ФОРУМ.CARclub.mk

Модификации => Аудио & Видео => Тема започната од: Nedevski на 02 Ноември 2015, 16:18:15 pm

Наслов: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Nedevski на 02 Ноември 2015, 16:18:15 pm
Здраво! Сакам да ставам звучници на задните врати на Голфецот,па ако може да ми кажете дали има инсталација и која големина на звучници треба да барам. Не знам дали се извадени или фабрички е без нив.
Фала. Have a nice day!
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: MarceCvarce на 02 Ноември 2015, 16:24:29 pm
а таму веке имаш звучници или празни ти се?

Ако ти се празни, најубаво е да си купиш елипси за позади. поубаво ке ти биде :D
Наслов: Одг:
Поставена од: Deni на 02 Ноември 2015, 16:30:37 pm
16cm се но треба и адаптери ако немаш веќе ставено.
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Nedevski на 02 Ноември 2015, 16:33:54 pm
Нема звучки позади.. Сега гледав по интернет и други некои пишуваа дека немало по голфовите звучници на задните врати па ваљда фабрички е така. Какви адаптери треба? Од каде да барам такви ?
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: SaleSk на 02 Ноември 2015, 18:34:28 pm
Адаптери имаш во VOX и во Дог, и во МИДА кај Јани.
Мислам ова се фирмите во кои треба да се јавиш и да прашаш.
Искрено ме чуди да немаш звучки на задните врати, но можда таков бил моделот.
АКо имаш радио, мислам дека имаш 90% и припрема, односно кабли за звучки во вратите.
Искрено, више не верувам никому што има а што нема.
Најдобро да се отвори и да се види.
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Nedevski на 02 Ноември 2015, 18:49:38 pm
И јас се зачудив кога видов дека нема.. Некоја препорака за добри звучки а ефтини ?! :D
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: SaleSk на 02 Ноември 2015, 19:15:34 pm
Добри а ефтини е тежок поим. Можеби Магнат ке ти завршат работа.
Во Зајко Електроникс ги има.
А ако одиш кај горе смоменативе фирми, прашај, може ке ти понудат и друга опција.

ЈАС искрено би ти препорачал да погледнеш кај овие што растураат голфови.
Фабричките се солидни и можеш да ги најдеш за добра цена. Ем не треба да бараш адаптери.
Рачунај дека само адаптерите ке те чинат некој 10-тина евра, + ефтини 16 ти се 2200+ денари, така да испод тоа не рачунај.
АКо не ги монтираш ти, + монтажа. Ако немаш и инсталација, дополнителен трошок и тоа. 8 метра кабел, ако не и 10 ке одат, по 30 денара метро 300.
 
Наслов: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: negoznam на 02 Ноември 2015, 20:20:03 pm
Адаптерите ти се 800 денари и добри JBL звучници ти се 2.290 денари додека монтажа ти е 600 ден.
Кај нас во Дог имаш 10% попуст за клабери доколку се одлучиш ние да го работиме.

Инаку цената за 17-ки од ниска~средна класа е околу 2.000 од било кој поасален производител.
Наслов: Одг:
Поставена од: Deni на 02 Ноември 2015, 20:25:50 pm
Сосе рака 4-5 банки.
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Nedevski на 02 Ноември 2015, 21:07:04 pm
Фала ви за одговорите другарчиња :)
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Диневски на 21 Септември 2016, 17:47:57 pm
Адаптерите ти се 800 денари и добри JBL звучници ти се 2.290 денари додека монтажа ти е 600 ден.
Кај нас во Дог имаш 10% попуст за клабери доколку се одлучиш ние да го работиме.

Инаку цената за 17-ки од ниска~средна класа е околу 2.000 од било кој поасален производител.

Другар може ли да ми дадеш информација исто за Passat B5.5 за предните звучници сакам да ги сменам со афтермаркет. Што имате на лагер со или без адаптери што ќе одговараат.
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: negoznam на 27 Септември 2016, 21:32:25 pm
Друже имаш 17-ки звучници од 1.990 денари па нагоре. Мој совет, доколку се користат директно на радио се JBL Stage 602 со цена од 2.090 денари(мометнално на промоција). Доколку ги имаш фабричките звучници ќе ги искористиме нив место адаптери како би ти заштедиле некој денар.
Доколку сакаш помек и избалансиран звук би ти ги препорачал Alpine SPG17-C2 со цена од 2.990 денари. Нормално за клабери си следува 10% попуст. Исто имаш ГХ серија на ЈБЛ ама се посолени, 3.490 денари.

Најубаво би било да поминеш и на лице место да одредиме што највеќе би ги задоволило твоите потреби.

Поздрав
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: amater на 23 Февруари 2017, 01:43:14 am
дали вреди да се набавуваат оригинал задни фабрички звучници, мислам дека идат во 3 дела
предните даваат добар звук, но можеби некои коаксијални би биле подобар избор за задни
или пак и напред и назад да ставам коаксијални
Наслов: Одг: Помош за задни звучки за Голф 5
Поставена од: Bicikle на 23 Февруари 2017, 01:52:15 am
Зависи од цената, не дека фабричките се подобри од јбл, магнат или што ти зннам некои добри фирми... Претежно се коаксијални ауто-звучките...
Фабрички едино ако најдеш за 2-3000 комплет.