот фолсинтетише, тој е германски збор кој се употребува територијално во Германија само за масла кои стварно се по закон 100% синтетички за разлика во други еу земји каде и хидрокрекот  се става на ниво на полно-синтетички масла така да во Германија имаше судска одлука дека називот фолсинтетише може да го носат само масла кои во базното масло немаат хидрокрек од групата 3+ него се состојат од базни масла  од групите 4 и 5 пао и естер.
така да фолсинтетише и фул синтетик или 100% синтетик не е исто, тоа навидум изгелда исто но има огромна разлика.

Отсутен Magical

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8626 на: Април 09, 2021, 23:51:32 pm »

Браво, убаво кажано!
Според вас кое масло е одлично за Мерцедес со спецификација 229.31/51/52? Благодарам!

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4467
  • The Spartan General
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8627 на: Април 10, 2021, 08:40:16 am »
...

Најлесен начин да откриеш која фирма чија е, е да го следиш текот на парите. Кој концерн/холдинг/корпорација купила дел од фирма/акции или има удел како инвеститор. Секој од големите играчи е законски обврзан да дава квартални и годишни извештаи за неговите бизнис активности.

Е сега, затоа што најчесто големите концерни од петро-хемиската индустрија најчесто инвестираат во индустриски Know-How од помали, поагилни фирмички кои имаат competitive advantage и агилност за иновации во пократок период. Со други зборови, штом си богат и голем, најчесто може да си го купиш малиот.

Да скратам, еве еден извештај од далечната 1999та година од Фукс. Погледни кои фирмички (страна 9) ги купил овој концерн (Ravensberger Schmierstoffvertrieb GmbH). После погледни кои фирмички од овој извештај постојат од Италија и каде имаат тие бизнис интереси и црпат сурови ресурси.

http://erscontent.deutsche-boerse.com/erscontentXML/bericht?isin=DE0005790406&id=19992&language=EN&datei=17134

За вториот дел од постот.
Модерните бензински и дизел мотори речиси никогаш не работат во тој дијапазон на вртежи (4000-5000 вртежи). Тој дијапазон/вртежи се од времето на 90ти/рани 2000ти. Пред 20 години. Денешните мотори со голем вртежен момент достапен веќе на 1500 вртежи во комбинација со поновите менувачи кои имаат “подолги“ брзини дури и на “јаки угорници како единицата мерка за угорница Стража“ никогаш не би требало да дојдеш до 4000 вртежи, а не пак 5000 или 6000 вртежи.

Конкретно кај тие генерации на Мерцедес како кај колегата и неговите можности се од 1800 до 3000 вртежи (дизел) со некои си 400-420Нм вртежен момент во тој дијапазон. Никогаш нема да дојде до тие фамозни 5000-6000 вртежи.

Дури и бензинските мотори кај тие генерации на Мерцедес не доаѓаат до тие вртежи (5000-6000 вртежи). Сите се со принудно полнење или в6/в8 со голема кубикажа и имаат голем вртежен момент веќе на 2000-2200 вртежи (250Нм+).

@Magical јас користам Мобил 1 за мојот Мерцедес. Такво му е ставано во Германија, такво продолжив да му ставам и јас откако е во моја сопственост.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8628 на: Април 10, 2021, 08:51:21 am »
Новите 0W20 имаат hths од <2.6 но тоа не значи дека се помалку издржливи масла при оптеретување, напротив, имаат многу поголема  количина на подобра база во споредба со 5-40 масло да речеме. Исто така џабе hths од 3.5 кога TBN се губи за многу брзо време и самото масло од 5-40 станува за кратко време 5-16 да речеме. Додека новите 0-20 поради самиот состав на маслото имаат стабилен tbn и квалитетот на маслото не се губи за време на експлоатација.

Исто така релативна висока бројка на hths  не секогаш е добра поради тоа што екстремно високи бројки од 3.6 значи дека турбото секогаш ќе му биде потешко да се врти а со самото тоа се ствара поголема температура и тоа е штетно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32369
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8629 на: Април 10, 2021, 09:10:55 am »
Ти си убеден дека

Толку од дискусијата со тебе. Кога ќе научиш како се дискутира, пиши па ќе зборуваме.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1522
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8630 на: Април 10, 2021, 23:01:30 pm »
Choosing the right HTHS viscosity for your vehicle
When selecting an engine lubricant for your vehicle, you should take a few things into account:

-A lubricant with low HTHS viscosity improves fuel efficiency.
-A lubricant with high HTHS viscosity offers better protection for engine parts.
-The engine type: Low HTHS oil in an engine designed for high HTHS oil can cause damage.
-The equilibrium between fuel efficiency and engine protection sets engine lubricant manufacturers for two important challenges:

How low can we go in HTHS viscosity before the benefits of fuel savings start to disappear?
How can we reduce engine wear for lubricants with low HTHS viscosity?

****
Porsche recommends the variant with a viscosity of 10W-60 for 911 models with a displacement of 3.0 liters and above.

Mora da se greska nesto ovie od Porshe, uste ne cule deka 0w20 podobro podmackue...

Отсутен changetheoil savethecar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 744
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8631 на: Април 11, 2021, 00:09:52 am »
@Luki Junior
Fuchs Petrolub AG 2003:

http://erscontent.deutsche-boerse.com/erscontentXML/bericht?isin=DE0005790430&id=20034&language=DE&datei=267320

Во Јуни 2003 Фукс ја продава Равенсбергер а со тоа и марката Равенол, кога ќе ги погледнеш годишните извештаии од 2004 веќе Равенсбергер не е во портфолиото на Фукс.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4467
  • The Spartan General
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8632 на: Април 11, 2021, 08:04:22 am »
Така е, сепак променила раце фирмата и ја продале на некој нивни претходен клиент.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 26901
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8633 на: Април 11, 2021, 08:23:59 am »
А дали на шишињата пишува потекло, односно од кои нафтени полиња е уљето? Да знам, да почнам и тоа да гледам. ;D

Отсутен changetheoil savethecar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 744
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8634 на: Април 11, 2021, 20:41:40 pm »
Според вас кое масло е одлично за Мерцедес со спецификација 229.31/51/52? Благодарам!
@Magical

ako e vo longlife interval ravenol vmp ili rep, ova se cisto sinteticki masla
ako go menuvas 1x godisno mozes sekoe so freigabe 229.51 od ravenol takvo e na pr HLS hidrokrek so pao+ester.
na ovaa lista imas pregled za mozni kombinacii:

https://bevo.mercedes-benz.com/bevolistenmain.php?navigation_path=bevolisten&language_id=0&blatt=229.51&content_action=show&mark=&suchbegriff=

kako mnogu dobri mozam da odvojam:
Mobil1 ESP
Shell Helix Ultra ECT C3 5W-30
Total Ineo Long Life 5w30

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1193
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8635 на: Април 15, 2021, 09:19:57 am »
Ај едно прашање, последен пат се свичнав од оригинал VW уљето на петронас.

Оригиналното го менував на 15к.

Сега од ова имам поминато некои 8к. Дали да го мењам на 10к?

Читав некои мењале на 7-8к. Што ми нема логика.

Знае некој точно како е најдобро?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1154
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8636 на: Април 15, 2021, 13:56:34 pm »
@changetheoil savethecar Масло ЕЛФ 5-40 во 1,5 дци, кај нас, на колку е најдобро да се менува, во почетокот (на запад) имаа преоптимистични интервали од 30к км, после намалија на 15к км, а јас кај нас во МК го менувам на 10к км, мада веќе на 7-8к км ми изгледа дека е за менување ама можеби грешам, што мислиш ти?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4186
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8637 на: Април 15, 2021, 14:18:24 pm »
1 годишно или 10-15к км.
Ако не го троши јас би терал до 15к ако нема годината направено, или ако дојди до степен да треба да се дотури, а немам и треба да се прикупи.

Петронасот 3000AV лани го сменав на 10к, а Елф SXR го имам до 14к возено. Ништо не притурив од оригиналниот макс капацитет, се троши половина литар до промена, можеби повеќе дојде на 14к, ама пошто повеќе километри.

А од порано менување ич нема зијан, кој како сака.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 744
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8638 на: Април 15, 2021, 14:39:42 pm »
@changetheoil savethecar Масло ЕЛФ 5-40 во 1,5 дци, кај нас, на колку е најдобро да се менува, во почетокот (на запад) имаа преоптимистични интервали од 30к км, после намалија на 15к км, а јас кај нас во МК го менувам на 10к км, мада веќе на 7-8к км ми изгледа дека е за менување ама можеби грешам, што мислиш ти?
@Filip MK

koj ti e average na kolata vo kmh? ako e na avtopat ne e problem i do 15k, ako e niz grad i 8-10.000 e vekje pri kraj.

vo sushtina site longlife masla bi trebalo da odat po algoritam na proizvoditelite senzor za maslo vo karterot koj meri alkalnost na masloto, vo dde sistemot obrtai, rabotni casovi, prosecna brzina itn... NO... od iskustva od minatoto da ne se izgubat musterii vo korporativniot biznis (lizing koli, vozni parkovi itn...) tie 30k koi bea  staveni vo mnogu prospekti (koi vo sustina se best case scenario) i so najdobrite 5w30 masla se postignuvaat samo vo idealno vozni uslovi znacci kola na avtopat so visoka prosecna brzina, sega se prodavaat tie longlife km kako default ali se garantira samo zivotniot vek na kolata 8g/150k, posle toa e knigovodstveno bezvredna.

ako kolata se vozi vo gradski rezzim da receme 30kmh avg. toa se na 30.000km 1000 rabotni casovi na motorot pod  teski uslovi, istovremeno na avtopat 300 rabotni casovi pod olesnitelni okolnosti.

ima luge na forumov koi vikaat deka toa e isto i deka masloto i vo dvata slucai trpi i treba da se promeni na 30.000km.

jas vikam bullshit, vidi si prosecna brzina pomnozzi so 250 do max.300h i toa ti se kilometrite. ako ne sakas da se zamars togas longlife maslo i ednas godisno ako imas miks profil grad/otvoreno.

za koj motor so dpf ili bez dpf?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #8639 на: Април 15, 2021, 15:16:15 pm »
Значи мене голфот ми е сега на 100.000 со интервали на 30к. и уште 50.000 и ја фрлам у канта пошто и дошло крајот 😅😅 какви глупости се пишуваат тоа е страшна работа.

Абе една кола у германија нема што менуваат уље најмалце на 20к овдека повторно со работни часови се занимаваме. Единствено компјутерот може да реши поради многу ладни стартови и кратки релации да го намали интервалот некаде од 30 до кај 25 или 20.

Имам и сеат ибица дизелче според книшката уље е сменето на 32.000, 60.000, 92000, 125000, 150000 и ја пред година ипол му сменив на 182000. Чекам да цркне моторот 😀