Најнови пораки

Страници: Претходна 1 ... 7 8 [9] 10 Следна
81
Возила на Членови / Одг: 2017 VW Passat B8
« Последна порака Deni на 07 Мај 2026, 12:22:01 pm »
Затоа што не е свеќица. :) Се е океј, и цената и се. Мала забуна во имињата само.
82
Генерални Муабети / Одг: Храна
« Последна порака Power to the people на 07 Мај 2026, 11:15:39 am »
Ами ако купуваш од синиот кашкавал и 2000 не стигаат.  :D
83
CARclub Тестови / Одг: CARclub Возење: BMW X3 M50 & X3 20
« Последна порака TylerMkD на 07 Мај 2026, 11:12:57 am »
Моменталната X5ка и претходната X3ка се класи над ова.


Хммм во право си...дали може вака да кажеме:

Новата X3 е во топ 3 SUV-а извадени од BMW во последната година?
84
CARclub Тестови / Одг: CARclub Возење: BMW X3 M50 & X3 20
« Последна порака andrejnaumovski на 07 Мај 2026, 11:00:55 am »
Моменталната X5ка и претходната X3ка се класи над ова.
85
Генерални Муабети / Одг: Патарини - ТАГ уред
« Последна порака TylerMkD на 07 Мај 2026, 10:56:49 am »
Имало некој промени со грчкиот таг. Страната нешто е промената и требало да се направат некој промени во  апликацијата.

Знае некој повеќе за ова? Поминал некој без проблем во последно време?

Јас бев околу 1-ви мај, немаше никакви проблеми за поминување, не гледам дека има промени во апликацијата.
Единствено ме нервира кај Грците што не кажува останата сума, ама барем имаат апликација и можеш да надополнуваш колку сакаш (а не мин 1000 денари).
86
Генерални Муабети / Одг: Велосипед
« Последна порака BraneMKD на 07 Мај 2026, 10:48:33 am »
Колку пари отидоа овие Cube со цени, а рамките уште од 2012 им се со QR (quick release). Имаат добра опрема ама рамките тапа.
87
CARclub Тестови / Одг: CARclub Возење: BMW X3 M50 & X3 20
« Последна порака TylerMkD на 07 Мај 2026, 10:46:40 am »
Не знам дали има BMW апологисти на форумов, ама автомобилов од внатре и надвор изгледа ужасно. Како оригиналната X3-ка да ја земале за основа и да ја дале на корејците во почеток на 2000-тите, односно некоја фузија меѓу X3 и iX35 од Hyundai, страшно за 2026.
Ентериерот мислам дека на слики не може да биде поодбивен, ама не ме изненадува тоа - освен периодот од 2007-2012 некаде (отприлика), BMW секогаш имале застарени или чкартни ентериери...ама барем се ваделе со одлични дизајни надвор.

Инаку знаеш дека е колата лоша кога @zeroSignal во заклучокот за да биде позитивен, едвај имплицира (не сака ни да потврди) дека може е ова најдобриот SUV од BMW...значи не од германци, не европски, не светски, него најдобар SUV можда од бренд со 5 SUV во понуда.

МОЖЕБИ.

“Најдобриот SUV од BMW? Па… Има тука нешто.“
88
Генерални Муабети / Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Последна порака Ordevski на 07 Мај 2026, 10:44:50 am »
Треба да чекам месец ипол за SYM X Jet 125 , не дека неможам да се стрпам ама ме е мисла да не испадне во Септември. Плус си ја продадов 50 cc и сега немам мотор. Гледав Kymco sky town 125 ама е со воздушно ладење и плус нема ABS. За кинезите незнам што да мислам. Кажувајте некој алтернатива за 125 cc.

Sent from my 22101316G using Tapatalk


Тоа што нема ABS е поголем проблем отколку ладењето според мене. На 2 тркала 10 пати е побитно абс отколку на кола. Јас имам Sym Јет 14 Evo 200 со воздушно и јас како тебе пред да купам се предомислував па потоа зедов малку да читам искуства од други луѓе искусни. На 40 степени се возеше лани односно денот кога го земав беше 38 памтам. Никогаш нема проблем да имаш со воздушното, на таа кубикажа и нема реална голема потреба од водено, само потенцијален дополнителен проблем, хладњак, термостати, сензор, па протекло. Рачунај ако ти се деси нешто од тоа не можеш да возиш во моментот :) Па пример ти се Wolt, не се гасат а најголем % се воздух... Тие мотори се правени да работат и на највисоки температури и по Азија и секаде. Само редовна промена на масло и тоа е. Единствен проблем може да биде ако го оставиш во место да работи 10-15 мин а е надвор 35 степена... Штом движиш нема мака. Кај воденото кога ќе упали перка на 35 степени а ќе се дешава често ако го возиш низ град рачунај нема да се седи околу него...  За таа кубикажа земај што ти фаќа око и што ти одговара на џебот и не се замарај. Само абс да има и по можност tcs, но абс мора да има.

https://www.youtube.com/watch?v=QllBhWniANE
TCS на 125цц нема потреба. Кај мене е 300цц Беверлито, ако ептен не запнеш за да се забавуваш на мазен асфалт нема шанси да пролизга, не пак 125ка со 10-15кс.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

89
Генерални Муабети / Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Последна порака stefanel984 на 07 Мај 2026, 10:14:19 am »
Пошо имам возачка А после долго кршење се одлучив за Vespа 310 GTS во тек на јули. Се думав се и свашта, за низ ск и блиски релации до СК тамам е.
90
Генерални Муабети / Одг: Храна
« Последна порака Skywalker на 07 Мај 2026, 09:57:14 am »
Веро влегуваш, излегуваш со празна торба а си потрошил 2000 денари.

Во КАМ барем ќе ја наполниш торбата
Страници: Претходна 1 ... 7 8 [9] 10 Следна