ФОРУМ.CARclub.mk

Модификации => Работилница => Тема започната од: gOJDO на 17 Мај 2011, 01:56:21 am

Наслов: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 17 Мај 2011, 01:56:21 am
Благодарение на брзиот развој на техниката, денес имаме еден куп геџети кои можат да ни го направат животот поедноставен и да ни заштедат еден куп пари. Во контекст на тој тренд се и разно-разните MP3/WMA медиа плеери кои беа причина да се исфрли од употреба долго-време актуелниот т.н. DiscMan. Но не само таму, туку и на многу други полиња, малите MP3/WMA плеери станаа хит благодарение на минималниот простор кој го зафаќаат, квалитетот кој го нудат, брзината на пристап и премотување и, најважно, можноста за запишување на стотици пати повеќе музика на стотици пати помал во димензии медиум.

Како една негова варијанта, поврзана со целта на форумов, ќе ги споменам MP3/WMA плеерите за автомобилите. Модерните радиа и последната генерација на автомобили веќе имаат вградени USB приклучоци. Но тоа не е случајот и со фабричките аудио системи од малку постарите автомобили, дизајнирани во CD плеер ерата. Па во ваков случај за да можеме да слушаме музка од USB стикче во нашиот автомобил мораме или да го промениме целосно радиото, или на некој начин да додеме USB MP3 плеер. Промената на радиото може да значи и промена на голем дел од централната конзола, каков што е случајот со мојата Mazda 6. А таа промена, односно, афтер-маркет централна конзола со DIN или Double DIN простор за радио чини 150 евра во странство (кај нас сигурно би чинела 250). Понатаму, со промената на радиото повеќе не се во функција командите на конзолата и на воланот и единствено можеме да "баратаме" преку интерфејсот на афтер-маркет радиото.

Но денес, како што кажавме благодарение на брзиот развој на техниката и технологиите, имаме и решение за мојот случај. Постојат MP3/WMA USB плеери кои симулираат присуство на CD шаржер, при што командите си остануваат на фабричката централна конзола и на воланот. Од она што го најдов како понуда на интермец, јас го одбрав овој модел:
(http://www.wiiki-tech.com/images/v/201103/13010295561.jpg)
http://www.wiiki-tech.com/Mazda-USB-SD-MP3-Adapter_p6565.html (http://www.wiiki-tech.com/Mazda-USB-SD-MP3-Adapter_p6565.html)
Она што ми фати око е распоредот на влезовите (USB, SD, AUX in), како и можноста за AUX влез преку стандардна стерео банана.

Па, така едно попладне малерисував во куќата на докторот, која моментално е во изградба на фаза ѕидање, длетовање и молерај и наместо соодветен паричен надомест го букирав докторот да ми го закачи внатрешно, плеерот на радиото. Успут частеф и една бозаровница од 100% праска и 30% црна рибизла.

Докторот ја зеде хеблата и се зафати за работа...
(http://img848.imageshack.us/img848/6585/20110515004.jpg)
Брзо-потезно ми го раскупуса централниот дел од ентериерот на Маздата.
(http://img842.imageshack.us/img842/7387/20110515005z.jpg)
Од што беше брз, дури не ми остави ни време за да се расплачам ко чоек од мака.
(http://img195.imageshack.us/img195/5552/20110515006.jpg)
Со тага во срцето и солзи во очите гледав како ги корне потенциометрите и останатите дрангулии од некогаш драгиот ми инвентар...
(http://img156.imageshack.us/img156/1199/20110515007.jpg)
Мислев дека ќе ми ја расклопи и задната клупа сосе резервоарот за гориво, но како што образложи докторот: нема потреба да го расклопуваш резервоарот за да прикачиш џек во радиото, т.е. тоа е само губење време.
(http://img854.imageshack.us/img854/1412/20110515009.jpg)
Не знаев дали да се радувам или да плачам кога го извади радиото заедно со маската и замина кон својата работилница оставајќи ме во тага и шок да се соживувам со купусот кој ми го направи за таа една минута...
(http://img859.imageshack.us/img859/3739/20110515010.jpg)

Со надеж дека можеби има шанса нешто да се спаси, му упаднав во работилница да му крадам занат...
Беше започнал со работа, т.е. со расклопување на радиото...Морало да се уклучи тригерот за да функционира опцијата за уклучување на CD шаржерот...
(http://img542.imageshack.us/img542/9708/20110515012.jpg)
За таа цел беше потребно да направи краток спој на еден контакт, па така мораше убаво да ја соголи од амбалаж, плочката од радиото...
(http://img600.imageshack.us/img600/9568/20110515014.jpg)
Онодеше нешто со леткумот и на крај ми вика, сликај овде да видат во Мазда кој боље леми јас или роботот. Јас сликав, ама од сликата не се глеа што е лемено. Докторот вика тоа било поентата...ради, ал се не види...
(http://img839.imageshack.us/img839/2572/20110515015.jpg)

Откако го прееба и радиото, му се нафрли на плеерчето, ни криво ни кружно...
(http://img135.imageshack.us/img135/2463/20110515011.jpg)
Од вака убаво спакувано во кутија и најлон, го доведе во состојба соголена до коска...
(http://img220.imageshack.us/img220/222/20110515016.jpg)

Потоа си зеде мустра од пластичетона плеерчето и си стори нишан на дел од пластиката од централната конзола...
(http://imageshack.us/m/830/2981/20110515017.jpg)
Потоа, како што го учеа во војска: три пати мери, два пати сестра и и еднаш мајка и.
(http://imageshack.us/m/204/320/20110515019.jpg)
Како што се гледа, по мое барање и негово мислење, пристапот за SD картичка е хардверски оневозможен под изговор дека никогаш не сум користел SD картичка....
(http://img51.imageshack.us/img51/8859/20110515018.jpg)
...башка тоа ќе му било шанса да ми наплател некогаш штом решам да снимам музка на SD за во кола...
(http://imageshack.us/m/17/3536/20110515020.jpg)
Што да расправам....
(http://img194.imageshack.us/img194/3916/20110515021.jpg)
Со колкво задоволство ја дупеше пластиката, па мислам дека нема простор да не е совршено издупена...
(http://img268.imageshack.us/img268/9192/20110515022.jpg)
Конечно ми го тури плеерот на конзолата...И еве како изгледаше пред да ја врати назад во купусот...
(http://img831.imageshack.us/img831/2098/20110515025.jpg)
Естетски монтирано и поврзано, да не се брука ако некогаш некој ја расклопи конзолата и да праша "Кој го е тоа направил?"
(http://img859.imageshack.us/img859/1917/20110515024.jpg)

На крај, му се врати на купусот назад, ја врати конзолата и го расчисти купусот како ништо да не се случило....Освен што добив MP3/WMA USB плеер и стерео аудио влез.
(http://imageshack.us/m/834/6056/20110515027.jpg)
Дури и ѓубренцата кои евентуално ги поместивме при монтажата се потруди да ми ги врати во првобитната состојба, поради што бев многу радосен. :)

Поздрав до сестрите во ординација на Докторот
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: mmm121 на 17 Мај 2011, 02:40:29 am
Господ здравје да ти даде за овие информации......
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 17 Мај 2011, 07:51:51 am
ААееееееее, што добрина бре толку да ти направат...Сестрите добри ли беа???
:))))
Е па ајде со сТреќа да си го вртиш МП3 музичето во афтомобилот...
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Chlink на 17 Мај 2011, 08:26:26 am
Ова стварно докторска работа ХИРУРГ...

(http://i711.photobucket.com/albums/ww113/chlink/smiley32.gif)(http://i711.photobucket.com/albums/ww113/chlink/smiley32.gif)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: kalco на 17 Мај 2011, 09:14:41 am
Претпоставувам ова е дело на Сале мастерот ....Презицен како и увек.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: RikiRulz на 17 Мај 2011, 09:32:43 am
Браво, гојдо искрен паметен потек !
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 17 Мај 2011, 10:45:02 am
Одлична сработена работа!! Одма се нафаќам да се монтира вакво нешто на Лансер..............За да се напарај туторијал за сите таксисти, раат да си слушаат луѓето.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: BokiCivic на 17 Мај 2011, 13:45:40 pm
Odlicna instalacija
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Deni на 17 Мај 2011, 13:52:01 pm
Како се команда МП3 делот?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Chlink на 17 Мај 2011, 14:22:25 pm
Па преку самиот постоечки плеер, колку што јас сватив....
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 17 Мај 2011, 14:42:02 pm
Дени на Стоп, Плеј, Пауза, Напед, Назад, Претходна трака, Следна трака. Исто е и за Видоус медиа аудио форматот
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 17 Мај 2011, 15:11:28 pm
Ова го лажи радиото демек има цд- шаржер, а тој уствари е мп3 плеер- ЗАКОН!! Ова можи на секое возило што има приклучок за цд-шаржер?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: zeroSignal на 17 Мај 2011, 16:03:03 pm
Да, се додека го најдеш/нарачаш соодветниот кабел, или кога го нарачуваш, да го нарачаш за соодветното возило.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: djidji на 17 Мај 2011, 16:07:39 pm
WELL DONE !!! Докторе свака част, знам дека киснеш по Клиникиве, ама дека имаш олку специјализации ... :) Поздрав и No Pasaran !!! ;)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Deni на 17 Мај 2011, 16:08:34 pm
Браос!!! Сакам и јас!
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: IvO на 17 Мај 2011, 17:35:09 pm
gojdo како е со звукот дали е квалитетен како cd или ?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: marjanot на 17 Мај 2011, 17:44:04 pm
Ете зошто го немало Гојдо :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: nikola_bb на 17 Мај 2011, 19:42:41 pm
Браво ептен профи сработено
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 17 Мај 2011, 19:58:06 pm
Сеуште не го имам истестирано. Со обврски и активности сум, немам време да наснимам квалитетни MP3 па да судам.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: IvO на 17 Мај 2011, 23:43:46 pm
кога ќе испробаш кажи да не вади звук како MP3 модулаторот а не би требало  :) 
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 18 Мај 2011, 00:34:54 am
Квалитетот на звукот е како оној на квалитетен аудио систем кога правиш споредба помеѓу ЦД квалитет и МП3 квалитет...Просто објаснето...
Со модулатор звукот е најлоша комбинација, односно нешто слична како онаа комбинација каде што се употребуваше аудио касета со кабелче за да се слуша ЦД :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: google на 18 Мај 2011, 00:48:13 am
jaka rabota, nema sto...sale odlicno srabotena rabota...
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 18 Мај 2011, 03:56:09 am
Со квалитетна MP3 компресија направена од оригинален диск не постои разлика забележлива за уво во споредба со оригиналот CD.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Rakun4e на 18 Мај 2011, 03:56:57 am
Квалитетна музика...
Google=>(името на песната)+zippyshare
Повеќето се со 320 квалитет
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: AllMightyMe на 18 Мај 2011, 11:57:11 am
@ gOJDO

како го нарача ова чудо, и дали се беше ок со оглед на тоа дека странава е кинеска. И дали за испорака ти земаа дополнително пари или си беше вклучено во цената?

Поздрав

п.с. А „Докторот“ колку ти зема за монтажа. Ако е приватно пиши во ПП.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 18 Мај 2011, 20:21:00 pm
Па се компензиравме. Јас му малерисував по куќи, па за возврат ми го тури УСБ-то.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: AllMightyMe на 19 Мај 2011, 10:40:26 am
Па се компензиравме. Јас му малерисував по куќи, па за возврат ми го тури УСБ-то.

мислев на МП3 емулаторот или што и да е, дали ти го порача или и тоа беше дел од компензацијата :D :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 19 Мај 2011, 22:04:47 pm
Го порачав од e-bay, 90 долари со шипинг и мипинг.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: proff на 21 Мај 2011, 07:36:17 am
Добра работа нема што. Педантно и квалитетно. Нешто слично направив и јас на моето фабричко радио во астрата т.е. го модифицирав. Го исклучив механизмот за касети и наместо конекторот за аудио главата ставив влез за надворешен аудио уред каде што го приклучив МP3 плеерот. Сепак беше полесно мала интервенција во радиото отколку 100Е за половно оригинално радио со CD кое сепак ќе немаше AUX влез. Е сега јес да нема USB ама за нула инвестиција е повеќе од добро :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Machi009 на 15 Јули 2011, 18:40:25 pm
На Ауди А6 2004 ЦД Ченџерот за цедиња што е сакам да го извадам, но ми требаат некој специални џинџири минџири за таа намена, кај можам да ги купам во Македонија тие... ова се тие (http://pic.mk/images/869001.jpg) фала однапред.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: bu11yboy на 29 Јануари 2012, 03:06:58 am
gojdo edno prasanje! dali mozi samo na fabricko raidi da se vgradi ili mozi i na drugi radija na kako na primer imam blaupunkt munchen kako na slikata ama nema mp3 ni usb a mn go obozavam radioto za ova si dadof raadio so mp3 usb i memoriska!:D
http://www.google.com/imgres?um=1&hl=en&sa=N&biw=1366&bih=653&tbm=isch&tbnid=-TpEjV0oSYioFM:&imgrefurl=http://kleinanzeigen.ebay.de/anzeigen/s-anzeige/nordrhein-westfalen/autoteile-reifen/auto_hifi_navigation/u399624&docid=VjunLz8zL6HghM&imgurl=http://imgc.classistatic.com/cps/blnc/111201/230r1/4077ih6_23.jpeg&w=430&h=323&ei=F6kkT_u2IcSj-gauoZipCA&zoom=1&iact=hc&vpx=1066&vpy=126&dur=1118&hovh=195&hovw=259&tx=132&ty=117&sig=112752299899799582044&page=2&tbnh=137&tbnw=182&start=18&ndsp=24&ved=1t:429,r:23,s:18
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 29 Јануари 2012, 12:40:26 pm
Ако има радиото позади, приклучот за шаржер. Тогаш можи и на твоето.
Еве нешто мислам за твоето. Ова ти е AUX влез, па можиш да ставиш било што на ова. Ама не усб.

http://www.discountcarstereo.com/BLAU-8-RCA.html
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: bu11yboy на 29 Јануари 2012, 16:47:36 pm
veke mu vgradif aux ama snagata t.e zvukot se namali za 70% sto znaci mn slabo se slusa preku nego :/
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 29 Јануари 2012, 22:38:49 pm
Извини вака Бул бој, ама истото радио го имам во службениот Mitsubishi Pajero. По срање и по чкарт радио до сега не сум имал. Едноставно фрли го тоа ѓубре во канта и купи си саглам радио со MP3 плеер. Јас ќе играв така да не беше крваво прескапо вградувањето афтермаркет радио во Мазда 6. Само маска со дупка за радио чини 200 евра и мора да ја нарачам од друг континент.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: onak на 30 Јануари 2012, 00:18:34 am
јас се секвам дека негде имаше нешто како електронска картица наместо касета... наменето за касетофони. ја ставаш касетата во касетофонот, од надвор ти останува кабелче на кое ке приклучиш аудио сигнал... мислам дека и стерео беше...  и касетофонот со главата чита уствари сигнал што му го праќа таа електронска касета. е сега, колку е квалитетен тој звук, тоа е веке друга прича...
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Rakun4e на 30 Јануари 2012, 00:30:45 am
veke mu vgradif aux ama snagata t.e zvukot se namali za 70% sto znaci mn slabo se slusa preku nego :/

А да си купиш модулаторче ?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: bu11yboy на 30 Јануари 2012, 01:23:17 am
Извини вака Бул бој, ама истото радио го имам во службениот Mitsubishi Pajero. По срање и по чкарт радио до сега не сум имал. Едноставно фрли го тоа ѓубре во канта и купи си саглам радио со MP3 плеер. Јас ќе играв така да не беше крваво прескапо вградувањето афтермаркет радио во Мазда 6. Само маска со дупка за радио чини 200 евра и мора да ја нарачам од друг континент.
Уште пред да го земам знаеф што гјубре е ама толку бев влјубен во црвениот дисплеј со визулација па дури си дадоф радио со мп3.усб.мем.карт,аух! сега само нервите ми ги јади :D како и да е фала ! иначе ракунче со модулатор ми грчи вуферот :D поз
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: bu11yboy на 30 Јануари 2012, 01:24:27 am
јас се секвам дека негде имаше нешто како електронска картица наместо касета... наменето за касетофони. ја ставаш касетата во касетофонот, од надвор ти останува кабелче на кое ке приклучиш аудио сигнал... мислам дека и стерео беше...  и касетофонот со главата чита уствари сигнал што му го праќа таа електронска касета. е сега, колку е квалитетен тој звук, тоа е веке друга прича...
Доколку му треба на некој има во Алфа електроник касета со 3.5мм конектор
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Macedon на 30 Јануари 2012, 05:11:50 am
Гојдо дај пракај линк или кажувај кај да најдам вакво цудо за опел астра г 2000 год?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Marko-bmw на 25 Мај 2012, 11:39:37 am
Добра работа нема што. Педантно и квалитетно. Нешто слично направив и јас на моето фабричко радио во астрата т.е. го модифицирав. Го исклучив механизмот за касети и наместо конекторот за аудио главата ставив влез за надворешен аудио уред каде што го приклучив МP3 плеерот. Сепак беше полесно мала интервенција во радиото отколку 100Е за половно оригинално радио со CD кое сепак ќе немаше AUX влез. Е сега јес да нема USB ама за нула инвестиција е повеќе од добро :)
Јас имам радио со касета, у голема мисла сум дали да купам оригинал радио со цд иако кошта доста... Колкави се шансите да ставам јас аукс излез на мојов транзистор... ЦД и не ми врши толку работа само ќе ми се мотаат по кола а со аукс, еден ипод и чао џаци школа се крече :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Deni на 25 Мај 2012, 11:41:11 am
Не се зезај со Аукс. Ако веќе правиш модификации, направи некако да се читаат МП3. Да не правиш укључи искључи со ајподот, па батерија, па кабли... Држ недај.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 25 Мај 2012, 11:46:15 am
Јас на Алфата го откачив аукс-от од ЦД-чарџерот и закачив кабел со 3.5мм џекче. Сега бирам ЦД (во чејнџерот имам едно ЦД на рипит), го брцам ајфонот на кабелов, и терам. Једини даунсајд е ако се деси да рипне ЦД-то (на дупка или сл.) привремено прекинува саундот, исто како и кога ќе дојде на крај ЦД-то, мал прекин додека се почне пак од прва песна (еднаш на 70-тина минути) сега за сега задоволен, и од квалитетот на звукот и од релативно едноставното користење на системот :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Marko-bmw на 25 Мај 2012, 14:01:18 pm
што е најпаметно да направам ?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: MartinAlfista на 25 Мај 2012, 14:01:26 pm
Глеав туторијали за ова Симо што го правел. Кај мене нема влез за чејнџер, и сакам да прашам дали постои начин да се додаде аукс на радиото, а тоа да не е преку антена.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 25 Мај 2012, 14:32:05 pm
Јас на Алфата го откачив аукс-от од ЦД-чарџерот и закачив кабел со 3.5мм џекче. Сега бирам ЦД (во чејнџерот имам едно ЦД на рипит), го брцам ајфонот на кабелов, и терам. Једини даунсајд е ако се деси да рипне ЦД-то (на дупка или сл.) привремено прекинува саундот, исто како и кога ќе дојде на крај ЦД-то, мал прекин додека се почне пак од прва песна (еднаш на 70-тина минути) сега за сега задоволен, и од квалитетот на звукот и од релативно едноставното користење на системот :)

На кое радио? Фабричко или некое друго????

Глеав туторијали за ова Симо што го правел. Кај мене нема влез за чејнџер, и сакам да прашам дали постои начин да се додаде аукс на радиото, а тоа да не е преку антена.

Што радио?
Мада нема можност, или и да има, времето изгубено за да се направи таа модификација чини колку еден добар ДВД плеер за автомобил...
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: MartinAlfista на 25 Мај 2012, 15:16:36 pm
Pioneer DEV-2800MP е радиото. Не верувам да држи некоја висока цена за да го менувам за аукс радио, па единствено што останува е да чепкам околу него :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со мо
Поставена од: Simo - Carrier159 на 25 Мај 2012, 15:34:02 pm
@Sale, за фабричкото станува збор. Да беше лесно да се смени на 166ката со афтермаркет, немаше мајмунлуци да праам. Директ еден мп3 плеер потпишан од alpine и ќе завршев работа.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Deni на 25 Мај 2012, 17:43:14 pm
И плус немаше да ти смета дебелиот новчаник во џеб, туку ќе беше тенкичок.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 25 Мај 2012, 18:00:58 pm
@Martin....
Па имаш мп3 да чита цд плеерот...Што ке ти е усб? Заеби тие сра*а...
На мојот има све, па највише сакам ЦД коа ке си пуштам...

@Simo
Мислев да не ти е некое друго радио...На пример кај пионир постои можност да се активира аукс влезот и без шаржер...Мене така претходно ми беше направено радиото...У касета плеер со 4гига меморија и музика, на тач, единствено што мораш преку плеерот да менуваш песнички...
Иначе сосема задоволително свиреше...Квалитетен звук дава, во зависност од квалитетот на снимениот материјал...

Сега имам овакво чудо, и добро е у пм :))
Има се...И најважно хендс фри :)
И стално си оди со мене :)) Ја у кола, оно у кола...ја надвор и оно надвор :))

(http://www.autoprestige-autoradio.fr/images/kenwood/KDC-BT50U.jpg)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: MartinAlfista на 25 Мај 2012, 18:07:09 pm
AUX сакам, усб не ми треба.
Плус за ЦД здосадува една плејлиста по некое време. Вака ќе си сменам што не ми чини и топ. Али во нареден живот изглеа :D
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Rakun4e на 25 Мај 2012, 18:09:41 pm
AUX сакам, усб не ми треба.
Плус за ЦД здосадува една плејлиста по некое време. Вака ќе си сменам што не ми чини и топ. Али во нареден живот изглеа :D

Си слушнал за CD-RW ?  ;D
Кога ке ти здосади снимаш друго на него и тераш.
Брачедот со едно CD-RW еве го фура веќе 5 - 6 години :D
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 25 Мај 2012, 19:27:58 pm
Мојот фабрички чарџер не ги поштуе CD-RW, само квалитетно CD-R, друго ништо. Така да оваа опција, тртни едно CD со 70-тина минути што сакаш, а на аукс-от од чарџерот „презентирај“ mp3 плеер (во мојот случај IPhone, кој е бољи плеер од телефон), за мене е многу добра, скоро одлична! :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Tome-Colt на 25 Мај 2012, 19:43:37 pm
А и звукот морам да признаам дека не е лош :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 25 Мај 2012, 21:35:44 pm
Фали малку бас, ама јас сум крив, не сакам да се малтретирам со вадење/ставање вуфер у гепек стално кога треба количка за дете да носам. Како и да е, за некој ден се надевам ќе го решам и тој проблем со басот, набавени се 2x20cm 90w RMS звучници за задните полици, со фреквентен опсег доволно добар за да „пуштат“ бас. А ако не го биде и тоа, ќе биде некој (или два) вуфер(и) за под седиште.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 25 Мај 2012, 21:43:24 pm
Kako пополека одминува време, басот се повеќе и повеќе ме замара...Повеќе сакам чистина и прецизност на високите тонови, одколку бас на 120 Hz...50Hz  се идеални...Ем брз ем не замара...Само квалитетен звучник ке биде сосема доволен...
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 25 Мај 2012, 21:48:49 pm
тоа е решено со Фокали напред и ЈБЛ позади, сепак, фали малку лоу енд. Мора да постои, за да има комплетна звучна слика. Оштрина и  прецизонст имам напретек. Сега ми фали малку топлина и мекост ;) Нема да се тресат надворешните ретровизори - нормално, ама 16.5цм звучници едноставно НЕ произведуваат речиси ништо под 100Hz
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Drive-r на 11 Март 2013, 18:09:11 pm
gOJDO одлично направено и презентирано.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Alfista на 07 Мај 2014, 21:08:56 pm
Гојдо, ти си компензирал, инаку која би била цената за вградување прашај,
па информирај не, можеби сме потенцијални муштерии на мајсторот.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: gOJDO на 15 Ноември 2014, 10:41:53 am
Мајсторот е SaleSK. Прашајте го и договарајте се со него. Мене не смее пари да ми земе иначе ќе го фати клетва и ќе му рикне хард-дискот од компјутерот полн со податоци.

Уредот е купен од ебај околу $100. Се врзува на CD шаржер така што се има контрола преку фабричко радио, команди на волан и слично.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Chaki на 15 Февруари 2016, 18:51:55 pm
Dali nekoj znae dali moze da se povrze usb ili bi mozelo da se sredi so radiovo http://www.keithbloom.com/passat_world/images/classifieds/rns_mfd_3b0935191g_3.jpg
http://webpages.charter.net/magiklair/4a54b2f091.jpg
http://webpages.charter.net/magiklair/7bf252cfc1.jpg
Наслов: Одг:
Поставена од: Vixa на 15 Февруари 2016, 18:58:03 pm
https://youtu.be/prtw2dE75-M

На истиот принцип како овој од темата
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Mnogo Bitno на 11 Јануари 2018, 09:58:45 am
Сакам да прашам,за фичо 750 како да поставам систем за да преку блутут преку телефон слушам музика и што ми е потребно,нормално звучници и цд плеер,незнам како понатака

Благодариме однапред,
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: riki_staff на 11 Јануари 2018, 10:06:23 am
Сакам да прашам,за фичо 750 како да поставам систем за да преку блутут преку телефон слушам музика и што ми е потребно,нормално звучници и цд плеер,незнам како понатака

Благодариме однапред,
Па радио со блутот,многу едноставно

Sent from my E5603 using Tapatalk

Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: bramovsk на 11 Јануари 2018, 10:39:31 am
Сакам да прашам,за фичо 750 како да поставам систем за да преку блутут преку телефон слушам музика и што ми е потребно,нормално звучници и цд плеер,незнам како понатака

Благодариме однапред,

Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 11 Јануари 2018, 10:43:59 am
Има и страпче, на ретровизор да си го обесиш ;)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 11 Јануари 2018, 14:09:59 pm
Многу е добро, од лично искуство ти го кажувам .
1800 денара, ТООООП
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: MartinAlfista на 11 Јануари 2018, 18:49:35 pm
Сакам да прашам,за фичо 750 како да поставам систем за да преку блутут преку телефон слушам музика и што ми е потребно,нормално звучници и цд плеер,незнам како понатака

Благодариме однапред,

Ако имаш 12v утикач (за упаљач), препорака за Roidmi 2S.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Tesla на 11 Јануари 2018, 20:53:57 pm
Дур е фичо на тема... Дали фичо има 4-жмигавци, имам возено над 10пати а не сум приметил копче.
 Патем фичо нема 12в утикач, ни у делукс верзијата.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: makedonac на 11 Јануари 2018, 21:44:33 pm
Препорачувам и јас  Roidmi 2S, сега излезе и 3S ама дали го имаат кај нас веднаш незнам.. земен од hi mk за 1200денара. Конектираш на телефон со блутут и сакаш песни сакаш јутуб сакаш повик.. за квалитет на звук бев изненаден стварно е супер, интереференции има ама ретко и мн мали, а ако имаш усб кабел приклучено го користело како накнадна антена..
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: masterficx на 11 Јануари 2018, 23:39:46 pm
За усб кабелот да појаснам. Го користи како заедничка маса ама не игра огромна улога кај сите возила. Тие што имаат изразит електричен шум од под хауба нема да им помогне туку мислам и ќе одмогне. Треба да се тестира. Јас имав роидми 1 и сега имам 2Ѕ и можам со задоволство да го препорачам. Ставете си добар квалитет на песни во телефон и звукот е одличен.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: MartinAlfista на 12 Јануари 2018, 00:09:01 am
Препорачувам и јас  Roidmi 2S, сега излезе и 3S ама дали го имаат кај нас веднаш незнам.. земен од hi mk за 1200денара. Конектираш на телефон со блутут и сакаш песни сакаш јутуб сакаш повик.. за квалитет на звук бев изненаден стварно е супер, интереференции има ама ретко и мн мали, а ако имаш усб кабел приклучено го користело како накнадна антена..

Кога купував, беше излезена и 3-ката, ама не можев да го најдам на ниедна официјална страница на Xiaomi како нивен продукт. 2Ѕ го имаше, и тоа си го нарачав, барем знам дека е оригинален продукт. Најдобро вложените 800 денари во кола досега, веројатно и засекогаш. :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 12 Јануари 2018, 11:25:54 am
Се уште нема 3s официјално никаде.
Иначе одличен уред.
Препорачувам 2s
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Vixa на 01 Март 2018, 12:40:38 pm
Ова не е ?

https://www.gearbest.com/car-charger/pp_642449.html
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: zeroSignal на 19 Март 2018, 20:19:21 pm
Никогаш нема да прифатам дека овие FM-трансмитериве имаат блиску-до-квалитетен звук.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Zile на 19 Март 2018, 21:28:50 pm
^
Исто, исто. Да не си бик у хороскоп?

Sent from my MI 4S using Tapatalk

Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 19 Март 2018, 21:35:58 pm
Никогаш нема да прифатам дека овие FM-трансмитериве имаат блиску-до-квалитетен звук.
^
Исто, исто. Да не си бик у хороскоп?

Sent from my MI 4S using Tapatalk

Џоа саде флакои луслес у кола  слушаме :D
И јас сакам квалитетен звук - кога сакам квалитетен звук. Ама, за нормлана кола, со фабричко радио, со хартиени звучинци, со квалитет на МП3-ки и извор кој ги свири на ниво на 6 пати снимена касета нормалка, поасалниве FM трансмитери имаат солиден (употреблив) звук, на ниво на просечна македонска радио-станица.  So, stop wining и „уживајте“ во „хајфај“ звукот на вашиот фабрички лимитиран аудио систем :)
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 21 Март 2018, 08:29:49 am

Повели кога сакаш на тест.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 21 Март 2018, 09:23:27 am
Каков тест? Субјективен?
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 21 Март 2018, 11:31:55 am
Официјален за карклуб. Со камери, водител, хостеси и фотограф.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: velestrumf на 21 Март 2018, 11:42:07 am
Шо би се рекло, „стандардизиран“.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 21 Март 2018, 11:48:41 am
Официјален за карклуб. Со камери, водител, хостеси и фотограф.
Што нудиш да се слушне? Босе-то во 147-цата? Тоа е друга прикаска за (повторно) субјективен тест :) Дали босето во 147-цата е подобар сетап од афтермаркет алпајн јунит и звучници во 147-ца :) Али субјективна оцена може да дадеме :) Не мериме на фрекфенции на импут и на аутпут, па кој риспонс и дисторзија при одредена снага, па ниво на шум, па ниво на дик трејси ин колд вотер...

Муабетот беше, дека новиве асални радио трансмитер геџети бркаат работа за да си пуштиш музиче од телефон (некад јутуб, некад некој петролишус да си изгледаш од работа до дома итн.), Нивото на звук им е на ниво на локални радио-станици и е сосема ОК.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 21 Март 2018, 12:44:13 pm
Чекај сега...
Значи зборуваме за тестирање, не е проблем и бар генератор на звук со одредена фреквенција ке најдеме и ке најдеме микрофон и се, и осцилоскопи и ке тестираме и на фреквенција и на се.
8-ца се понуди за комплетно тестирање, не субјективно. Не му ги извртувајте муабетите.
Има неколку 147-ци на форумов со различни музички сетапи.
Може да се тестира комплет, па да видиме што е тоа и колку е тоа различно и како влијае на целокупната слика на звукот.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: osmica8 на 21 Март 2018, 12:50:35 pm
Официјален за карклуб. Со камери, водител, хостеси и фотограф.
Што нудиш да се слушне? Босе-то во 147-цата? Тоа е друга прикаска за (повторно) субјективен тест :) Дали босето во 147-цата е подобар сетап од афтермаркет алпајн јунит и звучници во 147-ца :) Али субјективна оцена може да дадеме :) Не мериме на фрекфенции на импут и на аутпут, па кој риспонс и дисторзија при одредена снага, па ниво на шум, па ниво на дик трејси ин колд вотер...

Муабетот беше, дека новиве асални радио трансмитер геџети бркаат работа за да си пуштиш музиче од телефон (некад јутуб, некад некој петролишус да си изгледаш од работа до дома итн.), Нивото на звук им е на ниво на локални радио-станици и е сосема ОК.

Какво Босе бе. Фабричко лошо озвучење.
Не дека Босе-то е нешто фантазија.

Го нудам уредот. На што сакате вие тестирајте.
Битна ми е споредбата на иста песна снимена од ист комп - една на цд - друга на тел. преку Блу тут.
Па да видиме која е разликата помеѓу двата сигнали.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: Simo - Carrier159 на 21 Март 2018, 14:12:11 pm
Вака сеа, никој не рече дека CD е исто или полошо:
поасалниве FM трансмитери имаат солиден (употреблив) звук, на ниво на просечна македонска радио-станица.

Или:

Муабетот беше, дека новиве асални радио трансмитер геџети бркаат работа за да си пуштиш музиче од телефон (некад јутуб, некад некој петролишус да си изгледаш од работа до дома итн.), Нивото на звук им е на ниво на локални радио-станици и е сосема ОК.

Како одговор на:

Никогаш нема да прифатам дека овие FM-трансмитериве имаат блиску-до-квалитетен звук.

Со други зборови: Не цепидлачете, фм трансмитерите си бркаат работа. Никој не вика дека се хајфај уреди, ама за у нормална кола, со нормално озвучување, без претензии за хај енд звук се сосема ОК.
А вие сеа тестирајте со осцилоскопи и со саунд генератори и со чуда и врагови колку сакате.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: igooor07 на 21 Март 2018, 14:45:35 pm
Во потполност се сложувам со @Simo - Carrier159, јас го имам и користам и нормално дека немојте да очекувате незнам каков звук. Еве јас го земав зошто немам радио кое подржува УСБ или СД картица, а не сум баш сигурен на кого да му ја доверам работат да добијам УСБ или АУХ велез. Проблемот не е во поврзувањето со самото радио туку вадењето на сите тие маски и пластики од предната конзола за да на крајот сето тоа изгледа културно и без оштетување направено. Значи во желба да може да си пуштам музика без стави и извади ЦД треба да најдам некој компромис меѓу желбите и можностите. Еве вчера заедно со @InSides се возевме кај мене во кола и секако дека не е како во неговата Октавија али далеку од тоа дека не е пристојно. Моите потреби сега за сега ги задоволува кога ке дојде ред еден RCD510 и завршена работа.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: SaleSk на 21 Март 2018, 16:48:43 pm
ФМ Трансмитер и БТ трансмитер се две различни работи.
Не ги мешајте.
ЦД е скроз друга слика...

Затоа реков. Може тест да се прави со цел да се види разликата.
За мене ФМ трансмитер е нужно зло ако немаш друг никаков избор. Од сите можни, тој е најлошиот како алтернатива.

@igooor07 за какво решение ти зборуваш?
Јас по твоето излагање заклучувам дека ти не работиш со ФМ трансмитер него со уред кој се закачува на место на ЦД=шаржер. За кави пластики и растурање на каква конзола зборуваш? ФМ трансмитер се брца во слотот за запалка, или упаљач, како сакаш наречи го. И го пренесува односно трансмитира сигналот на радио фреквенција, односно ФМ.
Наслов: Одг: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер
Поставена од: igooor07 на 21 Март 2018, 19:10:48 pm
Ајде уште еднаш, може не добро сум се изразил. Муабет правам за FM трансмитер,  за кој пишува и @osmica8 поточно за овој модел Xiaomi Roidmi 2S. Тоа што го пишав во врска со кабел преку кој ке добијам УСБ или АУХ, муабетот ми беше дека не се решив на тоа поради страв од расклопување на цела средна конзола заедно со радиото. Поточно непознавам некој кој би можел да го изведе без трајни  последици по средната конзола. Затоа се решив ова да го земам. Можам да ти кажам дека е солидно, е сега нема што споредба да правиме со хајтек озвучување или леле каков звук вади ама за мене во мојата кола нема некоја разлика дали радио или преку него слушам музика. Можеби и е субјективни како што вика Симо, ама ако си во можност слушни го па кажи твое мислење.

Sent from my Lenovo A6020a41 using Tapatalk