И јас мотивиран од тоа да не ме пцујат сите навечер со ксенони без лупи, и ставив на Астрата најбелите халогенки што ги најдов (Phillips Whitevision) и можам да кажам дека очи ми паѓаат навечер за да видам нешто, а околу 1.800 денари се сијалиците. Така да и јас ќе го поставам истово прашање како тебе само за Astra H GTC, доколку има некој искуство да сподели. Знам дека најверојатно канбус модулаторче ќе е потребно, и дали воопшто може тоа кај нас да се најде.
Ping @Rakun4e ако имаш некое искуство.
Немам екпериментирано кај мене, за жалење ми се светлата. Толку се заматени што како со свеќи да возам, дури со долги понекогаш не им сметам.
Кај другар монтиравме, нема потреба од канбус само треба да се погоди ксенонот зошто знаат да треперат. Ја имам возено доста пати навечер, даваат уба светлина, ама сметаат. Штеловани се повеќе пати ама пак сметаат.
Ксенон само во фар со лупа.