Автомобили > Генерално за Автомобилите

Автомобилски Генерални Муабети

<< < (602/609) > >>

zeroSignal:
Несторче, кога не знаеш, барем не треси глупости. Прво, сè уште ги водат французи. Второ, да не беа французите, Opel сеа ќе се дружеше на небото со Saab, Pontiac и цела листа други брендови.

nestor04:
Хах, не би рекол. Зошто тогаш инсигниата беше успешна? Со Saab е друга приказна. Подобро Инсигниа 2008 OPC, отколку астра нова правена од француз и 0 избор на мотор.

Нешто како ова:

--- Цитат: TylerMkD на 03 Септември 2024, 16:36:35 pm ---
--- Цитат: zeroSignal на 30 Август 2024, 10:13:55 am --- Дали колата би била подобра со повеќе сила? Апсолутно, нема муабет. Ама дали е вака лоша? Не. Не е кола за урлање и летање, него е баш за поопуштено возење и има многу купувачи на кои тоа ќе им одговара.

--- Крај на цитатот ---

Значи сакаш да кажеш дека на кола од 45.000 евра дури е и подобро што има послаб мотор за смирено возење? Како го спинуваше ова, па да имаше Грујо ваков јак ПР како тебе уште на власт ќе беше.

--- Крај на цитатот ---

zeroSignal:
Једна ласта не чини пролече. Еден „успешен“ модел не значи дека бренд ќе преживее. Второ, бренд не живее од „Инсигниа 2008 OPC“. Бренд живее од профит од продажба на нови возила.

Opel немаше направено профит 20 години. Напротив, беа околу 20 милијарди евра во загуба. GM со години сакаше да го откачи Опел и да го продаде некаде. Во еден момент дури и кинези беа заинтересирани. Opel беше на една година пред гасење, да не улеташе PSA да го купи од GM и да го спаси.

Пуштај си ти филмчиња за Опел колку сакаш, ама да не беа французите, сеа ќе зборевме за Opel исто ко што збориме за покоен Saab, вечнаја памја.

kimi makedonski:
Камо среќа кинезите да го земаа. Барем немаше да се нудат смешни мотори.

zeroSignal:
Немаше Германија да дозволи да го купат кинези ради пренос на технологии, know-how и производство во Кина, особено пред 15-тина години. Едно време сериозни играчи беа Magna Steyr, ама на крај PSA искочија најголеми фраери.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија