ФОРУМ.CARclub.mk

CARclub.mk ФОРУМ => Возила на Членови => Тема започната од: kirilsbmw на 03 Август 2018, 21:16:03 pm

Наслов: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 03 Август 2018, 21:16:03 pm
Како што темата кажува да ја претставам најдобрата кола во свет... со други зборови колата што реално ја почна промената и покажа дека колите можат и на струја... не дека нема и други обиди но мислам дека приус е првата комерцијална успешна во тоа кола хибрид...
     
 Малце за мојава сеа. 2007ма година ја купив со некојси 190,000км реално супер одржувана но возена претежно во урбани средини и со тоа низа гребнатини на сите страни кој даваат карактер на колата... зошто се одлучив да земам постар модел а не некој нов со малце км... затоа што не бев сигурен дека ке ми се свиѓа и да можам лесно да продадам а да не изгубам многу пари... Го имам веке две недели и поминато повеке од 2000км... и до сега можам да кажам дека сум презадоволен од колава...  има keyless access, доволно е клучот во џеб и се отклучува можеш да возис итн... ретровизори што се затемнуваат со далечинско за гаражата, ЈБЛ аудио, климата е на електромотор, така и кога си во место низ град и изгасен бензинскиот мотор односно стоиш или возиш на електричен климата си работи супер.

 првиот ден кога ја купив и сменив гуми некој си амерички даглас што се повеке од супер за колава, тие што беа на колата беа ок не тресеа или слично но според тоа колку возам сакав нови гуми и да не се замарам за тоа бар една година...
 Потрошувачка се движи од 4,2 низ град до 4,8 на отворено.

 За вожњата, ако спортска вожна на кола се наога на врвот на северниот пол оваа кола си дреме на крајот од јужниот пол и не ја интересира што има на другата страна,  меѓутоа е многу удобна тивка, ЦВТ мењачот работи перфектно иако треба некое време навикнување... и најдобро од све низ град коа ке заглавиш и си дремеш у кола без ниакви вибрации затоа што бензинкиот е изгасен и си возиш тргни застани само на струја е најдоброто чуство на свет.

 еве некоја слика

(https://i.imgur.com/dkhU1uF.jpg)
(https://i.imgur.com/YBnK9XA.jpg)
(https://i.imgur.com/0s4zZji.jpg)
(https://i.imgur.com/76ParAx.jpg)
(https://i.imgur.com/NR9y48C.jpg)
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 03 Август 2018, 21:24:59 pm
Да додадам неколку детали...
Можеби нема спортска вожња но далеку од спора е колата како што обично се прикажува. Бензинскиот 1,5 со CVT менувачот, заедно со електричниот мотор помагаат на колата сосема солидно да забрзува да нема никаква мака на угорници и да си вози по цел ден на автопат ако треба со 120-140.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: Deni на 03 Август 2018, 21:48:12 pm
И тоа рачунај ова е стар модел. После овој тој со острите фарови е врв. А тек на новиов Приус Прајм е стакло.

Аткинсон мотор на бензин и мали батеривки е очигледно то решение за кола.

CVT и автоматскиот благодет е дел од тоа што прави толку добро да се чувствуваш во колава.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 04 Август 2018, 00:48:44 am
Deni  искрено возев од новиот модел за малце ке земев таков 2011год со само 60,000 поминати за  10,000 стварно добра, супер изгледа има 1,8 мотор ама некако по тешко се чуствуваше...
 а исто така ова е муабет што го напраив со Убер возач у Њу Јорк... он имаше ваков ист 2007 година во тој што се возев и имаше поминато 288,000 милји и тоа низ NYC, колава работеше перфектно од таму и ми дојде идеата за приус. Човеков имал ми кажување 2011 приус и дека многу позадоволен од стариот во однос на релајабилити и трошоци околу кола..
 Искрено следна кола што ке земам за дејли пак ке биде некој хибрид можеби лексус, искрено со потрошувачката можам да си купам и друга кола за кејф.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: MarceCvarce на 04 Август 2018, 09:10:09 am
Со здравје да си ја возиш. Баш бев скептик околу тоа колку и како траат батерии и се останато на колава ама очигледно тојота си мислат на се. 200к км 10 години стара изгледа стварно сочувано. Баш ќе ја следам темава со мерак
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: zvonkog на 04 Август 2018, 11:05:28 am
go green!!! со лесно да си ја возиш!
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 04 Август 2018, 21:50:35 pm
Фала на убавите зборовите дечки, приусот стварно е во супер состојба денес сменив свекици затоа што неможев да најдам во сервисна историја кога точно биле сменети последен пат ставив NGK Iridium IX презадоволен сум од тие свекици ги ставам на скоро сите коли (нормално различна бројка според каталог) исто така ми фалеше и една пластика на едно тркало најдов денес и колата си вози супер.

Иначе Звоне апдејт... Ја продадов X5 пред некое време доста беше, супер возило но се осеќа тежина иако имаше некој си 270 коња или незнам не беше тоа што сакав, но знам дека сакав кола со погон на 4 и да можам да товарам ствари у гепек и врз колата. Така налетав на ова е90 325xi тука го водат ко спорт вагон а нема ни спорт пакет. Сакав да најдам со мануелен менувач но тоа мисија невозможна испадна ... Инаку презадоволен од е91, многу спортска вожна мислам дека го има најдобриот звук на 6так повеке ми се допага и од претходните М52-54 мотори. Од опрема има кожа, круз контрол со авто стоп итн...  има некој ситници кој планирам да ги средам, баш денес земав ОЕМ украси на издувот што се монитраат на сликава ги нема, сменив улје кастрол еџ 0w-40 филтер за улје, воздух полен.... Се мислам за сервис на аутоматикот...  исто така планирам на пролет некој 18" тркала, и во зависност како ке изгледа со тие тркала ке размислувам дали ке ставам нови федери и слично...

(https://i.imgur.com/i0zxEc5.jpg)
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: zvonkog на 05 Август 2018, 09:11:38 am
мх мх мх ммммммм, уште да беше фејслифт моделот одма лиги ми течат  ;) :D :D
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: MAPJAH на 06 Август 2018, 07:46:53 am
(https://uploads.tapatalk-cdn.com/20180806/60ccde0fa075183774aa6cc09b764e73.jpg)
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 06 Август 2018, 15:26:34 pm
Баш па тие со коли ко таа партал праат  ;D ::) ::)
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: ficomk на 06 Август 2018, 15:29:53 pm
ама педери све :))))
се зезам, со арно да си ја возиш, и долго да те служи.
Го имам возено неколку пати поновиот модел, имаме службена, и си сака навикнување колата со тоа аутоматикот, али затоа дисплејот и сите други информации се доста интересни, незнам како е кај твојата, што све има како инфо.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 06 Август 2018, 15:46:38 pm
Во право си за навикнувањето, дефинитивно е друго чуството, но откако ке се навикнеш мислам дека нема болје кола за дејли и низ град и гужви, посебно дека нема никаков звук или вибрации додека стоиш или се движиш до некоја брзина.
Мојава на големиот дисплеј ко што го имам на сликата можам да контролирам се, радиото, климата, главно мени, просечна потрошувачка, дисплеј со кој мотор работи во моментот и дали се полнат батерии, исто има навигација, потсетник за одржување, телефон, стварно има еден куп работи искрено уште ги немам сите прочепкано. На другиот дисплеј покажува сите останати информации ко на нормална кола.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: MAPJAH на 06 Август 2018, 15:52:02 pm
Баш па тие со коли ко таа партал праат  ;D ::) ::)

Се шала малку, со здравје да се вози, мислам дека следна кола доколку би имало за сумата која што ќе ја имам би погледнал и хибрид. Сега веќе не ги прават и толку грди ко порано.
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 06 Август 2018, 21:35:05 pm
Сеа веке не ги праат грди ко порано... Само приусот беше порано, да не сакаш да кажеш нешто  :) :) :D .... Шала на страна супер е колата јас ја земав да видам како ке ми се свиѓа, ама сериозно почнав да размислувам за некој понов хибрид, пример лексус... Незнам дал би им верувал на другиве марки хибриди
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: MAPJAH на 06 Август 2018, 21:55:10 pm
Сакав и ја да пишам дека сакам лексус, ама ај си викам да не си правам бајрам со паметот.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: MarceCvarce на 06 Август 2018, 21:57:22 pm
Camry Hybrid фостои?
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: DimitarMK на 06 Август 2018, 22:23:35 pm
Со здравје да си ја возиш.  И јас би Приус, под услов да е plug-in.  :)
Наслов: Одг: The best car in the world - Prius
Поставена од: kirilsbmw на 06 Август 2018, 22:42:00 pm
Да да постои Camry Hybrid, ама ич не ми се свиѓа како изгледа... у принцип има хибриди од скоро сите коли таа класа, Хјундаи соната, Хонда акорд, форд фусион ( ко мондео) бмв 330е итн...  ама некако најмногу доверба имам на Тојота или можда хонда, другиве имаат мака нормални коли со електрониката да ги средат не па хибриди :D
  дизелите не се многу омилени тука, и многу тешко се наога некој дизел затоа и не ги разсмилувам ко варијанта.