Автомобили > Генерално за Автомобилите

Автомобилски Генерални Муабети

<< < (592/609) > >>

nestor04:
Готово  ;D

grandemiki:

--- Цитат: andrejnaumovski на 22 Јануари 2024, 12:01:48 pm ---
--- Цитат: nestor04 на 22 Јануари 2024, 11:47:46 am ---Јас би рекол 60%.

--- Крај на цитатот ---

Не е 60% на кола од 11.500 евра. Најголем дел од давачките одат во данокот за моторни возила кој е процентуален во однос на фактурната/каталошката вредност на возилото. За возила од 10 до 12к евра данок на моторни возила е 1%, од 12-14 е 2%. Со цените на половни возила во последниве 2 години не сум видел некое да се продава под каталошка вредност, така да ако возилото е 12к тогаш

(12000 * 1.05 (царина без ЕУР1) * 1.01 (ДМВ) + 500 евра (спрема калкулаторот на ДМВ на царина толку е ЦО2 данокот за дизел моторот 2.0 со 166g/km)) * 1.18 (ДДВ) = 15606 евра. 3606 се давачките што е околу 23% е сеа тука додај и транспорт трошоци и сигурно уште некои административни трошоци што има кај нас плус регистрација, околу 30ина-35% би рекол за да имаш луфта.

Калкулаторот за ДМВ е вратен во функција и личи дека ЦО2 вредностите им се ажурирани: https://ite.customs.gov.mk:8070/userForm

За оформување на крајна цена, на основната цена на колата се додава вкупната вредност на ДМВ и целата сума се множи со 1.18 за ДДВ.

--- Крај на цитатот ---
Фала ти многу на инфо, уште едно прашање пример во германија Нето цена на колата е 10.000 евра со нивните , 19% MwSt. појма немам што се , јас ваљда треба да платам 11900евра таму, и сега на која цена ќе ми рачунаат тука на нетото 10.000 или на таа со данок 11900?
И плус некој ми кажува дека разликата од бруто до нето продавачот ќе треба да ми ја врати...?

MartinAlfista:
Ти ќе ја платиш целата цена што ја бара продавачот, па откако ќе го увезеш возилото и регистрираш на наши таблици, ќе му испратиш документи да ти го врати ДДВ-то.

Иначе кај нас ќе ти ја царинат и даночат колата или според Шваке каталогот по кој ќе одредат моментална пазарна вредност на твоето возило, или по вредност на фактура доколку таа вредност е повисока од онаа што им излага по Шваке каталогот.

Во случај да те даночат и царинат по фактура, ќе те царинат на 11900.

Lone:
Кои мотори се подобри кај Голфови со ДСГ менувач? 2008-2010 годиште. 1.9 ТДИ, 2.0 ТДИ, 1.8 ТСИ? Генерално кој мотор е подобар од тие на голф 5 и 6

Deni:

Многу убав гепек. Покрај се друго што е многу убаво.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија