Општо > Фотографија
Фотоапарати
velestrumf:
Како и за се’ друго, така и за оваа работа...
Прво, дефинирај си за што ќе ти биде. Дали рекреативно, рекреативно „со надградба“, или ќе сакаш нешто повеќе. Ако е за рекреативно, земи обично идиотче ќе ти врши работа. Ако е за второто, земи кросовер. Ако е за третото, инвестирај во DSLR.
Второ, откако ќе си ја направиш првичната дефиниција за своите потреби, направи си буџет, колку би планирал да потрошиш. Е сега, за идиотче, еднократно ќе истрошиш пари (купување апарат, футроличка, евентуално ричарџабл батерии). За кросовер, ќе потрошиш нешто повеќе пари за истите ствари, и можда би сакал да земеш и статив. Е сега е интересното... Ако се решиш за DSLR, спреми се да одвоиш значителна сума при купување, ем башка, имај си на ум дека со тек на време, DSLR може да ти повлече пари (ако навлезеш подлабоко во фото-индустријата). Односно, ќе сакаш друг објектив, па блиц, па филтри, па поголема торбица, па некој аксесоар, па друг аксесоар итн итн...
kire95:
Јас одамна ги гледам фотоапаратите, имам сега обичен канон и самсунг али неможам некогаш да го доловам она вистинското што сакам со нив па затоа сакам некој подобар да си купам буџетот би бил околу 25 000, еве ги двата:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=27_103_167&product_id=199752
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=27_103_167&product_id=197598
velestrumf:
Од тие два, кој и да го избереш, нема да згрешиш. Мање-више исти се по спецификации и по тоа што го нудат во тој „пакет опрема“ :)
Менијата и контролите се на страната на Nikon, многу се поергономски и поинтуитивни, додека Canon-от бара малку повеќе навикнување на истите. Исто така, Nikon-от поубаво лежи во рака, отколку Canon-от. Canon-от е некако многу поригиден, погруб, додека Nikon-от се осеќа поубаво во рака.
bramovsk:
--- Цитат: velestrumf на 28 Ноември 2013, 09:08:51 am ---Како и за се’ друго, така и за оваа работа...
Прво, дефинирај си за што ќе ти биде. Дали рекреативно, рекреативно „со надградба“, или ќе сакаш нешто повеќе. Ако е за рекреативно, земи обично идиотче ќе ти врши работа. Ако е за второто, земи кросовер. Ако е за третото, инвестирај во DSLR.
--- Крај на цитатот ---
Не би се сложил за ТРЕТОТО. Во тоа нешто повеќе постои опција од студиска фотографија, спорт и екшн фото, панорам, природа, улична, макро итн. DSLR не е најдобро решение за се'. Особено не е најдобјро решение ако треба да носиш постојано со тебе голема килажа а не ти примарн задача фотографирањето.
Мојата преференца е rangefinder тип на камера ако имам пари да одберам. Што ен значи дека DSLR е лош, само rangefinder во многу ситуации е подобар избор. За моите ситуации најдобар.
ЕДИТ:
Немам време многу ама ко сака некој еве инфо: http://www.photozone.de/slr-vs-rangefinder
Со тоа што ова е пишувано за филм и некои работи се сменети и за едни и за други, но принципот е генерално тука.
velestrumf:
--- Цитат: bramovsk на 28 Ноември 2013, 09:51:41 am ---
--- Цитат: velestrumf на 28 Ноември 2013, 09:08:51 am ---Како и за се’ друго, така и за оваа работа...
Прво, дефинирај си за што ќе ти биде. Дали рекреативно, рекреативно „со надградба“, или ќе сакаш нешто повеќе. Ако е за рекреативно, земи обично идиотче ќе ти врши работа. Ако е за второто, земи кросовер. Ако е за третото, инвестирај во DSLR.
--- Крај на цитатот ---
Не би се сложил за ТРЕТОТО. Во тоа нешто повеќе постои опција од студиска фотографија, спорт и екшн фото, панорам, природа, улична, макро итн. DSLR не е најдобро решение за се'. Особено не е најдобјро решение ако треба да носиш постојано со тебе голема килажа а не ти примарн задача фотографирањето.
Мојата преференца е rangefinder тип на камера ако имам пари да одберам. Што ен значи дека DSLR е лош, само rangefinder во многу ситуации е подобар избор. За моите ситуации најдобар.
--- Крај на цитатот ---
Во ниеден момент не реков дека DSLR е најдобро решение за се’. Ама е тука некаде :)
А за тоа со килажата, не би можел повеќе да се согласам. Особено пошто имам торбица, а не ранец, кога идам на терен рамото ми паѓа од тежина...
Rangefinder, како што кажа, за твоите преференци и ситуации претставува најдобар избор. Одлични се за street photography, за инстантно сликање, малечки се, лесни, исклучително портабилни... Може да претставува проблем што по дифолт немаат „макро фокус“, немаат повеќе фокус точки, поосетливи се, пошто имаат поделикатна механика, има блага девијација помеѓу тоа што го гледаш и тоа што го сликаш итн... Меѓутоа, секој со своите потреби, преференци, стил на фотографирање итн итн :)
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија