Автомобили > Генерално за Автомобилите

Volvo-Волво, искуства, мислења,знаења и новитети+историја

(1/77) > >>

onak:
како што ветив... оваа тема јас ја отворив на еден друг форум... форум кој пет пари не дава за автомобилизмот, па ете ја префрлам тука, на вистинскиот форум за таа намена во надеж дека ке постигне барем малку позитивен ефект врз некого од аспект на едукација и избор... да не ме разберете дека типувам вашиот избор да биде волво... не типувам ништо... пред се едукација.



Volvo, латински збор за "Јас се тркалам", е роден на 14 април 1927 година, кога првиот автомобил "Jakob" ја напушти фабриката во Гетеборг, Шведска.
Основана од страна на Assar Gabrielsson и Gustaf Larsson , компанијата беше формирана врз нај битната идеја, а тоа е идеја за два сегменти т.е. квалитет и безбедност што и двата сегменти беа од огромно значење во тоа време, а и како главен концепт што се уште се однесува на Волво автомобилите на денешницата.



Истата компанија произведува и затворени и кабриолет модели со нивниот нов четири цилиндричен мотор OV4 и PV4 модели, кои беа изградени за подобро да ја издржат тешката шведска клима, за разлика од тогашниот современ американски увоз на возила. И двете возила носеа шведски симбол за железо во форма на дијагонала парче метално на предната маска - уште еден аспект на наследството на Volvo што се 'уште може да се види и на денешните модели.



Втората светска војна значително го ограничи производство на Volvo на автомобили, но од есента 1944 година компанијата го претстави еден од своите најзначајни автомобили т.е. автомобилот PV444. Прв Volvo "true" (вистина) мал автомобил, својот стилски дизајн во комбинација на американски талент со европска големина и тоа беше инстантен успех. На PV444 и PV544 ќе доминира Volvo успехот во производство до средината на 1960 година и воедно тоа ке биде и пробивањето на волво на доста битниоти важен американски пазар во текот на 1950-тите.


VOLVO TRUE pv444


VOLVO TRUE pv544

Предложеното и прифатено спојување со Renault се случи во својата финална фаза во 1993 година кога Volvo компанијата, како една од неколкуте преостанати независни производители на автомобили се поврза со Renault . Тоа претставува клучен пресврт во плановите на компанијата и го исчисти патот за нов и по динамично производство и стратегија за воведувањето на елегантни и повеќе заоблени дизајни на Volvo S40 и V40 во 1996 година.


volvo V40 (или на skorpion побарајте го низ форумов ;) )


volvo S40

Тие две верзии, како и на Volvo C70 купе и кабриолет, кои беа воведени и презентирани кон крајот на истата година, беа автомобили кои во комбинација на традиционалните вредности на Volvo за безбедност покажуваа и заштита на околината, како и со спортски, елегантен и возбудлив дизајн и инженеринг.


volvo C70


Со Volvo S80 седан од 1998 година и V70 вагон од 1998 година, Gustaf Larsson и Assar Gabrielson ќе добијат светско признание дека Volvo која ги застапуваше нивните желби за безбедност, ултра квалитетни производи, но и возила што може да ги фасцинира и исполни желбите на клиентите во софистицирана технологија која може да им конкурира сеуште (со таа година на производство) и на денешниот пазар на нови автомобили. Во тоа време краш тестовите покажаа дека Volvo возилата се нај сигурните возила кои воопшто се поризведени, епитет кој и ден денес го задржаа и сеуште на сите краш тестови покажуваат нај добри резултати за безбедност на патниците.


volvo S80


volvo V70 (или моето побарајте го негде по форумов ;D )


Помеѓу 1927 и 31 декември, 2010 Volvo има произведено точно 16.636.626 автомобили, а со оглед на се поновите модели кои излегуваат таа бројка за последниве 2 години е качена на преку 18.000.000 (18 милиони) произведени возила.

onak:
за наши услови, со овие цени на горива нај погодно за љубителите на волво е токму VOLVO S60 D5 со комон реил мотор. 5 цилинричен мотор и отрошња едвај 7,5 литри нафта на 100... башка комодитет, и целиот луксуз што може да си го претставите вграден во една кола... баш едно такво го типувам веке некое време, донесено е од италија, тегет со комплетно бел-крем ентериер, кожа се подразбира... инаку овој модел што мене како закачалка ми е во глава еве го:



или цело ревју можете да го видите на линков:
http://www.themotorreport.com.au/gallery/2532/2011-volvo-s60-australia/38674/2011volvos60d5australiaroadtestreview01?from=51126

onak:
баш едно вакво во моментов е во процес на репарација е, кој го знае го знае, кој не еве го:



со оглед на тоа како работи човекот, веројатно за 2-3 години ке биде комплетно реставрирано и вратено во фабрична состојба. деновиве моторот го гледав и среден е во перверзно добра состојба. би рекол подобра и од фабричката. инаку, кој го позна до сега го позна, кој не еве ви помош... ова е волво па иде името како на една наша тв станица па после 121

да... волво амазон 121...

неможам да најдам од 121 слика од позади... онаква со по 3 округли штопчиња е. од горе надолу, првиот е жмигавец, вториот е позиција и стоп светло, а третиот од едната страна е рикверц светло, а од другата стрна е магленка...

onak:
еве некои новитети од поново време од волво:

Not a valid youtube URL
Интересен безбедносен детал, вграден во Волво автомобилите, кој може да ви го спаси животот. Ако автомобилот се потопи во вода до одредена граница, стаклото автоматски пука и ви овозможува полесно да го напуштите возилото и да си го спасите животот.

покрај тоа што се знае дека е тешко да се отвори врата кога возилото тоне, и прозорот ако се отвори или го нема, дефинитивно животот ке ви биде спасен, има уште една причина зашто волво баш ова како продукт го внесува:

Not a valid youtube URL
сакаме цврстина и јачина? ја има... сакаш спасоносно решение? и тоа има на видеото погоре ;)

п.с. на крај толку силно удри што чеканот му излета од раце... ;D

onak:
Американецот Ирвин Гордон има автомобил марка Volvo P1800S од 1966-та година, со кој минал речиси три милиони милји (4.743.448 километри), што е исто како да направил 118 круга околу целиот свет.

Седумдесет и двегодишниот учител во пензија од Лонг Ајленд се надева дека следната година ќе ги надмине и трите милиони милји.




Пензионерот насекаде се вози со своето бордо volvo, а со изминатата километража во 2002-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди.

- Тоа е само автомобил, а јас уживам во возењето, изјави Гордон, кој како 25-годишник на 30-ти јуни 1966-та година го купил возилото за 4.150 долари.

- Тогаш тоа беше една цела моја годишна плата, вели Гордон.

Гордон вели дека уште како дете вози и оти имал обичај да ги стави работите во багажникот и да им каже на родителите дека оди на пат. Патувал во Монтреал, Мичиген, Тексас и годишно минувал од 85.000 до 100.000 милји.
- Имам испиено кафе во секоја американска држава, се пофали Гордон и додаде дека своето „volvo“ никому не му го позајмува, туку само тој го вози и оти од таа причина неговите деца си имаат свои возила.

Автомобилот сè уште го има првобитниот мотор и механика, а Гордон вели дека редовно го води на технички прегледи и води сметка за него. Уште од првиот ден ја има регистарската таблица MILNMILR.

Енергичниот пензионер додаде дека воопшто не планира да го продаде и оти ќе продолжи да го вози.

- Сè почесто мислам дека ќе ме надживее, вели возачот рекордер.

ајде пилиња... мерцедес, бмв, гоЉф... да ве видам сега... имаше за човеков емисија цела... 4,5 милиони километри без ремонт и уште е пали вози без проблем... ајде кај се сега оние вљубениците од светото тројство? инаку првиот рекорд беше 4 милиони километри, исто од волво поставен... ова е и официјалниот нов светски рекорд, 4,7 МИЛИОНИ километри пројдени без ремонт... а ке стига он и до 5 како што ми мириса

 :) :D :o :o

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија