Пријатели на CARclub > Плимонт
Одржување на возила со плински уред
MarceCvarce:
Здраво Плимонт,
Сакам да прашам дали возилата со плински уреди треба да имаат пократки сервисни интервали од оние предвидени на бензин. Дали некои делови побрзо треба да се менуваат доколку колата се вози на плин итн.
plimont:
Одржувањето на возило со плински уред треба да се прави според препораките кои за тоа возило се дадени од страна на производителот на возилото. Тоа се однесува и на типот на резервни делови и потрошни материјали, и на самите интервали за одржување на возилото.
Значи, по вградување на плински уред не треба да се купуваат ,, специјални,, делови за возило со плински уред, како што се свеќички, филтри итн, а кои можат да се сретнат во трговската мрежа. Исто така, вграден плински уред не значи дека има потреба од пократки интервали за редовно одржување, како што се замена на свеќички, моторно масло, филтри...
Нешто поголемо внимание единствено е потребно во делот на одржувањето на електриката на автомобилот, особено кај постарите возила.. Неисправноста во делот на струјата, свеќички, кабли , бобини, ќе се почувствува побрзо и поинтензивно на плински погон. Во пракса, дотраен кабел ќе предизвика ,,сецкање,, на плински погон десетина денови пред да предизвика ,,сецкање,, на бензиски погон.
Од друга страна , се соочуваме и со екстремни размислувања и во сосем друга насока, дека по вградување на плински уред веќе нема потреба од одржување на самото возило и бензискиот дел на моторот. Понекогаш е многу тешко да успееме да објасниме дека плинскиот уред е секундарен систем поставен на моторот, и директно зависи од исправноста на примарните системи чија исправност е предуслов за добра работа на моторот и на бензиски и на плински погон.
Ова се општи препораки за одржување на возило со вграден плински уред. Ви стоиме на располагање за прашања на оваа тема кои евентуално би сакале да ги поставите, ќе се потрудиме да дадеме корисен одговор.
MarceCvarce:
Fala vi na odgovorot, jas licno najmnogu sto imam slusnato e deka svekickite treba pocesto da se menuvaat megjutoa gledam deka vie velite spored propisanoto od proizvoditelot
NetworX:
Kога сме кај свеќиците, кога го ставив плинот со обични свеќици знаеше на моменти да засецка. Пробавме со подесувања и такви работи да го отстраниме тоа и не успеавме. Купив NGK за плин свеќици и си работи нај нормално.
За оддржување нема ништо посебно. На иста километража се менува масло и филтри, моторот работи одлично иако во зимо не е пален на бензин. 10-11 години вози на плин мука нема пупу да не ја урочам :)
MarceCvarce:
jas pred da go stavam smeniv svekicki NGK megjutoa me sovetuvaa da si stavam za benzin bidejki tie samo za plin moze da mi napravat problem na benzin koga ke vozam a i na net vo katalog na NGK za ibiza gi dava istite svekici i za benzin i za plin
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија