Автомобили > Генерално за Автомобилите

2.0 TDI Мотор - Дискусија

(1/10) > >>

marjanot:
ЛП, дај пиши кај ја има статијата за 2.0ТДИ, ме интересира за озбилно

RikiRulz:
Не ми се верува ова, дека тој мотор не е тест мотор... 2.0 тди кај не е враден... од голф па до транспортер...

А и плус од докажаниот 1.9 само е надограден...

MecheTo:

--- Цитат: marjanot на 21 Април 2011, 08:35:20 am ---На 20.000 не смее да си дозволи да зариба, макар како и да го возеле. Има нешто во позадина.
Мече кај го читаше тоа, во кој број? Или линкче некое?

--- Крај на цитатот ---
ke treba da razgledam vo arhivata,pa ke ti kazam...inaku statijata e procitana vo Hrvatskiot Auto Klub,koj spored mene e eden od najdobrite magazini...

LosiPatista:
Зошто пропадна системот "пумпа-бризгалка (PD)"
Предминатата година Volkswagen започна да го повлекува системот ‘пумпа-бризгалка’, односно PD. Дволитрениот мотор , односно 2.0 TDI беше прв што премина на ‘common-rail’ технологијата, a 1.9 TDI со 90 и 105 КС моторите, кои се продаваа до минатата година (во моделите на Škodа и Seat) се заменија со подеднакво силниот, а 10 проценти поштедлив common-rail (CR) мотор 1.6 TDI.



Во технологијата важи правилото – ако никој не ве копира и барем следи, нешто не е во ред. Volkswagen вложи огромни средства во технологијата со директно вбризгување по системот ‘пумпа-бризгалка’ и долго се противеше на економската логика. Сите останати компании користеа ‘common-rail’. Причина: значително поедноставна и поевтина механика (особено кај повеќе вентилската техника), подобро подесување на вбризгувањето и полесно исполнување на еколошките норми. Системот common-rail е значитело поевтин и поедноставен, но PD, крахот го доживеа поради 16-вентилскиот мотор 2.0 TDI. Многу стручњаци говореа како комбинацијата на 4 вентили по цилиндер и PD системот е технолошки невозможна или барем непрепорачлива во мотор со четиривентилска технологија.



Имено во главата на цилиндерот е тешко да се стават четири вентили по цилиндер, заедно со масивниот сет ‘пумпа-бризгалка’, кој е значително поголем и помасивен од самите бризгалки во CR системот. Стручњаците на Volkswagen тврдоглаво инсистираа на таа комбинација во 2.0 TDI моторот, кој поради тоа има многу тенки ѕидови помеѓу отоврите за вентили и средишниот отвор за ситемот пумпа-бризгалка. Поради тоа таквите мотори не се надежни и трошат многу масло. Не е чудно што сите што се разбираат во техниката на моторите, тврдат дека 1.9 TDI PD со 105 КС е многу подобар од 16-вентилскиот 2.0 TDI PD со 140 KS. Има незначително послаби перформанси, а троши значително помалку и е значително понадежен.



Меѓутоа има и предности. Системот ‘пумпа бризгалка’ (Герм. Pumpe-Düse Einheit, Анг. unit injector) на секој цилиндер има сет на пумпа под висок притисок и бризгалка и со пиезо технологија достигнува притисок до 2200 бари. Високи притисоци (до 1850 бари кај CR системот) овозможуваат поголема искористливост на процесот на согорување. Но, таквите дизел мотори имаат механички сосфтвер, а не електронски, како кај CR па работат побучно и ‘посирово’. Пумпата и бризгалката се на исто место па нема вибрации на притисокот на горивото во цевчињата поради компресија. CR тоа го надоместува со подобро подесување на вбризгувањето и со потивката и ‘помека’ работа. Во секој случај, а првенствено поради поскапата изведба на системот, PD технологијата замина во историјата и никој нема да плаче по неа.


---------------

kako sto si e red, eve go i linkot na kolegata od drugiot forum:
http://koli.com.mk/forum_nov/showthread.php?t=1761

Tischläufer:
Механички софтвер!!!!!!! ????????

Иначе не знам што се чудите. Мерцедес троши уште повеќе масло од тој фолксваген. На пример S350 V6 моторот собира во картерот 12Л масло. Во просек троши окулу 500 грама на 1000км. Не е ништо чудно тоа ако троши масло. Така е предвидено.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија