ФОРУМ.CARclub.mk

CARclub.mk ФОРУМ => Објави, известувања, комуникации со Администратори => Тема започната од: zeroSignal на 12 Февруари 2012, 11:42:43 am

Наслов: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 12 Февруари 2012, 11:42:43 am
Бидејќи трубам по постови и по приватни пораки веќе некое време, и упорно не се прифаќаат некои работи, ќе ги нагласам пак, а ќе ги додадам и во листата на правила на форумот.

Цитирање
Кога одговарате на некого, нема потреба од цитирање ако одговарате веднаш по постот. Ако одговарате после неколку постови, можете или да цитирате, или да напишете @тојитој. Нема потреба да цитирате ако на пост од 20 реда одговарате со 2 реда текст. Полесно е да напишете @тојитој или да го цитирате само релевантниот дел од постот.

Дупло постирање
Иако ова е дел од правилата, не верувам дека правилата некој ги чита. Ако сакате да одговорите на повеќе луѓе или да цитирате повеќе постови, можете да го направите тоа во еден пост. Нема потреба од пет различни постови. Ќе разберам дека ваква грешка прават нови луѓе на форумот, ама не би го очекувал од ветераните на форумов.

Back-seat модерирање
Ако сметате дека некој пост или тема не е во ред, можете да ја пријавите. Коментарите од типот на „јас мислам дека ова треба да се избрише“ се непотребни. Јас и останатите модератори ги читаме сите постови и теми на форумот, и иако може да ни се случи да ни кидне нешто, воглавно следиме што се случува.

Приватни муабети во јавни теми
Муабети од типот „еј, абе каде учиш, го знаеш ли овој или оној“ не се потребни во јавни постови, па уште бетер ако тераат оф-топик во постови во кои што не припаѓаат. За такви постови ја имате Рекла-Казала темата, а уште подобро имате приватни пораки.

Обраќање на членовите по име
Сите имаме надимаци тука кои што сме си ги избрале, и ни даваат одредена доза на анонимност, барем пред луѓето кои го читаат форумот а не се редовни, и не ги знаеме од собири и дружења. Можеби некој не сака да го викате по име јавно, кога веќе си има избрано надимак. Пред да му се обратите на некого по име, прашајте по ПП дали може да му се обратите по име јавно.

Благодарам за вниманието.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tommy на 12 Февруари 2012, 12:02:59 pm
Бидејќи трубам по постови и по приватни пораки веќе некое време, и упорно не се прифаќаат некои работи, ќе ги нагласам пак, а ќе ги додадам и во листата на правила на форумот.

Дупло постирање
Иако ова е дел од правилата, не верувам дека правилата некој ги чита. Ако сакате да одговорите на повеќе луѓе или да цитирате повеќе постови, можете да го направите тоа во еден пост. Нема потреба од пет различни постови. Ќе разберам дека ваква грешка прават нови луѓе на форумот, ама не би го очекувал од ветераните на форумов.


Благодарам за вниманието.

Мислам дека порано требаше ова се напише ...

Како и да е, вчера забележав на еден форум дека автоматски ги спојува пост под пост од ист корисник... има шанса на овој формат од форумот да се направи такво нешто, верувам дека ке ти заштеди и време и нерви...
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 12 Февруари 2012, 13:05:17 pm
Правилото за дупло постирање веќе постои во листата на правила на форумот, ама кој да ги чита. Интересна идеја за автоматско спојување, ќе разгледам, фала!
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Deni на 12 Февруари 2012, 13:06:08 pm
А нешто за лажење и тролање, нема? Или да си ги јадеме шпагетите со изворска превриена?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tommy на 12 Февруари 2012, 13:20:57 pm
@Zero, мислев на целиот текст, не сакав да го цитирам целиот, затоа и го оставив делот со двојно постирање кон идејата за автоматско спојување... :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: SaleSk на 12 Февруари 2012, 13:41:46 pm
@zeroSignal

Респекат.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Cuore Sportivo на 12 Февруари 2012, 13:48:59 pm
@SaleSk


Респекат ;D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Igor на 12 Февруари 2012, 14:03:55 pm
Зеро, најубаво да се полага испит за зачленување ;D . Ова 90% не го читаат, за double posting пред една година кажа ама гледам ретко кој го почитува.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: djidji на 12 Февруари 2012, 16:21:14 pm
Има ли можност новиот член пред да се регистрира да мора прво да ја отвори листата со правила на форумот како мандатори, па да се претстави во темата предвидена за тоа, сепак поозбилно делува така (мислев коа ќе сака да се регистрира да му се појават линкови прво до правилата, па после и до welcome страната и предлог за објава во гаража) ... ?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 12 Февруари 2012, 20:43:18 pm
Ги ставив правилата пред регистрација, секој ќе мора да ги види. Одамна планирав, Џиџи ме потсети, фала!
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Chlink на 12 Февруари 2012, 22:53:09 pm
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Deni на 13 Февруари 2012, 00:05:25 am
Трпение, спасение.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tommy на 13 Февруари 2012, 04:22:57 am
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.

 :D

(http://www.zabavax.com/wp-content/gallery/4dnevna_doza_vol68/thumbs/thumbs_dnevna_doza_vol68-0057.jpg)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Лавче-156 на 05 Мај 2012, 01:56:19 am
хаха ова најмногу важи за мене , ја мислам колку што имам грешки напраено на форумот никој нема  ;D
сериозно не дека не прочитав ама се набрзина отворам и праам грешки .
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 17 Октомври 2012, 08:47:02 am
Пак нема да ги читаат, нема шанси да успее да натераш нови членови да се замараат со правила. На никој не му успеало.

Ќе мора почесто да се предупредува, и нормално, да се има трпеливост према нај новите членови.
ќе успее ама после првата опомена... во принцип функционира така што ке му кажеш дека го направил ТОА И ТОА и се согласил дека нема да го прави кога се зачленувал со кликање на копето СЕ СОГЛАСУВАМ...
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tischläufer на 17 Октомври 2012, 09:30:39 am
Томи ти треба да си го смениш никнејмот како не би кршеле форумско правило :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Deni на 17 Октомври 2012, 09:39:08 am
Томи ти треба да си го смениш никнејмот како не би кршеле форумско правило :)
This:
Мали босанац пита своју мајку:
- Мама, мама, како компјутер зна моје име?
- Не знам Админе, не знам.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Carpathian Lord на 17 Октомври 2012, 12:09:38 pm
Btw, ...на Кајгана форумот имаа направено кога правиш quote автоматски да си се подредува. Убаво е да се побара тоа и да се среди. Многу тазе луѓе не знаат да го уредуваат quote-от.

На кајгана во рок од 1 саат секое додатно праќање на порака се вметнува во последната порака што си ја пишал на соодветната тема, освен ако некој одговорил после тебе...
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tommy на 17 Октомври 2012, 14:31:48 pm
Томи ти треба да си го смениш никнејмот како не би кршеле форумско правило :)

Мојот Никнејм е многу далеку од моето вистинско име.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 17 Октомври 2012, 15:26:00 pm
И мојот никнејм нема врска со моето име. Моите Мартин сакале да ме именуваат, ама умешал некој прсти и сеа имам бугарско име... FML
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 19 Октомври 2012, 23:03:07 pm
ах кумееееее....
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: SaleSk на 19 Октомври 2012, 23:04:43 pm
И мојот никнејм нема врска со моето име. Моите Мартин сакале да ме именуваат, ама умешал некој прсти и сеа имам бугарско име... FML

Go krstile ALFA :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 19 Октомври 2012, 23:17:50 pm


Go krstile ALFA мажјак :)

поправено :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 26 Јули 2013, 09:46:15 am
Мала објава:

Иако е и до сега спомнато неколку пати, сега ќе објавам официјално.

Од денес, постови кои ќе содржат само „+1“ или нешто во тој стил ќе бидат бришени on sight. Ништо лично, ама нема никаква корист во тие постови.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Simo - Carrier159 на 26 Јули 2013, 10:13:38 am
Како ми доаѓа да ти лупнам едно +1 на ова... :D :D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tischläufer на 26 Јули 2013, 10:14:24 am
Хаха, кој е тој педер бе што пишува +1 ;D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Pal Zileri на 26 Јули 2013, 11:54:05 am
Ако се сложувам со неговото мислење,што да пишам  ???
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 26 Јули 2013, 12:02:26 pm
Ако се сложувам со неговото мислење,што да пишам  ???

-и јас се согласувам

-потполно си во право

-и јас така мислам

-баш тоа сакав да го кажам

-ми ги читаш мислите

-многу вистина има во твојов текст

-........

бидете креативни во зборовите...
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Pal Zileri на 26 Јули 2013, 12:04:01 pm
Фала ќе ги имам предлозите на ум ;)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Banzai на 26 Јули 2013, 12:07:02 pm
Kopiraj gi vo word dokument, da ne pamtis :)

Inace i mene mi e glupo osobeno koga ke zaredat +100000000000000. Poentata na +1 e deka istoto go mislis, pa da ne go povtoruvas toa ili da ne pisuvas nekoj od izrazite na onak. A plus milion nema nikakva poenta, samo plus eden moze i treba da bide :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Pal Zileri на 26 Јули 2013, 12:14:15 pm
Епа сега останува или се брише ? Договерете се како модератори или има двојно раководство ?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Banzai на 26 Јули 2013, 12:15:51 pm
Zero e glaven, a i se zabeguva so toa +1, taka da no more +1 i sl :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Sportex на 26 Јули 2013, 12:16:29 pm
Ако се сложувам со неговото мислење,што да пишам  ???

 Edno "taka e" ke zavrsi rabota ! ;D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Simo - Carrier159 на 26 Јули 2013, 12:18:01 pm
Се` што е поголемо од +1 е Амди Бајрам :D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: marjanot на 26 Јули 2013, 14:54:30 pm
Мене па исто ми е дали некој ќе напише +1 или ќе напише, така е, исто мислам, потпис, печат, штембиљ и се согласувам.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Sportex на 26 Јули 2013, 15:07:17 pm
A oti ne pisuvate i - 1 zosto samo +1 ???

Zosto samo istomislenicite moraat javno da se deklariraat, zosto ne i onie sto porazlicno mislat?  :D

Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: velestrumf на 26 Јули 2013, 15:11:40 pm
„+1“ постови немаат поента да стојат само така, и ќе бидат бришени. Ако има нешто после „+1“-от, ќе биде оставено.

Ако некој толку се ложи на „+1“, постои Google+.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 26 Јули 2013, 23:19:57 pm
Нема опција платформата на која е форумов да се даваат благодарности на мислењата или слично?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 26 Јули 2013, 23:45:42 pm
имаш тема за заблагодарување... само треба да частиш нешто макар и виртуелно, а вие гостиварците сте бетер од тетовците кои пак се бетер од евреите а кои пак се бетер и од власите по прашање на частење... ;D ;D ;D

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,636.0.html
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: djidji на 26 Јули 2013, 23:53:38 pm
Од власите мислам нема бетер, да не се вреѓаме мислам ;D
OK, нема више + 1, договорено! Крај на приказната, мада искрено мене лично не ми сметаше - некад немаш време да искоментираш, а се слагаш со претходниот ... Знам, билдање постови и сл., ама колку све ова е важно у целина не знам (Nume на пример не може да живи без +1 :D ).
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: velestrumf на 27 Јули 2013, 00:10:13 am
Нема опција платформата на која е форумов да се даваат благодарности на мислењата или слично?


Знам на што мислиш, ама мислам дека нема. Дали е можно некако да се имплементира, не би знаел.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 27 Јули 2013, 11:54:32 am
Наместо да биде "Фала", ќе се бапне +1 на тоа место, па нека ставаат сите согласни +1 без да се множат мислења.

@онак - гостиварци не се скржави, немаат што да дадат :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: SELECT на 14 Септември 2013, 08:25:59 am
сте се мачеле со „+1“, а имате "Thank you" мод за SMF... не знам дали уште ви е актуелен муабетов али сте имале елегантно решение за „проблемов“.
http://custom.simplemachines.org/mods/index.php?mod=257
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: filipv на 18 Октомври 2016, 14:27:45 pm
Ако се сложувам со неговото мислење,што да пишам  ???

Ништо.

АКО немаш да додадеш нешто што ќе ја збогати дискусијата со нови информации и/или нов аспект, ТОГАШ не пишувај ништо.

На никој не му е гајле дали ти си се согласувал со нешто или не. Не прави никаква разлика дали ќе пишеш „+1“, „така е“, „и јас така мислам“ или мини-ферман од 12 реченици кои се сведуваат на „и ја така мислам“ - и понатаму е нешто што другите само ќе го прескокнат. Тоа се вика „шум“.

Форумот служи да дискусија и/или размена на корисни-интересни-забавни информации. А „и ја така мислам“ не е ништо од тоа.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Tischläufer на 18 Октомври 2016, 14:40:51 pm
А „и ја така мислам“ не е ништо од тоа.
Корисно за улизување.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: tjolie на 18 Октомври 2016, 14:47:32 pm
Филип go ho e, you are drunk, реплицираш на пост стар више од 3 години и ваква опција не постои долго време(не знам дали постоела воопшто), ни па треба да постои. И вака има к*рајбери, така уште повеќе ке и се дигне
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Deni на 18 Октомври 2016, 14:49:27 pm
Проблемот кај поставување лајк момент на постови е што се форсира пишување на општо прифатени мислења, со цел ловење повеќе лајкови, наместо развивање на дискусија која има контроверзни мислења.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 19 Октомври 2016, 01:39:42 am
контроверзноста, баш и не е практична работа на форум... брзо после тоа преоѓа во инатење, каде нема доволно факти ни за едната ни за другата страна... ;)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 30 Декември 2016, 14:58:37 pm
Каде има проблем во контроверзност, ако се задржат поставените правила на однесување?
Досадно ќе биде ако не постојат разлики... :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: velestrumf на 19 Февруари 2018, 08:31:44 am
Наслов: Основна форумска култура.
Поставена од: MAPJAH на 19 Февруари 2018, 08:40:28 am
Многу на политика е прилогот, ама сепак заклучивме дека стратро и миле се тролови


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Ѓорѓи на 19 Февруари 2018, 16:20:05 pm
Тоа во видеото не се баш тролови, тоа се луѓе од штаб на едната или другата партија кои мора да ги оправдуваат постапките на нивните надредени. Тролање е кога ќе ти се закачи некој таков кога мисли дека си сериозен дека го хејташ и подржуваш, а ти уствари се заебаваш па го возиш поштено до крај и си фаќаш сеир. Омилени тролови овде ми се Миле, Марјан и ЗлаткоА и Симо понекогаш ;D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Simo - Carrier159 на 19 Февруари 2018, 16:39:24 pm
Ја никад не тролам!

(http://iruntheinternet.com/lulzdump/images/Han-Solo-trollface-troll-star%20wars-1300627027V.jpg)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 16:31:51 pm
Одамна ти ги прескокнувам постовите, и одбивам да ти одговорам на било што.

Само ова. Скурчено ми е. Продолжи да ме нервираш и ќе те банирам. Оди на друг форум замарај.

Jaс немам намера никого да нервирам. Тоа што некој го нервира тоа што јас го кажувам, сигурно не е заради навредување или некултура. Секогаш се обидувам културно да се однесувам и културно да комуницирам како што доликува на еден јавен форум. Не дека сум безгрешен ама срамота е мене да ме обвинуваш за несоодветно однесување. Затоа што ако има навредување во муабетите кои ме инволвираат мене тогаш барем 9 од 10 се навреди кои се упатени кон мене. На исто ниво одговарам само во ретки случаи кога повеќекратно и директно сум навредуван, а модераторите не реагират... Затоа Зеро, кога кажуваш дека те нервирам, прашај се дали те нервира моето однесување или те нервираат работите кои ги дискутирам. 

Очигледно не ти се допаѓа како размислувам. Но дали е тоа „прекршок“ или причина за банирање?
Ќе бидеш љубезен да ми укажеш на тоа кои форумски правила ги прекришив?

Впрочем воопшто не мора да ме банираш. Можам јас и самиот да си заминам, најпосле форумов не е ни прво ни последно место за комуницирање на нетов. Само прво прашај се прво каков претседан правиш со бркање на некој кој не ги крши правилата, и дали сакаш форум на кој сите исто размислуваат, место каде не треба да доаѓаат луѓе кои културно сакаат да искажат сопствени мислења и ставови. Јас барем самиот видов неколкумина добри момци кои заради вакви работи престанаа да го посетуваат форумов и тоа сами без никакво банирање, но впрочем вие тоа го знаете и подобро од мене.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 11 Февруари 2019, 20:32:38 pm
Уште некој месец правам 8 години на форумов. Сум го гледал овој форум и овој колектив како поминува низ сито, решето, добрина, убавини, помош, тролање, дупешки, буквално низ се. Сум запознал луѓе што комплетно се поклопувале со моето мислење, сум запознал луѓе што воопшто не размислувале исто.

И од едните и од другите и ден денес имам пријатели, другари, познаници и луѓе на кои можам да се потпрам, и да се потпрат на мене и во добро и во лошо.

Заедничката точка на сите тие луѓе? Отворен ум да сослушаат и прифатат дека соговорникот има различен начин на размислување. Такви луѓе се секојдневно добродојдени на овој форум (од моја страна).

Ја не сум никој и ништо овде, ама сум доволно долго присутен да знам какви луѓе се прифатени од сите. Тие што тврдоглаво го бранат својот став до степен да се извреѓаат со некого? Такви не памтам да биле прифатени.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 20:50:54 pm
Зошто да не го браниш својот став ако си во право, не затоа што мислиш дека си во право туку и затоа што соговрникот не понудил ништо што ја побива твојата теза? Зарем Мартин, не е нечесно спрема самиот себе и пред сите други, да се повлечеш кога си во право?

Инаку за вреѓањето, ако најдеш момент каде јас прв и непредизвикано (и без коректна пауза за интервенција од модератор) сум навредил некого - те молам да ме цитираш. Пред сите ќе ти се извинам, и ќе кажам дека си во право. Но вака само ќе ти кажам дека вреѓањето го почнува некој, го толерира друг, а јас не сум ни првиот ни вториот.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: vlatko.klp на 11 Февруари 2019, 21:05:39 pm
Во право.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 11 Февруари 2019, 22:06:51 pm
Зошто да не го браниш својот став ако си во право, не затоа што мислиш дека си во право туку и затоа што соговрникот не понудил ништо што ја побива твојата теза? Зарем Мартин, не е нечесно спрема самиот себе и пред сите други, да се повлечеш кога си во право?

Ако соговорникот не понуди ништо за да те побие, ти пак не си 100% во право. Ако ја ти речам Зеро е педер и ти немаш начин да ми докажеш дека сака жени, дали Зеро е стварно педер?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 22:20:04 pm
Погрешен пример (паралела). А ако баш мора да одиме со таа паралела, тогаш во случајов некој друг ми вика дека јас сум педер а ти сметаш дека треба во духот на „пријателството“ да се согласам со тоа, или барем да премолчам. Дупло е погрешно, пошто и во двата случаи не кршам никакви форумски правила.

Се разбира можно е да грешам, во кој случај би те замолил и тебе и било кој друг, да ми ги цитира форумските правила кои ги прекршувам.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Luki Junior на 11 Февруари 2019, 22:21:25 pm
...

Абре престани да дигаш џева. Јас те бранам, ти се инаетиш како магаре пред дрвен мост.   ;D ;D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 22:31:37 pm
Чекај малку друже, ако кршам некакви форумски правила барем нека ми објаснат какви правила кршам. Ако навистина грешам, да знам да не ги кршам правилата. А ако ми се прават нефер притисоци, тогаш нека се каже јавно кои се вредностите кои се бараат на форумов па јас да си го барам чарето... Немам ништо против 90% да не се согласуваат со мене. Тоа е нивно право, дури и во очи на сите аргументи кои им се покажани. Но имам против од менаџмент да ми се прети со банирање кога се обидувам да задржам културно ниво на комуницирање додека од другата страна константно ме навредуваат. Ферплеј можеби не постои, ама што е многу многу е.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Luki Junior на 11 Февруари 2019, 22:34:57 pm
Види вака, реално, немаш никакви права на туѓа интернет сопственост. Освен на твоите постови тука. Тие се твои творби (иако се под псевдоним). За се друго, немаш никакви права и џабе креваш толку џева.

Практично, олабави и олади малце. Или не олабавувај и напињај. Па ќе си го бараш чарето на друго место.

А за навредите, многу поголеми навреди имало кон тебе/кон мене/кон сите други во оваа онлајн дружина. Но, сите го гледаат светот преку искривен макарон и не го забележува никој. Јебига, живот.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 22:46:20 pm
Луки за навредите јас не се жалев, можам јас и сам да се справам со тоа. Работата е што јас сум обвинетиот  за навредување, иако се обидувам да задржам културно ниво на дискусија.

Инаку јас не претполагам дека имам било какво право на ничива интернет сопственост, па дури ни на моите постови тука. Претполагам само право на сопственото време. Пишувам што мислам, не тоа што на секој (или некој) мора да му се допадне. Ако пишување и аргументирање на сопствените мислења е причина за отсуство од овде, тогаш нека се каже тоа така јасно и гласно. Пошто секако нема да пишувам ништо друго освен тоа што го мислам, и неминовно е дека утре пак ќе дојдеме до истава ситуација. Подобро да расчистиме сега и овде.

Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: AUUU на 11 Февруари 2019, 22:50:18 pm
Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Luki Junior на 11 Февруари 2019, 22:51:48 pm
Па, како да ти кажам. Имаш проблем со прифаќање различни мислења. Па кога некој си дискутира на негов начин, му изиграваш попаметен. Некој си има негов став, па му јадеш трици за ставот. Некој си ги оправдува неговите размислувања и погледни на негов сопствен начин, па му кажуваш дека не разбира, дека е слеп, дека е глуп, дека е дел од масата, дека е непросветлен.

Самопрогласеноста за морално и интелектуално праведен сезнајко на многу луѓе им оди на нерви, затоа што ги обезвреднуваш само затоа што имаат различно мислење/став од тебе. А тоа генерално е многу неубава работа.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MartinAlfista на 11 Февруари 2019, 22:56:13 pm
Ги обезвреднуваш само затоа што имаат различно мислење/став од тебе. А тоа генерално е многу неубава работа.

Амин. Зејтин и чорапи имаш од мене ако решиш да отвараш храм за оваа религија што ја проповедаш.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 22:56:30 pm
Луки сега дигресираш во анализи на мојата маленкост. Зборуваме за почитување, или обратно - кршење, на форумските правила. Не за тоа кој како ме доживува мене и моите пишувања на форумов... Последен пат кога проверив не видов дека е кршење на правилата на форумот, имање на различно мислење.


Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?
Петров проба ама џабе, претседателот на Собранието го прогласи референдумот за нелегален уште пред да почне.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: AUUU на 11 Февруари 2019, 22:58:57 pm
Мене ми е многу криво кога наместо да се фокусираат на убави работи и помогнат со своето знаење и искуство членовите како Луки, Симо и други, си го трошат своето време и нерви за објаснување со 2-3ца самобендисани на форумов.
Истиот е случајот и со Бугар и ЛошиПатишта и со Ван.....
Луѓето си немаат попаметна работа и нервираат луѓе по форуми...
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Luki Junior на 11 Февруари 2019, 23:03:45 pm
....

Јас ти кажувам каде лежи зајакот, па ти како сакаш/како мислиш продолжи.  :) :)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 11 Февруари 2019, 23:08:24 pm
Мене ми е многу криво кога наместо да се фокусираат на убави работи и помогнат со своето знаење и искуство членовите како Луки, Симо и други, си го трошат своето време и нерви за објаснување со 2-3ца самобендисани на форумов.
Не знам дали добро те разбирам, дали предлагаш форумов да функционира како блог. Неколку луѓе да постираат текстови, а да коментираат само тие што се согласуваат со напишаното. Различни мислења не смее да има, за да не се нервираат тие што не се согласуваат?
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zlatkoa на 11 Февруари 2019, 23:09:41 pm
Јас не признавам дека некој е во право. Има да докаже дека е, а јас има да му го отежнам тоа докажување со факти.

Таков сум, бунтовник по природа, контраш, трол.

Најтемно е пред зората.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Mikius на 11 Февруари 2019, 23:13:06 pm
Луки сега дигресираш во анализи на мојата маленкост. Зборуваме за почитување, или обратно - кршење, на форумските правила. Не за тоа кој како ме доживува мене и моите пишувања на форумов... Последен пат кога проверив не видов дека е кршење на правилата на форумот, имање на различно мислење.


Van, дали ако собереме 100 потписи дека си во право ќе одјебеш и ќе не олабавиш?
Петров проба ама џабе, претседателот на Собранието го прогласи референдумот за нелегален уште пред да почне.
Постојано ни даваш квалификации на овци, ноеви и што ти ја знам, потоа кукаш зошто ние сме те анализирале и квалификувале.
Во еден пост мене ме обвини дека не сум ги вадел од уста политичарите а одтогаш веќе сигурно десет пати ТИ не ги вадиш од уста.
Некој ќе направи паралела, ти ќе ги извртиш толку што верувам и самиот не разбираш што си напишал ( токму сега со Мартин).
Што се однесува до навредите, партал правиш а сега се правиш недоветен.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: brm brm на 11 Февруари 2019, 23:30:54 pm
@Van е делумно во право, за волја на вистината, во избришаните коментари од рекла казала не започна тој со лични навреди, туку него почнаа да го наведуват.
Како било понатаму, тие што прочитале знаат.
Ок е да имаш став и да дискутираш, ама кога тоа се претвори во долгометражни постови со бесконечно реплицирање, се добива впечаток дека "го дрвиш" дека си досаден и непожелен на форум. Да знаеш да дискутираш е да знаеш да го одбраниш своето мислење со две реченици. И да знаеш кога да се повлечеш од дискусија. Оти најчесто тој што не е во право најмногу зборува.
Јас сакам дискусија, ама пост подолг од 7-8  реченици не можам да читам. И друга работа, ако некој мисли различно од вас, не значи дека треба 10 страни да се докажуаме. Ќе напишеш аргумент еден или два, сѐ што е повеќе ќе направи контра ефект.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Prof. Greenthumb на 12 Февруари 2019, 00:59:51 am
Ја мислам време е...

(http://media.giphy.com/media/Pd67q39KIdy4E/giphy.gif)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: MAPJAH на 12 Февруари 2019, 05:56:52 am
Ванче, и јас ја тупам, ама ти претера. У право беше во некои од постовите што ги прочитав додека читав и после се откажав. Овде на форумов ако се рече дека Ванчо е крив крив е. Тука најдобро е перењето кај бушав, акумулаторите на анџело, сервисот на маршер. Греењето на конан е глупост, дихтунгот е вмро, алфа светиња, а голф најголемо ѓубре. Овде нели гледаш дека мора да се прилагодиш на мислењето на таа една одбрана екипа. Луѓето со најмногу постови да земеш да ги анализираш најпаметни се во темите во кои што дури и не се прави моабет за коли. Од 20 не прочитани мислења 17 не се ни од областа на автомобилите.
Размрдаа струмичани е со головите инаку одамна немаше поставено некој таков проект. Ќе дојде човек ќе пише 2-3 поста ќе види не го прифаќаат и бега. Не гледаш ли дека се е собрано тетки на куп и државна администрација. Олабави малку, терај си на ладикур.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Simo - Carrier159 на 12 Февруари 2019, 08:11:18 am
@Принц фрли уште некоја, овие тешки дискусии не се решаваат со еден пар балони :D
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Prof. Greenthumb на 12 Февруари 2019, 23:14:24 pm
Пар не бркале работа...у реду еве триплета  ;D

(http://images.sex.com/images/pinporn/2015/03/09/620/10855105.gif)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Simo - Carrier159 на 13 Февруари 2019, 00:09:54 am
Пар не бркале работа...у реду еве триплета  ;D

(http://images.sex.com/images/pinporn/2015/03/09/620/10855105.gif)

А бе читаш ти асално?! ЕДЕН ПАР не бркаат работа.. дај фрли два пара, три пара, четири пара ;D После немало форумска култура! Е па нема кога не читате што е напишано!!!

ВАКА:

(http://rno-consultores.com/402/f380f15008f232ec058571488d1efec3.jpg)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: onak на 02 Јули 2019, 17:33:43 pm
интересно е што повеќе пати посочената “елита“ на форумов, постојано мора да има некој што ќе биде ОМРАЗЕНА ЛИЧНОСТ, личност која според нив се движи на тенка линија меѓу бан и член... едно време бев јас тоа, после беше бугар, па дихтот, па мацко, па измеѓу (околу 2 години не баш голема моја активност на форумов) незнам кој бил, ама сега е ВАН... ако убаво се сеќавам, пред 2-3 години ван беше во таа елита каде што секој збор  му се почитуваше, а сега се пљука по него...ок, никој не е цвеќе за мирисање, никој не е перфектен, но некој има моќ да заврти против една личност сите копја да бидат фрлени...
Од друга страна, повеќе пати пишав дека форумов е приватна сопственост, и на него важат правилата кои што сопственикот со администрацијата ги наметнува, или биди член или одчлени се. тоа му доаѓа како на свадба кога си, музиката свири со свој репертоар, тебе ако ти паше играј оро, ако не тргни се на страна и не сметај на другите што се забавуваат... на форумов сум член скоро од самиот почеток, а тоа се скоро 9 години, и јас видов многу промени, различни аршини на мерење за секој посебно, различни казни за иста грешка од различни луѓе, но еј, тоа е во приватниот сектор, ако ми се свиѓаш ќе те дружам ако не, кој те тркала, среќен ти пат на друга локација (форум)... за овој мој поминат период тука, запознав стотина нови луѓе, повеќето ок, но еден помал дел се поприлично дволични, а администрација не ги препознава. кога дојде кулуминацијата за непочитување према мене, се повлеков, како што се повлекоа и еден куп други “саглам“ луѓе, бидејки, како што и реков, не им се играше оро на таа музика...
Како заклучок ке кажам дека всушност, типично балканска работа е НЕКОЈ постојано да биде црна овца, постојано да биде крив и секогаш кога ке напише било што, да биде пљукан, напишаното да биде обезвреднето, само затоа што е од него напишано, па макар тоа била нај црната или нај белата вистина, ама во тој момент е лага и глупост, бидејки нели, црната овца го напишала... Сопственикот на форумов @zeroSignal во еден погоден момент (кога јас бев баниран за иста глупост и навреда која јас ја добив, а членот не беше ни јавно опоменат иако го пријавив) ми ја објасни скалата на која се мери дали некој ќе биде казнет или не, односно чекорите до кои секој член ке стигне до бан, и ок, ја прифаќам таа скала, бидејки е НЕГОВА СКАЛА, НЕГОВО БОДУВАЊЕ НА НЕГОВ ФОРУМ,кој што он го плаќа, он го одржава, он се замара со него... НАЈ ИСКРЕНО, скалата негова е долга... процесот до банирање е доста оддолжен... зеро и администрација се доста по меки од мене... јас ако се прашував, ке кинев многу порано и побрзо, ама еј, реков више, он е газда он си знае... ;) тука не важат ОПШТИ ПРАВИЛА, туку важат правилата на форумот кои се само и само за овој форум, и се дозволува премногу... или играј оро, или тргни се и не сметај... ;) и јас точно тоа и го направив, се тргнав, за да не сметам никому... е вака, одвреме навреме ќе читнам нешто, и уште поретко ке напишам нешто, бидејки и за тоа бев критикуван, дека ПРЕМНОГУ ДОЛГИ ПОСТОВИ сум пишувал... ок, тоа сум јас, така се изјаснувам, детално, прецизно и обемно, за да нема грешно разбрани текстови и реченици, а тоа сметало на некои членови, кои искрено, не ни знам дали се сеуште тука активни и присутни...

позз срцки, сите ве сакам... ;)
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: vlatko.klp на 02 Јули 2019, 18:27:52 pm
На ван секој збор му се почитувал пред 2 години? :D Изгледа за кајгана да не правиш муабет. Уште кога почна да се расфрла со глупости за гмо и геополитика се виде дека типот нема допир со реалноста. Иначе да, се согласувам со ова што си го напишал генерално, особено за дволичноста.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Van на 06 Јули 2019, 09:38:19 am
Сопственикот на форумов @zeroSignal во еден погоден момент (кога јас бев баниран за иста глупост и навреда која јас ја добив, а членот не беше ни јавно опоменат иако го пријавив) ми ја објасни скалата на која се мери дали некој ќе биде казнет или не...
Oва се би било во ред - кога би се применувало еднакво за сите членови и неселективно.
Но правилата не се применуваат еднакво за сите и се применуваат селективно само за некој.

И тука лежи проблемот. Пошто и како се друго така и форумов е одраз на општеството и државата во која живееме, а овде живееме во општеството и држава каде истите закони не важат исто за сите, и се применуваат селективно. Или уште полошо, тие што се на власт прават што сакаат без разлика на законите и правилата (а истото важи за сите влади што биле на власт досега).

Како во државата така и по форумиве. Мене и јавно ми кажаа дека ќе ме банираат иако таму не прекршив ниту едно (напишано) форумско правило. Кој не ми верува а го интересира, нека ми ги пребара последните постови од пред неколку месеци после кои им објаснив дека не ми е никаков проблем јас и самиот да се одстранам од форумов. Пошто голем е интернетов и постои конкуренција за времето кое го вложуваме, и постојат места кои повеќе си ги ценат корисниците.



Цитат
...односно чекорите до кои секој член ке стигне до бан, и ок, ја прифаќам таа скала, бидејки е НЕГОВА СКАЛА, НЕГОВО БОДУВАЊЕ НА НЕГОВ ФОРУМ,кој што он го плаќа, он го одржава, он се замара со него.
Точно е дека негов е форумот. Само на крајот на краиштата ниеден форум не вреди ништо без корисниците на форумот... Па затоа секој сам нека си донесе заклучок каде води односот кој ги брка и ги демотивира корисниците да го користат форумот. Исто како што секој за себе одлучува каде ќе го троши времето за онлајн дисксусии.

Но да не должам ете подолу цитат во кој Марјан прилично (по)добро успева да ја сублимира суштината на работите:

Овде на форумов ако се рече дека Ванчо е крив крив е. Тука најдобро е перењето кај бушав, акумулаторите на анџело, сервисот на маршер. Греењето на конан е глупост, дихтунгот е вмро, алфа светиња, а голф најголемо ѓубре. Овде нели гледаш дека мора да се прилагодиш на мислењето на таа една одбрана екипа.
...
Ќе дојде човек ќе пише 2-3 поста ќе види не го прифаќаат и бега. Не гледаш ли дека се е собрано тетки на куп и државна администрација. Олабави малку, терај си на ладикур.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: stefanel984 на 01 Март 2023, 20:27:24 pm
Ве молам да си го приберете членот @Vlatce-Vectra . Бан нешо да попие нема смисла. Пронајден во пост, си ја ишка мувата од капата и вреѓа.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Redneck на 01 Март 2023, 21:21:19 pm
Ве молам да си го приберете членот @Vlatce-Vectra . Бан нешо да попие нема смисла. Пронајден во пост, си ја ишка мувата од капата и вреѓа.
Бизнисмениште да се прибереш ти, Влатче си е супер и ретко реално ликче во денешно време покрај сите егоисти.



Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: stefanel984 на 01 Март 2023, 21:28:29 pm
Шо си пуштил и песови, санки твитер е. ОК. Мислам дека не е во ред ваквиот начин на комуникација. И се надевам админите ќе го решат проблемот. Толкуод мене. Лека ноќ.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 01 Март 2023, 22:02:01 pm
Дечки, ај колективно олабавете со личните навреди и терајте нормална дискусија. Ако сакате да се пцуете, можете и на друго место. Благодарам.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: nestor04 на 30 Јули 2023, 15:51:45 pm
Можеби ќе бидам долг, но сакам да се искажам.
Пред сѐ голема благодарност за дружбата на форумот, а и надвор од него. Култура 0, однесување 0.
Се напаѓаме Македонци меѓусебно. Член сум на многу форуми и најверојатно таму ќе продолжам со мислења. Конкретно форумите drive2.ru, opelteamserbia.com и останати други ми оставиле впечаток како треба да изгледа еден форум на кој пред сѐ се има основна форумска култура, без ниедна навреда (се случува еднаш месечно подбивање и се заработува перманентен бан). Се почитува туѓото мислење и не се подбиваат со никого групно. На овој форум дознав како е да си странец во својата држава. Пак ќе го напишам тоа што го напишав во тема каде што не беше местото за пишување такви нешта.
Не сум навредил никој освен Саше и јавно се извинив за тоа и пибарав прошка, но веќе дојде до некој степен каде што не се издржуваше повеќе и го навредив бидејќи во секоја тема пишува против мене.
Сум средувал проблеми бесплатно на возила, имам правено ремапи бесплатни на доста членови тука, имам шверцано масла и делови во вредност од над 300€ и пак сум бил навредуван. Цел ден го поминав во читање стари постови на Бугар, Лошипатишта, Стратро, Маршер, Џиџи, Онак(најголем впечаток ми остави) и сфатив дека покрај неговото преголемо знаење за механика бил исмеван доста. Па луѓе, што сакате повеќе?
Знам луѓе кои го имале беџот легенда уште пред неколку години и го напуштиле форумот. Имам со многу од нив слични мислења и сум водел долги разговори во врска со форумскага култура на овој форум. Ќе го цитирам едниот:
"Што да ти кажам повеќе... Сељаци кои немаат ни едно возило претставено на форумот, а знаат дека туѓото не чини. Некој купил ново возило и ставил гумени патосници и наместо да му честитаат ново возило веднаш долу читаш коментар "Чамец", и уште 10 коментари под него од ист карактер. Бев долго време на форумот и откако видов во каква околина се наоѓам културно се повлеков."
Доволно ја опишува ситуацијата, културата и сељачаната на форумот.
Пробав 3 или 4 пати да се вратам на форумот со надеж дека ќе дадам сѐ од себе за да угодам на "старата гарда" на форумот, пробав да бидам несебичен и да помагам за проблеми околу електроника и слично, носење масла по набавна цена, сетови ламели од Грција, дискови, седење 24/7 на форум и прв пишував за решавање на некој проблем и среќен сум што решив 90% од проблемите без да побарам ништо за возврат освен кучтурно однесување, но за жал уште повеќе се плукаше кон мене.
Барам од класниот да ме банира во согласност со останатите членови на форумот кои се против мене. На голем дел им се извинив и им пишав приватна порака за "помирување" иако не сум навредил ни директно, ни индиректно, но за жал и на таа порака сум добил негативен одговор.

Едит: Цитирам човек што многу го ценам и кон кого на сличен начин беше лошо зборувано.
Извини Влатко што ти си во цитатов, лично немам ништо против тебе, само ја опишувам форумската култура на "завидно ниво".
Твојата дрскост и правење на сезнајко така длабоко ќе ти врати нема да си ни самиот свесен за тоа. Тврди колку што сакаш како што и јас и сите други тврдиме или делиме мислење ама не користи вокабулар како да си во сред село излезен да се препукуваш. Однапред се извинувам за мојот истресен коментар.

https://www.kamikaze-collection.com/
истото важи и за тебе,прочитај што си напишал погоре,не ти е селски вокабуларот туку рамен на еден сезнајко што мисли дека сите овци му се на број и си седи во трлото,а волкот 10 му скинал :).Години наназад се борам на форумов со такви како тебе,и еве уште напредувам,спротивно на желбата и љубомората на некои од твој "културен "ранг :) .И Камиказе го има кај нас?Ако си толку културен,ќе ја прочиташе темава прво па после ќе се истресеше со коментарот твој.Ама егото на култура не ти дозволи да признаеш дека само еден пост прочита и скина :).Да беше барем малку културен колку што се правиш ќе речеше извинете;касно се вклучив.Селани има на форумов,ама тоа не ги прави деградирани во општествово и гледам и читам дека се покултурни од тебе.Уживај си ти пак со стадото :) и јас се извинувам што морав да се симнам на твое ниво.Моментално работам кола од 50.000€.Читал човекот на форум како љубоморна група штом се појавам на форум почнуваат со плукање,па рекол ќе возам до Прилеп да видам дали е вистина,чунки таму сите се професионалци,пс решил во селово да ја донесе,туку арно што не го прочитал твојов последен пост,ќе се вратеше на Плетвар :).Пуста завист.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: Power to the people на 31 Јули 2023, 08:41:33 am
Драма!
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: AngelSK на 31 Јули 2023, 16:54:05 pm
Можеби ќе бидам долг, но сакам да се искажам.
Пред сѐ голема благодарност за дружбата на форумот, а и надвор од него. Култура 0, однесување 0.
Се напаѓаме Македонци меѓусебно. Член сум на многу форуми и најверојатно таму ќе продолжам со мислења. Конкретно форумите drive2.ru, opelteamserbia.com и останати други ми оставиле впечаток како треба да изгледа еден форум на кој пред сѐ се има основна форумска култура, без ниедна навреда (се случува еднаш месечно подбивање и се заработува перманентен бан). Се почитува туѓото мислење и не се подбиваат со никого групно. На овој форум дознав како е да си странец во својата држава. Пак ќе го напишам тоа што го напишав во тема каде што не беше местото за пишување такви нешта.
Не сум навредил никој освен Саше и јавно се извинив за тоа и пибарав прошка, но веќе дојде до некој степен каде што не се издржуваше повеќе и го навредив бидејќи во секоја тема пишува против мене.
Сум средувал проблеми бесплатно на возила, имам правено ремапи бесплатни на доста членови тука, имам шверцано масла и делови во вредност од над 300€ и пак сум бил навредуван. Цел ден го поминав во читање стари постови на Бугар, Лошипатишта, Стратро, Маршер, Џиџи, Онак(најголем впечаток ми остави) и сфатив дека покрај неговото преголемо знаење за механика бил исмеван доста. Па луѓе, што сакате повеќе?
Знам луѓе кои го имале беџот легенда уште пред неколку години и го напуштиле форумот. Имам со многу од нив слични мислења и сум водел долги разговори во врска со форумскага култура на овој форум. Ќе го цитирам едниот:
"Што да ти кажам повеќе... Сељаци кои немаат ни едно возило претставено на форумот, а знаат дека туѓото не чини. Некој купил ново возило и ставил гумени патосници и наместо да му честитаат ново возило веднаш долу читаш коментар "Чамец", и уште 10 коментари под него од ист карактер. Бев долго време на форумот и откако видов во каква околина се наоѓам културно се повлеков."
Доволно ја опишува ситуацијата, културата и сељачаната на форумот.
Пробав 3 или 4 пати да се вратам на форумот со надеж дека ќе дадам сѐ од себе за да угодам на "старата гарда" на форумот, пробав да бидам несебичен и да помагам за проблеми околу електроника и слично, носење масла по набавна цена, сетови ламели од Грција, дискови, седење 24/7 на форум и прв пишував за решавање на некој проблем и среќен сум што решив 90% од проблемите без да побарам ништо за возврат освен кучтурно однесување, но за жал уште повеќе се плукаше кон мене.
Барам од класниот да ме банира во согласност со останатите членови на форумот кои се против мене. На голем дел им се извинив и им пишав приватна порака за "помирување" иако не сум навредил ни директно, ни индиректно, но за жал и на таа порака сум добил негативен одговор.

Едит: Цитирам човек што многу го ценам и кон кого на сличен начин беше лошо зборувано.
Извини Влатко што ти си во цитатов, лично немам ништо против тебе, само ја опишувам форумската култура на "завидно ниво".
Твојата дрскост и правење на сезнајко така длабоко ќе ти врати нема да си ни самиот свесен за тоа. Тврди колку што сакаш како што и јас и сите други тврдиме или делиме мислење ама не користи вокабулар како да си во сред село излезен да се препукуваш. Однапред се извинувам за мојот истресен коментар.

https://www.kamikaze-collection.com/
истото важи и за тебе,прочитај што си напишал погоре,не ти е селски вокабуларот туку рамен на еден сезнајко што мисли дека сите овци му се на број и си седи во трлото,а волкот 10 му скинал :).Години наназад се борам на форумов со такви како тебе,и еве уште напредувам,спротивно на желбата и љубомората на некои од твој "културен "ранг :) .И Камиказе го има кај нас?Ако си толку културен,ќе ја прочиташе темава прво па после ќе се истресеше со коментарот твој.Ама егото на култура не ти дозволи да признаеш дека само еден пост прочита и скина :).Да беше барем малку културен колку што се правиш ќе речеше извинете;касно се вклучив.Селани има на форумов,ама тоа не ги прави деградирани во општествово и гледам и читам дека се покултурни од тебе.Уживај си ти пак со стадото :) и јас се извинувам што морав да се симнам на твое ниво.Моментално работам кола од 50.000€.Читал човекот на форум како љубоморна група штом се појавам на форум почнуваат со плукање,па рекол ќе возам до Прилеп да видам дали е вистина,чунки таму сите се професионалци,пс решил во селово да ја донесе,туку арно што не го прочитал твојов последен пост,ќе се вратеше на Плетвар :).Пуста завист.

Не знам како се другите форуми, али дека форумов е како куќна слава сум рекол неколку пати. 20 -тина души се активни со години и тоа е тоа.
Треба многу работа да се прошири, прво дизајнот не еволуирал со години, слика да закачиш треба 3-rd party хостинг страни да бараш па да линкаш, но, си има сопственик и веројатно си ја тера неговата политика.
Модерацијата реално е мн полабава него на други форуми, можеш да пцуеш, да се тепаш на тастатура, и никому ништо.

Мене повеќе ми "пречи" што нема повеќе содржина од аспект технички работи како што пример има на ит мк форумот, но што е тука, каков е таков е.
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: nikola_bb на 31 Јули 2023, 17:19:25 pm
Драма!
Esmeralda

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: tomaso на 31 Јули 2023, 22:39:29 pm
Televisa Presenta ....
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: stefanel984 на 02 Мај 2024, 21:08:12 pm
Abe kako the end toprva pocna temava ti sakas da ja zatvoris. Dzabe ti se sega site perenja so sredstva za mienje usta. Se iznajade gomna vo prethodnata tema za polovni koli pa kao nie so polovnjacite sme ispod sve neli mora novo da bide spored site tvoi parametri. Mal si ti uste da razberes nekoj raboti ama poleka zivotot e pred tebe. Ostaj ne nas siromasite da si ziveeme sprema dzebot nemora da ni se naturas so tvoite ubeduvanja.
Se izvinuvam do adminive za recnikot i do deckoto sto mu ja onadime temava. Ostajte go milionercevo neka ja procita temava pa brisete i negov i moj komentar da ne gnasime bez veze na Filip temava.

@zeroSignal  Ти пишав и на приватна порака, вака форум, братче не се гради. Покушаваш да објасниш нешто а тој само јаде локум. Вака и вакви луѓе ги бркаат луѓето од форум. Мислам разумни луѓе,  види колку здрави членови, кои стварно се разбираа оод автомобилизам не ти се веќе на форумов, од вакви јадци....
Наслов: Одг: Основна форумска култура.
Поставена од: zeroSignal на 02 Мај 2024, 23:05:54 pm
Пораките се избришани. Не ви го знам оригиналниот муабет, ако имате нешто лично да се разбирате, разбирајте се во ПП.

@Vlatce-Vectra - Не знам зошто го провоцираше воопшто. Можеби сте имале претходна дискусија, не сум видел. Нема потреба од ччкање.