ФОРУМ.CARclub.mk

CARclub.mk ФОРУМ => Возила на Членови => Тема започната од: Kikac на 16 Февруари 2018, 00:14:32 am

Наслов: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 16 Февруари 2018, 00:14:32 am
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...

Од фабрика излегла во 2000та година, со elegance ниво на опрема, но има многу додатна опрема која беше не пресудна но секако добредојдена во размислувањето на куповината на истото. Long story short, од опрема има следно:

-ксенон фарови
-фабрички паркинг сензори
-шибер кров
-темпомат
-електрични подвижувани предни седишта
-меморија за 3 лица на возачко седиште и воздушна лумбарна поддршка
-електрично придвижуван волан во висина и длабочина
-двозонска мануелна клима
-фабричка навигација(голем плус што доаѓа и со подобрено озвучување)
-амбиентално осветлување во кваките, кај нозете и на ретровизорот
-автоматско затемнување на ретровизори(внатре надвор)
-некое си копче кое ги држи греачите активирани и дува топол воздух додека незагрее целосно(искрено интересна ствар)
-16ки патичиња(оригинални се од ц класа w203 серија)

И останатата опрема сите ја имаме, волан, папучи за гас кочница(некои имаат и 3та папуча лево, незнам за што е таа), ЕЅР, електрика на сите стакла и ретровизори, резервно тркало и тако даље и ближе


Досега има пројдено бааѓи пројдено, али не ме отргна да не ја земам, добро е одржувана, корозија скоро и да нема, има неколку мали точки (горе кај шиберот, и две на праговите на совозачка и позади неа страна), единствени минуси се што е малку изгребана од четки/гранки/камчиња, но план е да се носи на санација за корозијата и едно полирање(најверојатно мајстор Даме ќе ја има таа чест) и тоа што 270кава има фабрички поголеми дискови и челичните бандажи со зимски гуми од старата е класа не пасуваат на оваа па се молев цело зимо да не падне снег јер летне су гуме... Потрошувачката во град се движи околу 10, во поладните денови што изминаа најмногу се искачи на 10.9 по борд, додека пак за нова година се прошетавме до Охрид и на отворено при брзина од 130 кмч покажа смешна потрошувачка нешто помалку од 5 литра. Инаку купена во декември месец, измината и беше регистрацијата, па првото нешто беше регистрација и зелен картон, додека следниот ден оставена во сервис кај Влатко и сменето потрошен материјал(масло, филтри и задни плочки), заменет нов термостат, наместена нова предница, ново црефце за сервото на воланот(беше дупнато па го губеше маслото). По неа трошкови остануваат замена на задни стабилизатори, уште еден пар бандажи на кои ќе бидат монтирани нови летни гуми, нови зимски гуми, полирање и средување ситна корозија, убава заштита со кобит на подвозје/прагови од корозија, платнени патосници и пари за гориво


Одприлика тоа е за неа, сеа ќе дојде некое сликиче од неа

(https://i.imgur.com/wMFBBtP.jpg)

(https://i.imgur.com/IVucSPe.jpg)

(https://i.imgur.com/vvh19Es.jpg)

(https://i.imgur.com/3XNYJUR.jpg)

(https://i.imgur.com/wMFBBtP.jpg)

(https://i.imgur.com/uGGWB8k.jpg)

(https://i.imgur.com/isgQjUb.jpg)

(https://i.imgur.com/RSzgR7e.jpg)

(https://i.imgur.com/GJEXOom.jpg)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: зоки-златен на 16 Февруари 2018, 00:17:24 am
Ти љубоморам, ама искрено.
Со здравје да си уживаш.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: achtung на 16 Февруари 2018, 00:22:56 am
Третата папуча од лево е рачната.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: MartinAlfista на 16 Февруари 2018, 00:30:32 am
Колиште. Единствена кола на која јас не би ја погледнал километражата при купување. Субјективно размислување - тука Мерцедес заврши со производство на Мерцедеси и премина во производство на бижутерија.*

Да ја отепаш од крузање!





*Не мора никој да се сложи со ова.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Бузуки на 16 Февруари 2018, 00:35:17 am
Топ, со здравје да се вози.. Ме интересира бучноста како е споредена со 220ката ? Со оглед на тоа дека ова е со 6 цилиндри...
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Ѓорѓи на 16 Февруари 2018, 00:38:54 am
Убава машина, со здравје да се вози до милионче или две.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 16 Февруари 2018, 00:43:57 am
Ти љубоморам, ама искрено.
Со здравје да си уживаш.

Фала ти, па да те видиме со w211/212 некоја :D

Третата папуча од лево е рачната.

хахаххаа, да да, заборавив на тој момент, али сепак мислев на кумплунг кај некои возила :D

Колиште. Единствена кола на која јас не би ја погледнал километражата при купување. Субјективно размислување - тука Мерцедес заврши со производство на Мерцедеси и премина во производство на бижутерија.*

Да ја отепаш од крузање!





*Не мора никој да се сложи со ова.

Искрено, истиот муабет и јас си го направив, реално, ретко менувам кола,во случајов се смени пошто старата е класа беше пропаднала од корозија, зимски/летен сет ап на гуми се менуваа крената на трапови, напред се молевме дигалката да не пробие праг, и кога дојде денот да ја гледам колава, прв поглед ми беше каросериски, тоа ми е побитно, не ни го прашав дечкото колку има пројдено, после тоа низ борд вртев и ја здогледав километражата и не ми беше шубе

инаку фала на честитки :D

Топ, со здравје да се вози.. Ме интересира бучноста како е споредена со 220ката ? Со оглед на тоа дека ова е со 6 цилиндри...


Јок, 270ките се 5 клипни, 320ките се редени шестаци(подоцна 3.000 доаѓаат во V форма)  а инаку бучавата е небо и земја, самиот мотор и ладен кога е е многу посмирен и порафиниран, на аутопат скоро и да не се слуша моторот, има доста изолација по неа

Инаку фала на честитките :D


Убава машина, со здравје да се вози до милионче или две.

Фала ти, поубава да си купиш :D
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: kire95 на 16 Февруари 2018, 00:55:54 am
Создравје да се вози одличен примерок другар имаше 550 000км поминато со редовни сервиси и дизни сменети безвременска машина
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: MAPJAH на 16 Февруари 2018, 05:23:59 am
Тој мотор 270ката е многу погоден. Со здравје нека се вози и уље на аутоматикот да си мењаш редовно


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: dame на 16 Февруари 2018, 06:50:29 am
AAAAAA drugar ubav primerok ti posakuvam mnogu bezgrizni km
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Dule_ на 16 Февруари 2018, 08:14:12 am
So zdravje da se vozi. Inaku kolju ima pominato zosto izgleda mnogu zacuvano.

Sent from my MI 6 using Tapatalk

Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Deni на 16 Февруари 2018, 08:17:15 am
Аутоматик ли е?
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Ipkisija Meskosa на 16 Февруари 2018, 08:31:03 am
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: D_NazGUL на 16 Февруари 2018, 09:46:06 am
Уфф одличеб крузер! Наздравје.  ;D
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Deni на 16 Февруари 2018, 09:52:07 am
Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...
Aуууууу... Благодет.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Carpathian Lord на 16 Февруари 2018, 09:53:52 am
Нема поубава работа од големолитражен дизел со добар автоматски мењач :)

Создравје да се вози. Многу безгрижни километри.

Штета само што благодетот не се гледа на овие машини во градска средина. На автопат е вистинското уживање.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: зоки-златен на 16 Февруари 2018, 10:46:10 am
Напротив, благодетот е у град.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Deni на 16 Февруари 2018, 10:47:13 am
Напротив, благодетот е у град.
Баш така.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: vlatko.klp на 16 Февруари 2018, 12:35:52 pm
Го решивме и овој проблем со карклуб експерти :)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: igor_xxxx на 16 Февруари 2018, 12:46:49 pm
Честито нова мечка, моторот само што и се разработил на оваа :)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Prof. Greenthumb на 16 Февруари 2018, 13:01:22 pm
Честито колиште :D Аутоматик = права ствар :)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 16 Февруари 2018, 17:19:51 pm
Создравје да се вози одличен примерок другар имаше 550 000км поминато со редовни сервиси и дизни сменети безвременска машина

Мерцедес бајо мој, врти до миљон ко од шала :D

Фала за честитките...
Тој мотор 270ката е многу погоден. Со здравје нека се вози и уље на аутоматикот да си мењаш редовно


Испратено од мојот прекрасен мобилен користејќи Тапаток

Фала Маце, поубав пасат да си купиш(може и артеон).. Инаку уљето сменето одма, додуше го сменил претходниот газда пред продажба али веќе кога го извадија не ќе го враќаме старото назад, па се поднапи уште едно пресно уљенце

AAAAAA drugar ubav primerok ti posakuvam mnogu bezgrizni km

Фала Даме, да се средам малце и јас со финансии, ќе те барам да пројдам да ѕирнеш што може да се полира што ќе мора на фарбање, успут да закажеме тајминг за третман

So zdravje da se vozi. Inaku kolju ima pominato zosto izgleda mnogu zacuvano.

Sent from my MI 6 using Tapatalk



Фала, поубава да си купиш

Ја купив со 370.000, до денешен ден за 2 месеца имам пројдено околу 2.000 плус

Уфф одличеб крузер! Наздравје.  ;D

Фала :D

Како што гласи насловот, скоро 2 месеца горд сопственик на (старо)ново мече, овојпат спакувано во 2.700 кубни сантиметри и 170 коњски сили, спарени со автоматски менувач со некој си квази "типтроник"...
Aуууууу... Благодет.
Нема поубава работа од големолитражен дизел со добар автоматски мењач :)

Создравје да се вози. Многу безгрижни километри.

Штета само што благодетот не се гледа на овие машини во градска средина. На автопат е вистинското уживање.


Не да е благодет, со оглед на тоа што работам во сектор дистрибуција, кога ќе влезам во тракторчево ми е уживанција, пуштено музиче цигара и крузам.... Инаку многу "мангупи" на семафори се излажале мислејќи дека е 200/220 цди па останале позади мене, и те како е користно големко-литражно аутце, забрзувањето и меѓузабрзувањето за разлика од старата 220ка се небо и земја

Честито нова мечка, моторот само што и се разработил на оваа :)

Па не баш, има бааѓички прошетано... Фала на честитки

Честито колиште :D Аутоматик = права ствар :)

Фала :D 
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Carpathian Lord на 16 Февруари 2018, 22:59:38 pm
Напротив, благодетот е у град.
3000 кубика благодет во град?
Yeeeeh right. Само што ќе ја стиснеш доаѓа семафор 😂
Автоматикот,да!
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Simo - Carrier159 на 16 Февруари 2018, 23:00:52 pm
3000+ кубици е благодет и во град и во село.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Tischläufer на 17 Февруари 2018, 00:45:35 am
Ја купив со 370.000, до денешен ден за 2 месеца имам пројдено околу 2.000 плус

Зошто не ја остави да почива во мир? Зошто ја будеше уопште? Ебате некрофилот :D
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: zeroSignal на 17 Февруари 2018, 10:52:02 am
3000+ кубици е благодет и во град и во село.

И во град, и во село, и на патиштата меѓу нив, и на одмор, и насекаде...
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Djokica на 17 Февруари 2018, 22:00:04 pm
Честито нека е, со здравје да се вози :) Кај мене е Е220 ЦДИ, па ми прави мерак, а не па ова твоето :D Колку поубаво ја личи со фабричката навигација...
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: zlatkoa на 17 Февруари 2018, 23:26:23 pm
@Kikac со здравје да те служи возилото.

370.000 на овој мотор е занемарлива километража.

Ако е добро одржуван со квалитетни консумативи и потрошен материјал, ќе немаш поголеми проблеми уште подолг период.

На 370.000 другите возила се веќе под преса поминати, 'рѓосани, или претопени во некоја железара.

Ова има за живење уште 200.000 ако добро го одржуваш и ако на време санираш површинска коризија на подвозје, која знае да се појави ако е возена по солени патишта.

Провери си ги амортизерите и држачите на мотор, другото не би требало да ти прави главоболки.

Одличен избор. Мерцедес кој што е направен да трае. Денешните модели на Мерцедес се повеќе "конфекција" и го немаат оној германски квалитет на кои што сме научени. Далеку од тоа дека денешните модели не чинат, ама овој е од оние старите "тенк", "смрт нема" возила.

Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 18 Февруари 2018, 16:51:52 pm
Ја купив со 370.000, до денешен ден за 2 месеца имам пројдено околу 2.000 плус

Зошто не ја остави да почива во мир? Зошто ја будеше уопште? Ебате некрофилот :D

Има уште потенцијал за работа у неа, не се дава

3000+ кубици е благодет и во град и во село.

И во град, и во село, и на патиштата меѓу нив, и на одмор, и насекаде...

Доволни се и 2.7, всушност све што е над 2.0 е добредојдено
Честито нека е, со здравје да се вози :) Кај мене е Е220 ЦДИ, па ми прави мерак, а не па ова твоето :D Колку поубаво ја личи со фабричката навигација...

Фала на честитките... Не да прави мерак, особено сега кога беше врнежливо, се зачудив колку лесно може да и бега "газето", треба претпазливо да ја "цапаш"

 
@Kikac со здравје да те служи возилото.

370.000 на овој мотор е занемарлива километража.

Ако е добро одржуван со квалитетни консумативи и потрошен материјал, ќе немаш поголеми проблеми уште подолг период.

На 370.000 другите возила се веќе под преса поминати, 'рѓосани, или претопени во некоја железара.

Ова има за живење уште 200.000 ако добро го одржуваш и ако на време санираш површинска коризија на подвозје, која знае да се појави ако е возена по солени патишта.

Провери си ги амортизерите и држачите на мотор, другото не би требало да ти прави главоболки.

Одличен избор. Мерцедес кој што е направен да трае. Денешните модели на Мерцедес се повеќе "конфекција" и го немаат оној германски квалитет на кои што сме научени. Далеку од тоа дека денешните модели не чинат, ама овој е од оние старите "тенк", "смрт нема" возила.



Фала ти Злате... Погоре спомнав дека кога бев да ја гледам, првично гледав каросеријата да е "читава" па после механичкот дел, нели секако ќе се правеше сервис па не ми беше до толку за тоа... Моторот иако има 370.000 работи како маченце, преде...

Во поглед на одржување исто погоре напоменав дека во март најдоцна април ќе оди на кобитирање и на санација на ситните точки каде што има површинска корозија на средивање... После тоа во план ми е полирање и хемиско, па на крај проверка на дизни(дали ќе биде репарација или темелно чистење) и задните стабилизатори да се сменат и мислам дека тоа ќе биде тоа тоа за годинава
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Tischläufer на 18 Февруари 2018, 19:59:21 pm
Зошто репарација на дизни? Нели преде ко маче?

Абе ќумбе си земал, носи го во отпад пред да дојде време за регистрација и мерење на издувни гасови,.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Бузуки на 18 Февруари 2018, 20:03:40 pm
Ете го марјан 2ка  ::) ;D Гледај си за себе, какво сака нека е ќумбе пак е подобро од спаркот и од меганот :)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: MAPJAH на 18 Февруари 2018, 20:06:04 pm
супер е меганот, многу е на стероиди, адитиви де, стариот газда частење даде кога го продаде
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Tischläufer на 18 Февруари 2018, 20:08:41 pm
Да да, подобро е, и тоа за бајаги ;D
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 18 Февруари 2018, 20:11:01 pm
Зошто репарација на дизни? Нели преде ко маче?

Абе ќумбе си земал, носи го во отпад пред да дојде време за регистрација и мерење на издувни гасови,.


Ќе бидат вадени/репарирани чисто за мене да бидам раат, кога сакаш ќе пројдам ќе го видиш, инаку немаше да биде регистриран и годинава ако чурел ;)
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Бузуки на 18 Февруари 2018, 20:18:16 pm
Немој кикац каков и проблем да имаш не спомнувај тука.. Мене за стабилизатор 2 дена ме јадат тука :D

Утре пиши мерцедесот беше на детална проверка.. Дизните се во одлична состојба како нови, турбината вакуми едно друго перфект, предницата во одлична состојба, измерени издувни гасови и се си е во нормала.. Следни 100.000км сум раат..
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Tischläufer на 18 Февруари 2018, 20:22:16 pm
Зошто репарација на дизни? Нели преде ко маче?

Абе ќумбе си земал, носи го во отпад пред да дојде време за регистрација и мерење на издувни гасови,.


Ќе бидат вадени/репарирани чисто за мене да бидам раат, кога сакаш ќе пројдам ќе го видиш, инаку немаше да биде регистриран и годинава ако чурел ;)

Ела намини да го видам.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 18 Февруари 2018, 20:27:37 pm
Немој кикац каков и проблем да имаш не спомнувај тука.. Мене за стабилизатор 2 дена ме јадат тука :D

Утре пиши мерцедесот беше на детална проверка.. Дизните се во одлична состојба како нови, турбината вакуми едно друго перфект, предницата во одлична состојба, измерени издувни гасови и се си е во нормала.. Следни 100.000км сум раат..

Немам што да се правдам, кога ја однесов кај Влатко Бенз прва реакција после преглед "беше у мичку патер колку е сочуван само што јас немам веќе многу делови за 210" јас единствен проблем што го имав прашав тука за тоа, имено сајлата за шиберот беше скината, барав некој што работи шибери да ја смени, али нема врска, пројдено средено кај друг.. Вадење дизни и средување за наредни неколку години не го гледам како проблем, барем јас не, не би да трујам кола со адитиви
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Luki Junior на 18 Февруари 2018, 20:31:12 pm
Ако можеле таксињата во Германија да ги вртат до милион со редовно одржување, можеш и ти до 500-600к да си го возиш.
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 18 Февруари 2018, 20:42:30 pm
Ако можеле таксињата во Германија да ги вртат до милион со редовно одржување, можеш и ти до 500-600к да си го возиш.

До таа километража пре би јаc да скинам конци него "ќумбево" :D
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Tischläufer на 18 Февруари 2018, 21:34:34 pm
Ќумбиња двајцата кај се најдовте.

Злате Бенз ми е пријател, кажи ако треба нешто
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 30 Декември 2018, 01:58:06 am
Аииии сум забораил на темава...

Ништо посебно не се случува со колава, освен што пред некој ден си доби регистрација( втор пат во моја сопственост) си доби и нови челик бандажи со зимски fulda kristall montero 3, а за летни мишелин ПС3, направен основен сервис и го претапацирав таванот, како и еднаа убава длабка и гребаница од една будала што ми влезе у лента... Ај да не биде оскуден постов, еве едно сликиче од денес
(https://i.ibb.co/s37zcpP/BF4110-B6-772-D-4024-91-A8-89-D6-E4617-FCA.jpg) (https://ibb.co/h80wrxM)
Наслов: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 19 Мај 2020, 19:01:31 pm
Пајажина фатила темава...


За 1ви мај одејќи накај викендица цркна мењачот на нешто ситно под 400.000, понеделникот на 4ти товарена на шлеп и директ правец Мичо Радишани, сменет со половен, сега е путер... останува уште неделава лагер на предно лево тркало да се смени и најверојатно ќе се менуваат амортизерите

То би било то саа за саа

Sent from my iPhone XS using Tapatalk
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Filip MK на 19 Мај 2020, 20:26:09 pm
Ти кажаа од што цркнал менувачот, покрај километражата 400 к?
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 19 Мај 2020, 20:40:55 pm
Ти кажаа од што цркнал менувачот, покрај километражата 400 к?
Едноставно откажал љубов, најверојатно од нередовно сервисирање... плочата е функционална, нешто било до самата механика


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Djokica на 19 Мај 2020, 21:16:14 pm
Ајде се шо се купува со пари не се жали. Како па сеа нов мењач, уште 400 000 ќе сврти 😀
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 19 Мај 2020, 22:23:48 pm
Ајде се шо се купува со пари не се жали. Како па сеа нов мењач, уште 400 000 ќе сврти
Море се жали, планирав да си купам Пиаџо Беверли 350ка, ама се скрати буџетот


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
Наслов: Одг: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Djokica на 19 Мај 2020, 23:02:24 pm
Се ќе биде, без гајле 😁😁
Наслов: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 16 Јули 2020, 18:41:18 pm
Денес тракторов освежен, направено хемиско, имаше некои флеки од солена вода и од крзнената топка на 4ри нозе што ја иам по дома, средена цакум пакум, хемиското го правеше дечко карши Морски во Лисиче, ми лајк ит како ја средил 


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
Наслов: Mercedes Benz w210 270 cdi facelift
Поставена од: Kikac на 12 Февруари 2021, 12:09:50 pm
После 4ри години, баба го продавала кујчата, изминати многу километри заедно и убави спомени со возилцето, али морав да го пуштам да си оди


Може катанац на темава...


Sent from my iPhone using Tapatalk