Гласање

Која кола за брат му на Cranium?

Renault Clio 0.9 TCE
13 (26.5%)
Ford Fiesta 1.0 GTDI
6 (12.2%)
Hyundai i30
2 (4.1%)
Kia Pro Ceed
5 (10.2%)
Suzuki Swift Sport
21 (42.9%)
Suzuki SX4
2 (4.1%)

Вкупно гласови: 49

Автор Тема: Совети при одбирање на нов автомобил!  (Прочитано 39087 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6388
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #90 на: 10 Јули 2020, 12:11:15 pm »
Не научија и не  :D

02:47


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20076
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #91 на: 10 Јули 2020, 12:27:56 pm »
^
https://youtu.be/mXAeg6pJ4nQ?t=284

Не мислев дека во 2020та оваа пластика ќе ја видам во кола  :-X :-X :-X :-X :-X :-X :-X :-X :-X :-X

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6586
  • French diamond
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #92 на: 10 Јули 2020, 23:52:09 pm »
Многу е битно да не крца во возење, за на добир голем к*рац. На пример во Лагуна мк2 и БМВ 1 серија (2009-10 ) исто вака крцка пластиката на допир, арно ама кај бемвето не крцка во возење и при нерамнини, додека во Лагуната си крцкаше и при возење без да ја гибаш  :)
Ама јас пак ке си купам Ренолче за наредно возило  ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6388
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #93 на: 13 Ноември 2020, 14:42:29 pm »
Возев денеска пежо 308 1.2 турбо 130кс со автоматски менувач па решив да напишам 2-3 работи.

Првичните импресии се дека е доста добро склопено ауто, внатре е квалитетно, добиваш чувство како да си во спортско ауто. Изолацијата е ОК освен што моторот според мене беше доста гласен и нерафиниран. 

Само што седнав возачка позиција одма најдов мене лично седењето ми е како кај голф немаше некоја разлика. Комфорно, имаш доволно простор топ. Е сеа, малце ми требаше време пошто све на тач али ги најдов контролите за клима ама сеуште ги барам греачите за седишта. И не ги најдов  ;D. Малце комплицирана оваа работа со тачови и сите команди да мора да идат преку огромен екран. Непотребно.

Воланот е добар, дека мал топ е за маневрирање низ град. Имаш чувство како да возиш помала кола. Ама како и да го наместиш воланот пак не ја гледам инструмент таблата пред мене 100%.

Кочењето малце разочарувачко, треба доста да притиснеш за да нешто се случи. Али се е ствар на навика. Да напоменам колата имаше само 19.000 поминато.

Имаше иритантно крцкање некаде од десната врата ама како целина колата беше доста комфорна иако мислам е со 17ки или 18ки. Значи тивка, по дупки не треска, и доволно агилна. Јас мислам дека го погодиле тука пежово највеќе, имаш и комфорт но и стабилност.

Моторот малце ме разочара зошто звукот иако знам дека е 3 цилиндри ама некако слабо како да имаше изолација. Доста гласно работи ама тука има вина дефинитвно и автоматикот што јас слично сметам дека е најголем минус на колава. Значи ДСГ-то што го имам возено во голф,пасат итн. е КЛАСА над ова кај пежо. Начинот на кој што ги менува брзините е прилчно бавен и како да треба вечност да смени од прва во втора, па од втора во трета итн. Иако имаше педали позади волан не ги пробав.

Кога паркирав рикверв приметив на тачот дека има и задна камера ама подобро да нема. Квалитет нула многу лоша резолуција али ќе се најде корисна за некој што има проблеми со паркирање.

Се на се, позитивни импресии имам од количево доста добро изгледа и од надвор и од внатре.





Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29320
    • CARclub.mk
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #94 на: 13 Ноември 2020, 18:41:04 pm »
Јеп, генерално ги гаѓаш работите. Менувачот е конвенционален торк-конвертер аутоматик и не е толку брзо како што е било кој дуал-клач. Миииислам дека пореспонзивен е ако ставиш во Спорт, ама не знам дали колава имала mode selector, не догледувам на централната конзола. Мене лично не ми се допаѓаат ни пластичните лопатки за мењање брзини. :/

Тоа што све се контролира преку екранот иде на нерви, ама такви се трендовите. Се навикнуваш после некое време, а кај поновите модели на Peugeot е многу, многу подобро решено (иако не е идеално). Забелешката за камерата е скроз на место. Дури и кај поскапите модели им е недоволно добра.

Во моментов мислам дека 308 еден од најстарите модели во понудата на Peugeot. Мислам дека за следната година е најавен новиот.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #95 на: 26 Ноември 2020, 10:03:08 am »
Башка централната конзола е жали боже.

Штоп светлата ми се многу сексилави на моделов.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #96 на: 12 Декември 2020, 00:15:57 am »
Да не отворам друга тема. Предлог ново возило до 18-20000 евра. Не се ограничувам на тип на каросерија, пожелно е да е дизел мотор ама и не мора освен ако не троши многу бензинецот. Важно е да е удобна, тивка и да е релајабл, а не од стар да ми пројавува дефекти.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #97 на: 12 Декември 2020, 00:39:55 am »
И јас бев со сличен буџет пред 5 години и си ги прошетав убаво салоните и завршив со i30 дизел.

Денес има поголем избор турбобензинчиња кои би можел да ги тестираш.
Пролетва возев Фокус 1.0 и прилично ми се допадна.
Ѕирни го и Киа Сид, може и да ти остане дел од буџетот непотрошен :)

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #98 на: 12 Декември 2020, 00:50:22 am »
И јас бев со сличен буџет пред 5 години и си ги прошетав убаво салоните и завршив со i30 дизел.

Денес има поголем избор турбобензинчиња кои би можел да ги тестираш.
Пролетва возев Фокус 1.0 и прилично ми се допадна.
Ѕирни го и Киа Сид, може и да ти остане дел од буџетот непотрошен :)
Фокусот не го имам ѕирнато, некако не ми се допаѓа со обичните фарови напред а и цените во ценовникот се некако високи. Гледав хсид и на изглед е ептен фраерски, но не ми се допаѓаат некои елементи од изработката. Пластиките на браници и прагови се многу меки и има флекс ако се притисне со прст. Октавијата ми остави најголем впечаток од тоа што го гледав ама за 2.0 тди со 115 кс ми дадоа понуда од 23000 евра што ми се виде многу скапо. За 1.5 тси се двоумам бидејќи тој мотор има проблем наречен kangaroo effect кој изгледа и до денес не е решен.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14074
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #99 на: 12 Декември 2020, 08:15:02 am »
Prasanje na vreme e koga ke zavrsis so Skoda.Ustvari ti veke ja imas kupeno,samo ne si svesen. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #100 на: 12 Декември 2020, 08:28:06 am »


И јас бев со сличен буџет пред 5 години и си ги прошетав убаво салоните и завршив со i30 дизел.

Денес има поголем избор турбобензинчиња кои би можел да ги тестираш.
Пролетва возев Фокус 1.0 и прилично ми се допадна.
Ѕирни го и Киа Сид, може и да ти остане дел од буџетот непотрошен :)
Фокусот не го имам ѕирнато, некако не ми се допаѓа со обичните фарови напред а и цените во ценовникот се некако високи. Гледав хсид и на изглед е ептен фраерски, но не ми се допаѓаат некои елементи од изработката. Пластиките на браници и прагови се многу меки и има флекс ако се притисне со прст. Октавијата ми остави најголем впечаток од тоа што го гледав ама за 2.0 тди со 115 кс ми дадоа понуда од 23000 евра што ми се виде многу скапо. За 1.5 тси се двоумам бидејќи тој мотор има проблем наречен kangaroo effect кој изгледа и до денес не е решен.

Убаво си тргнал со Хцеед турбо или уште подобро Фокус. Ценовникот е од 2019 така да мора да се обратиш за цена кај нив. Види си 1.5тдци 120кс или 1.0т 125кс тоа се идеални опции, ако може со лед светла да се добие некоја цена.

Исто многу добра опција е 308 ја имаш со 1.2 130кс мислам и со 1.5 хди исто и двата се фантастични, и заедно со Фокусот коли со врвни шасии и управување. Башка 308 е поубава, има лупи на фарови, има поголем багажник. Ептен погодено. Мислам дека и со цени ќе излезат пресрет, а и за сервис се меѓу најефтините.

Од други опции погледни си и Сузуки Витара Хибрид, со потрошувачка и перформанси е многу добра. За издржливост секаде е врвна, цените се коректни, а и сервисот е доста ефтин.

Од други избори тука е и Корола Хибрид, мислам дека може да се добие океј цена сега на акција се. Само звучната изолација не е сјајна како во 308 и фокус, и Фалкен гумите се одвратни. Ама лесно се менуваат со Ханкук Кинерџи Еко така да тоа не е огромен проблем. На изглед е неверојатно добра.

Морам да ја спомнам и Џулиета 1.4т сега на акција што би требало да се погледне, како една алтернативна опција на стандардниве.

Исто како опција е и Рено Каптур, што е исто ненормално добро на изглед, со турбо мотори со сите чешити и имаат страшно добра цена.

Грубо ова се некои пологични возила што вреди да се гледаат. Може има уште некое, ама тешко.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6388
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #101 на: 12 Декември 2020, 08:29:53 am »
Тој ефект може го има 3% во тие мотори ама како и секаде се добива впечаток дека е кај сите коли така со 1.5 тси.

1.5 тси со 150кс ги мачка на леб сите со слична моќност.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4972
  • The Spartan General
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #102 на: 12 Декември 2020, 09:22:05 am »
1.5 тси со 150кс ги мачка на леб сите со слична моќност.

Јас сеуште не го разбрав тој кенгур ефект или што и да е. Досега сум имал неколку бензинци и дизели кои на многу студено време им треба половина до  цела минута комплетно да стабилизираат вртежи и респонсивност на гас во комбинација со менувач. Сум возел рент-а-кар со помалку од 2000км (значи нова и развозена) и на многу студено време го правеше истото со вртежите и тоа мини сецкање/вибрирање на вртежи.

На коли од 100+ илјади евра на студено не ги кова на 800 вртежи туку варираат додека не загрее комплетно со сите системи за “инстантно“ догревање, а не па на некоја сосема обична кола од 10к евра. Ако имаш ОБД дијагностика, провери на добро загреана кола исто варираат вртежите плус/минус 20-30 вртежи ама иглата софтверски ја пеглаат да стои мирно.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #103 на: 12 Декември 2020, 09:44:35 am »
Цитат
Гледав хсид и на изглед е ептен фраерски, но не ми се допаѓаат некои елементи од изработката. Пластиките на браници и прагови се многу меки и има флекс ако се притисне со прст.

Не ми се верува до каде може да се оди со пипкање/притискање при избор на автомобил.

Можам да разберам да се притиска шалтабла, ајде некако и лимот од каросерија, ама браниците?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3264
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #104 на: 12 Декември 2020, 12:12:04 pm »
Среќа крилата не почнале да ги стискаат, никад нова кола нема да купат :D