Автомобили > Генерално за Автомобилите

Автомобилски Генерални Муабети

<< < (606/611) > >>

kimi makedonski:

--- Цитат: Sase_91 на 05 Септември 2024, 22:24:32 pm ---Реално и право чудо е што Опел не пропадна на такви коли....

--- Крај на цитатот ---

Една ластовичка не прави пролет. Така и вие не го судете опел по астрата од несторо. :D

Во фамилија и потесно опкружување на луѓе имало многу опели и сите генерално имале позиивни искуства.

Sase_91:
Не не, не ја судам по таа, таа е исклучок и може за секое возило да се случи така. Иако кај Опел Астра Х 1.4 коефициентот да се расипе моторот е 1.1
Судам по тоа дека станаа бренд кој никој не го сака ни посакува. Имаа коли кој апсолутно не беа ни посакувани од никој (Исклучок за Инсигниа) ни интересни за гледање, ни за возење ниту па имаа некој технологии интересни. Еве земи ги пример од пред 5-10 години Crossland, Mokka, Corsa, Antara, Adam, Meriva..... според мене крајно безвезални возила.  Едноставно онака, постоеа само колку да се рече.
Сега кога ги земаа Стелантис, дизајнот им е мн подобар ама па со моторите ги отепаа иако мислам дека подобра иднина ќе имаат него ли со предходното раководство со кое што беа осудени на пропаст.

nestor04:
Порано се знаеше - Антарата почнуваше од 2.0 150кс (127ка никогаш не сум видел) кој со ремап е доста добар мотор, па продолжуваше со 2.4 сѐ до 3.2 мотор. Ако зборуваме за расипливоста можеби астрата кај мене не е толку расиплива колку што сум пицајзла и сакам сѐ да биди топ. Појавила една точка колку грашок изгорен лак и акде цел кров ќе го фарбам. Антарата никогаш не се расипа во 7 години кај нас, додека на блиски пријатели (тие што се од Прилеп ја знаат добро таа Антара) беа први газди и на 30000км смениле моторен компјутер и пола инсталација, крајно незадоволни, така да ни тоа не е мерило. Татко ми е опелџија уште од тинејџерски години. Поседувал неколку астри ф уште во 90та, подоцна опел тигра, па астра г, па антара и сега не знам зошто не продолжи на опел (најверојатно поради французите и изборот на мотор). Накратко - муабетот ми беше околу расипливоста, ако беа расипливи немаше да се оди на еден ист бренд 20 години и да се вози толку долго време (најмалку 5 години една кола) без оглед на поволностите и донекаде високиот буџет.

MAPJAH:
[mention]kimi makedonski [/mention] у Бугарија која националност вози Форд и Опел?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Sase_91:

--- Цитат: nestor04 на 06 Септември 2024, 10:38:52 am ---Порано се знаеше - Антарата почнуваше од 2.0 150кс (127ка никогаш не сум видел) кој со ремап е доста добар мотор, па продолжуваше со 2.4 сѐ до 3.2 мотор. Ако зборуваме за расипливоста можеби астрата кај мене не е толку расиплива колку што сум пицајзла и сакам сѐ да биди топ. Појавила една точка колку грашок изгорен лак и акде цел кров ќе го фарбам. Антарата никогаш не се расипа во 7 години кај нас, додека на блиски пријатели (тие што се од Прилеп ја знаат добро таа Антара) беа први газди и на 30000км смениле моторен компјутер и пола инсталација, крајно незадоволни, така да ни тоа не е мерило. Татко ми е опелџија уште од тинејџерски години. Поседувал неколку астри ф уште во 90та, подоцна опел тигра, па астра г, па антара и сега не знам зошто не продолжи на опел (најверојатно поради французите и изборот на мотор). Накратко - муабетот ми беше околу расипливоста, ако беа расипливи немаше да се оди на еден ист бренд 20 години и да се вози толку долго време (најмалку 5 години една кола) без оглед на поволностите и донекаде високиот буџет.

--- Крај на цитатот ---

Еве сега баш седам со едни луѓе од Прилеп и ги прашувам за Антарата и викаат како може да не ја знаеме таа Антара.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија