Веќе кога сме кај масло, заборавив дека му дојде ред за сервисирање и на Пунтото на моите мк2 2003 година со мотор 1,2 16 в. Овие 4-5 години цело време е сервисирано во Велиновски Куманово. На почетокот ставаа Селениа 20 к а последните 2-3 години Селениа голд 10-40. Откако почнаа да ставаат Голд, приметив дека во зимата, на ладен мотор повеќе се слушаа вентилите. На еден Фиат форум прочитав повеќе мислења дека за овој мотор фабрички е пропишана Селениа 20 к а Селениа Голд може во Пунто мк1, ама да не се става во мк2. Најверојатно сервисот си има некоја математика и не се замараат многу, ама сакам соодветно масло да се стави нареден пат. Така дајте и тука предлози, дали да се остане на градација 10-40 или може и 5-40, кое масло би било наблиску до Селениа 20 к (кое го нема во продажба, има само Селениа Голд)?