Автомобили > Генерално за Автомобилите

Автомобилски Генерални Муабети

<< < (603/611) > >>

kimi makedonski:
Дали тоагаш тоа значи дека ГМ свесно цицал од профитот на опел преку користење технологии од други брендови прикажани како загуба на опел. Опел никако не продаваше лошо до 2010 година и малку ми е чудно 20 години да биде во загуба.

zeroSignal:
Едно е да продаваш добро, друго е да имаш профит. GM го работеше Opel многу „американски“. Играа на бројки на продадени возила наместо на одржлив профит. Играа на америчката карта на продавање многу коли со ниски маржи. А тоа не е оддржливо во Европа.

Плус, имаа погрешна дилерска стратегија, сами си пукаа во нога кога го донесоа Chevrolet во Европа и немаа конкретна визија за моделска понуда. Еден куп непрофитабилни модели, еден куп чудни ребрендирани возила преземени од сосем други производители, си го уништија имиџот со „класик“ варијанти итн, итн, итн.

Општо, GM го менаџираше Опел многу погрешно и го доведе до таа позиција до која го доведе...

brm brm:
ГМ е најлошото нешто што му се случи на Опел.

Sase_91:
Опел веќе е само значка. Кога ќе ја укинат Инсигниата ќе нема апсолутно ништо веќе останато од Опел.

AUUU:

--- Цитат: Sase_91 на 05 Септември 2024, 20:46:15 pm ---Опел веќе е само значка. Кога ќе ја укинат Инсигниата ќе нема апсолутно ништо веќе останато од Опел.

--- Крај на цитатот ---
И тоа што останало само од себе ќе го снема со време.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија