Автор Тема: Opel Corsa D 1.2 16V 2008  (Прочитано 6153 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1557
Одг: Opel Corsa D 1.2 16V 2008
« Одговори #15 на: Април 30, 2016, 23:32:08 pm »
Фала ти @Rakun4e, ацетонот ја извади скоро цела црвена боја, останаа мали траги. Освен тоа ги извадив и трагите од женски лак за нокти околу кваката на совозачката врата. :D

Еве што стигна пред некој ден:



Инструмент табла посимпатична од таа што ја имам поради овие сивите кругови и голем екран со борд компјутер. За проба понудив смешна цена на eBay за вакво нешто и за чудо продавачот прифати. :D

После празнициве ќе гледам да ја упасирам, треба да се направат некои измени во EEPROM-от и да се исчита нејзиниот сигурносен код. Треба да се смени и запишаната километража т.е. да си пишува ~61.000km колку што имам поминато.

За да функционира борд компјутерот ми треба левата ракета со додатните копчиња, па најверојатно ќе нарачам цел CIM модул со ракета за борд и ракета со темпомат, секако ги имам сите потребни работи за да работи темпоматот, така е многу поисплатливо. Има некоја понуда на eBay од ~50 евра со се испорака, во преговори сум со продавачот од UK.



Освен тоа, стигна и OPCOM, нарачан од кај Алија за 800 денари. Функционира одлично и дефинитивно треба секој да си има едно вакво уредче, ако не за програмирање и менување на параметри, за читање грешки ќе ви се најде.


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1557
Одг: Opel Corsa D 1.2 16V 2008
« Одговори #16 на: Јули 28, 2020, 22:44:36 pm »
Заврши неславно, но солидно се покажа во овие точно 5 години кај мене, вкупно 12.

Збогум Корсич, it's been a good ride! :)

Може клуч на темава.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 26750
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Opel Corsa D 1.2 16V 2008
« Одговори #17 на: Јули 29, 2020, 07:14:10 am »
Што и да се случило, се надевам дека ти си добар. :)