Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Драг Трки - Dragster
Igor:
--- Цитат: Deni на 14 Мај 2013, 14:16:17 pm ---A тек замисли како ќе го извози Нирбургринг компјутерот. Може да сањаат возачите за времето што би го постигнал.
--- Крај на цитатот ---
Баш сакам да ја слушнам/прочитам идејата за алгоритамот (иако многу пати ми се свртило во глава тоа да компјутер вози кружна стаза)...
Deni:
Во код или може описно?
Се земаат снимки од стазата, се прави истата во координати, се одредува најдобра линија итеративно, се даваат контролите на возилото. Исто како и за било која игрица со коли...
Igor:
Описно мислев, се разбира.
Во ред е тоа, ги напиша очигледните работи кои секако мора да се земат, може преку racelogic да ти исцрта патека со едно поминување по неа. Ама што правиме со оптималните брзини и грип на стазата? Како би се вршеле корекциите при подуправливост и надуправливост.. тоа е маката. :)
velkov:
преку machine learning компјутерот сам ќе учи нема да е најдоброто време во првиот круг што повеќе врти повеќе параметри ќе собира и ќе проектира подобра линија за возење
Igor:
Па да, ланч контролот на ГТР така работи. Првиот пул ти е за да ја прочита подлогата па вториот пат поубаво ќе тргне затоа што го има меморирано грипот и соодветно на тоа ќе си се подеси како да појде.
Ама за круг баш ќе се измачи додека најде оптимални параметри со оглед на тоа што може да постои различен асфалт, различна влажност и тн.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија