ФОРУМ.CARclub.mk

Автомобили => Половни Автомобили => Тема започната од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 18:30:39 pm

Наслов: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 18:30:39 pm
На план сум да купам голф 4 1.4 16в 75 кс бензин 1999 год и да му ставам плински уред па ме интересираат ваши мислења и искуства со тој модел, како што се потрошња на гориво цена на ребрест сет, цена на рамења спони  лагери и слични работи некои викаат дека троши уље некои викаат не па мислам дека овде има покомпетентни да одговорат на овие прашања. П.С. Не сум љубител на големи брзини и ептен стартни коли
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 18:38:54 pm
Барај Астра Г бензинец,голф само 1.9 Тди 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 18:43:09 pm
Атра г не беше со 3 врати? А и имав опел вектра и сега не сакам да земам пак опел. не знам ни јас зошто ама некако ме влече голф 4 и строго бензин(плин)
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 19:10:20 pm
Има со 3 и 5 врати,јас ја имав 8 години,супер возило,лесно и евтино за одржавање,само зависи колкав буџед имаш...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 19:18:26 pm
Па не знам вектрата кај мене не се покажа баш ефтина за одржавање, на пример заден лагер е 150 евра, сет ребраст 200 евра, а сега сакам да земам голф 4 бензин да го возам околу 2 год и би издвоил до 2000 евра
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: зоки-златен на 15 Ноември 2018, 19:32:57 pm
Незнам интернетот што вели, ама луѓе што знам да возат Голф со овој мотор, никој нема пофални зборови за истиот, нема ни на еден што му се погодил да сум чул.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: DarthJe5us на 15 Ноември 2018, 20:29:29 pm
1.4 и 1.6 не зимај, ако сакаш бензинец се над 1.6 е добро. Најдобро е 1.8т или 2.3(170) или 2.8.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 20:30:33 pm
Друже незнам шо очекуваш дека ке земеш за 2000€...
Пошо и јас гледав ама "нема" 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: MAPJAH на 15 Ноември 2018, 21:10:31 pm
За 2000еур некоја тешка канта ќе биде

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 21:17:55 pm
Искрено за голф 4 не би дал повеќе од 2000, мислам дека не вреди повеќе па не знам каков да е сочуван, ако веќе давам повеќе пари би земал голф 5, ама сега сакам да земам 4 не знам ни јас зошто запнав ама ми фати нешто око и затоа прашав кој има искуство со тој модел. На странски форуми се 50:50 едни викаат не едни викаат дека е супер. Мене ми беше да не е ептен скап да речеме сет ребраст со водна пумпа зошто сакам чим земам одма да го сменам а на вектрата ми беше 200 евра, лагер заден ми беше 150 евра
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 21:19:16 pm
Па 200 € ако ти е многу за тој сервис тогаш барај голф 3....

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 22:03:08 pm
Во ред е се ама како што сите знаеме дека француските коли се најскапи за одржување а на пежо 206 тој сервис кошта не повеќе од 100 евра со работна рака сепак е многу
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: nikola_bb на 15 Ноември 2018, 22:42:45 pm
Добар виц е ова дека француските најскапи биле за одржавање...
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Bokica на 15 Ноември 2018, 22:52:29 pm
со овие стереотипи ќе купиш некој тежок крш и дупло ќе дадеш по оправање
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: MAPJAH на 15 Ноември 2018, 22:59:26 pm
Голфот е солидно возило. Ти гледаш кола стара 20 години, каква и да е ќе има проблеми, плус буџетот од 2000еур е тој што ќе те ограничи тоа да биде голф канта. И француз да е, биди спремен дека тоа ќе биде потрошена кола и ќе си повлече давачки. Солиден голф 4 (ако може да се најде таков) ќе биде околу 3500 па нагоре.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:05:44 pm
Добро ама сепак над 3500 ако зборуваме за голф 5 а голф 4 реално не вреди повеќе од 2000, како што и сам кажа околу 20 години е
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 23:06:25 pm
Најбаран ауто е голф 4,посебно тди како старее така се покачува вредноста.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:08:25 pm
Јас зборувам за бензин мотор, дизел не сакам
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:13:33 pm
А и најдов еден перфекно сочуван со сервисна книшка од германија е земен од надвор нема знаци на користење а прва фарба е моторот не се слуша како работи па затоа сакав да знам што ме очекува после, а и така не планирам да го возам не знам колку години, ми треба за 2 до 3 најмногу
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: riki_staff на 15 Ноември 2018, 23:15:11 pm
Дај барем да го видеме

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:16:37 pm
Немам слики во живо го видов ама ај утре ке му се јавам да пушти и ке ги качам овде ако може да се приачуваат слики
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:20:23 pm
Уште ова и не ве малтретирам повеќе. Ајде дајте ми вие некој предлог што да земам до оваа цена до 2000 евра. Да не биде голема кола да биде од овој тип на голф и слично, мислев таа големина да биде и најбитно мора да биде бензин или бензин/плин никако дизел
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Vlatce-Vectra на 15 Ноември 2018, 23:22:49 pm
Punto za tie pari kje zemes perfektno ocuvano. Golf kje nacekas so min 300000km pa vraten i bez znaci na koristenje.
Ete astra g,fiat stilo,fiat punto,polo,nekoja alfa....
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:25:35 pm
Што знам не сум баш по италијански коли, си мислев ако земам италијанска нешто за ова бравото што е од 2008 нагоре ама искрено не ми се даваат моментално толку пари
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Vlatce-Vectra на 15 Ноември 2018, 23:26:41 pm
Kakvo e toa bravo od 2008 pa nagore sto go ispolnuva tvojot budzet do 2000 eura englesko li so desen volan ?
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 15 Ноември 2018, 23:32:11 pm
Јас не реков дека мојот буџет е 2000 евра јас реков дека ако зимам голф 4 или слично би дал толку пари и не ми се даваат повеќе и дека рекоа за пунто реков ако зимам италијанска кола би земал само такво браво ама не ми се даваат толку пари за кола моментално и затоа е тој буџет
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: t0m1cA на 15 Ноември 2018, 23:32:35 pm
Peugeot 206, 1.4 или 1.6.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Vlatce-Vectra на 15 Ноември 2018, 23:34:39 pm
Цитат
Уште ова и не ве малтретирам повеќе. Ајде дајте ми вие некој предлог што да земам до оваа цена до 2000 евра
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: WorM на 16 Ноември 2018, 08:14:54 am
1.4 и 1.6 не зимај, ако сакаш бензинец се над 1.6 е добро. Најдобро е 1.8т или 2.3(170) или 2.8.

Браво..Му препорача коли со 5 и 6 цилиндри, а чоекот гледа што трпи плин за поефтино да се вози..

@zlatko1982

1.4 е лош мотор во голф 4ка..Троши бензин, улје повеќе од бензин. Рачунај дека троши ко 2.0.
1.6 е одличен мотор, ја би одел на овој за кај нас. Мислам со плин е одличен.

1.6 ФСИ не би ти препорачал во голф 4ка поради што се први генерации и може да бидат проблематични
1.8Т  е исто добар мотор, трпи плин и е доста моќен.
2.0 атмосферец би бил мојот избор. Голема кубикажа, трпи плин и нема да имаш проблеми со угорници. Плус нема турбина, така да поефтин за одржување. Би рекол да не те плаши кубикажата пошто меѓу 2.0 и 1.4 потрошњата може да варира од 0.5 литри.

2.3 V5 е сосем друга генерација, за крузање на поголеми брзини. Не би ти препорачал за кај нас поради што немаме такви патишта, а одржавањето на овој мотор е значително поскапо.
2.8 VR6 е посебна машина за мераклии на убав звук и празен џеб.

За крај, рачунај дека голф 4ка ти е 20 години стара кола, така да секој еден од овие мотори може да биде во солидна состојба (во најдобар случај), а најчесто во лоша. Ако имаш капацитет, би гледал понова генерација.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Mikius на 16 Ноември 2018, 08:35:38 am
Мој колега зеде Јарис 2000та за 2000евра, барем така кажува.

Колку пари, толку музика ;D
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Ѓорѓи на 16 Ноември 2018, 13:50:31 pm
Со пари за семки сакаш кола да земеш(шо би рекле бугарите), за тие пари спарк може да начекаш од прв/втор газда и евтин за одржување.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3016926
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3070583
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Кољо на 16 Ноември 2018, 17:48:45 pm
А жити се колку треба да кошта еден факинг Голф 4!? Сосем го сфаќам членот што не сака да даде повеќе од 2к еу.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk

Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 16 Ноември 2018, 18:16:20 pm
И јас сакам да го кажам тоа сите викаат стара 20 години ама пак 2000 евра биле многу малку, мене лимитот за голф 4 ми е 2к, а не реков дека не би земал нешто поскапо, само сега ми фати око овој модел на голф и затоа прашувам за него а и најискрено некако повеќе ми се допаѓа од голф 5
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Mikius на 16 Ноември 2018, 18:37:44 pm
Никој не сака да го оспори твојот избор и буџет, спорен е моментот кога прашуваш за одржување на возилото., посебно што ти е во план да го возиш некоја година само... :)
Тука се кршат копјата.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 16 Ноември 2018, 18:48:51 pm
 Не знам што е спорно тука, сакам штом го земам да му сменам каиши филтри и такви основни работи кои според мене при купување на половно возило секој треба да ги смени, е сега евтино за одржување реков дека мислев таа замена да не ме чини колку што ќе го платам возилото
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: DarthJe5us на 16 Ноември 2018, 18:54:38 pm
Ќе имаш доста ствари за средување освен големиот сервис.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Mikius на 16 Ноември 2018, 18:58:49 pm
цена на ребрест сет, цена на рамења спони  лагери и слични работи
Од ова што си го напишал, се добива поинаков впечаток, па затоа советите се такви какви што беа :)
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 16 Ноември 2018, 20:19:15 pm
1.4 и 1.6 не зимај, ако сакаш бензинец се над 1.6 е добро. Најдобро е 1.8т или 2.3(170) или 2.8.

Браво..Му препорача коли со 5 и 6 цилиндри, а чоекот гледа што трпи плин за поефтино да се вози..

@zlatko1982

1.4 е лош мотор во голф 4ка..Троши бензин, улје повеќе од бензин. Рачунај дека троши ко 2.0.
1.6 е одличен мотор, ја би одел на овој за кај нас. Мислам со плин е одличен.

1.6 ФСИ не би ти препорачал во голф 4ка поради што се први генерации и може да бидат проблематични
1.8Т  е исто добар мотор, трпи плин и е доста моќен.
2.0 атмосферец би бил мојот избор. Голема кубикажа, трпи плин и нема да имаш проблеми со угорници. Плус нема турбина, така да поефтин за одржување. Би рекол да не те плаши кубикажата пошто меѓу 2.0 и 1.4 потрошњата може да варира од 0.5 литри.

2.3 V5 е сосем друга генерација, за крузање на поголеми брзини. Не би ти препорачал за кај нас поради што немаме такви патишта, а одржавањето на овој мотор е значително поскапо.
2.8 VR6 е посебна машина за мераклии на убав звук и празен џеб.

За крај, рачунај дека голф 4ка ти е 20 години стара кола, така да секој еден од овие мотори може да биде во солидна состојба (во најдобар случај), а најчесто во лоша. Ако имаш капацитет, би гледал понова генерација.

Ваков одговор барав, благодарам WorM
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: t0m1cA на 16 Ноември 2018, 20:54:36 pm
Друже ти технички бараш кола за 1000€, и уште 1000€ за сервис.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: DarthJe5us на 16 Ноември 2018, 21:46:41 pm
1.4 и 1.6 не зимај, ако сакаш бензинец се над 1.6 е добро. Најдобро е 1.8т или 2.3(170) или 2.8.

Браво..Му препорача коли со 5 и 6 цилиндри, а чоекот гледа што трпи плин за поефтино да се вози..

@zlatko1982

1.4 е лош мотор во голф 4ка..Троши бензин, улје повеќе од бензин. Рачунај дека троши ко 2.0.
1.6 е одличен мотор, ја би одел на овој за кај нас. Мислам со плин е одличен.

1.6 ФСИ не би ти препорачал во голф 4ка поради што се први генерации и може да бидат проблематични
1.8Т  е исто добар мотор, трпи плин и е доста моќен.
2.0 атмосферец би бил мојот избор. Голема кубикажа, трпи плин и нема да имаш проблеми со угорници. Плус нема турбина, така да поефтин за одржување. Би рекол да не те плаши кубикажата пошто меѓу 2.0 и 1.4 потрошњата може да варира од 0.5 литри.

2.3 V5 е сосем друга генерација, за крузање на поголеми брзини. Не би ти препорачал за кај нас поради што немаме такви патишта, а одржавањето на овој мотор е значително поскапо.
2.8 VR6 е посебна машина за мераклии на убав звук и празен џеб.

За крај, рачунај дека голф 4ка ти е 20 години стара кола, така да секој еден од овие мотори може да биде во солидна состојба (во најдобар случај), а најчесто во лоша. Ако имаш капацитет, би гледал понова генерација.


Му препорачав кои се асални мотори, а дека имаш голема разлика во одржување и потрошувачка кај моториве, нема.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Power to the people на 17 Ноември 2018, 13:21:05 pm
Чоек од работа лани зеде голф 4 од 98/99, за 2500€ регистриран, во очајна состојба 1.9тди, ама моторот работел како саат.
Месец покасно филтри, масла, плочки, дискови, вакум пумпи, чаури, пластики, каиши и не знам уште што шо требаше и нешто шо не требаше ама не знаеа мајсторите, стигна до 3500€ за технички исправно и возливо возило.

Сега направи си ја математиката.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 17 Ноември 2018, 20:15:48 pm
Друже ти технички бараш кола за 1000€, и уште 1000€ за сервис.
Не, јас барам кола за 2000 е а сервисот си е друго
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: malinamamun на 18 Ноември 2018, 03:00:30 am
Гoлф 1.6 или пoјaк
1.4 трoшaт уље. Фaбричкa мaнa
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: MartinAlfista на 18 Ноември 2018, 16:53:33 pm
Гoлф 1.6 или пoјaк
1.4 трoшaт уље. Фaбричкa мaнa

На секои два 1.4 Голфа што трошат уље, има еден што не троши. Семејни пријатели имаат 1.4 со 380.000 километри, троши колку секоја нормална кола, 400-600 грама од промена до промена. Им се погодил, можда има врска што е увезен од Германија. :)
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Tischläufer на 18 Ноември 2018, 17:01:33 pm
Друже ти технички бараш кола за 1000€, и уште 1000€ за сервис.
Не, јас барам кола за 2000 е а сервисот си е друго

Ондак имаш Тико од 96-та година :P
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: Vlatce-Vectra на 18 Ноември 2018, 17:29:29 pm
Stegnato suzuki maruti 500 eura i taman 1500 kje ti ostanat za servis,tuning,registracija so zelen karton i eventualno 7 dena u grcka ama van sezona :)
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: NeVeNR на 18 Ноември 2018, 17:44:36 pm
Ја би одел на форд фокус бензинец 1.6 2002/2003 , во секој поглед поквалитетно изработена и склопена кола од голф 4 и астра г. Го велам тоа затоа што на времето ги имав сите овие коли, голфот и фокусот во дизелска варијанта, астрата беше 1.6 бензин, со сите имам поминато околу 60 000 км и секакви сервиси од редовни до нередовни имам правено. Фордот беше најдобар во секој поглед.
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: vladic3110 на 18 Ноември 2018, 17:47:14 pm
Друже земај си голф 1.4, ќе те дружиме низ другите теми после без гајле :Д
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: zlatko1982 на 18 Ноември 2018, 21:28:27 pm
Ја би одел на форд фокус бензинец 1.6 2002/2003 , во секој поглед поквалитетно изработена и склопена кола од голф 4 и астра г. Го велам тоа затоа што на времето ги имав сите овие коли, голфот и фокусот во дизелска варијанта, астрата беше 1.6 бензин, со сите имам поминато околу 60 000 км и секакви сервиси од редовни до нередовни имам правено. Фордот беше најдобар во секој поглед.
Искрено имам размислувано за фокус бензинец ама немам разгледано какви цени се
Наслов: Одг: Мислење за Голф 4
Поставена од: mkm на 18 Ноември 2018, 21:47:16 pm
Штом Е голф уште 4 нема мислење :)