Автомобили > Генерално за Автомобилите

Правила кај вас во кола?

(1/41) > >>

zeroSignal:
Инспириран од муабетот за патосниците, ми текна да почнам тема за Правила во Кола. Кои се правилата кои важат кај вас во кола?

Кај мене:

- Нема цигари во кола.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.
- Нема отварање прозор после перење.
- Деца кои седат на задни седишта, ќе седат на задни седишта. Нема да стојат исправени и да праат муабет фатени за возачко/совозачко седиште. Секогаш инсистирам малите деца да имаат каиш.
- Во никој случај не смее лупање врата. Имам исфрлено човек од кола ради ова. Лупни ми еднаш врата, ќе добиеш опомена. Лупни втор пат, ќе те оставам каде и да сме, и нема веќе никогаш да ми влезеш во кола.
- Храна и пијалоци се дозволени, али со многу пазење.
- Не ми смета ако ми смениш музика.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно.
- Ако отвориш прозор, твоја одговорност е да го затвориш.

Ако ми текне уште нешто, ќе допишам.

Cuore Sportivo:
- забранети се прашања од типот колку троши и што ти се овие сијалички што ти светат на шалтаблата.

Deni:
Кај мене:

- Нема цигари во кола.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре.
- Нема отварање прозор после перење.
- Во никој случај не смее лупање врата.
- Храна ако не троши може, вода е добредојден пијалок.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно.
- Ако коментираш при возењето, уште толку ќе го правам тоа што не го сакаш. (Освен за постари од 60 години, тогаш разбирам)
- Совозачот согласно титулата секогаш е задолжен да предупреди за знаци за дозволена брзина на движење, камери и полициски коли.

П.С. Темава е премногу слична со онаа за „опсесиите“. Премногу.

Diesel:
Немој да се разврзам.. :D Подобро и поефикасно би било само едно правило - Забранет влез во кола за сите! :D

Во принцип, се што ти наведе, со мали измени, и плус уште нешто. Вака:

- Нема цигари во кола. Ни под разно. Нема апсолутно никакви шанси.
- Ако надвор има снег, тресеш кондури/чизми/патики пред да влезеш во кола. Разбирливо.
- Ако надвор има кал, пред да влезеш кај мене во кола ќе најдеш место да си ги зачистиш кондурите/патиките/чизмите/штиклите. Исто.
- Нема пипкање прозори со прсти од внатре. Строго забрането, освен за деца, можам да толерирам, но само еден прст.
- Нема отварање прозор после перење. Џабе е перењето, ако отвориш прозор после перење.
- Деца кои седат на задни седишта, ќе седат на задни седишта. Нема да стојат исправени и да праат муабет фатени за возачко седиште. Секогаш инсистирам малите деца да имаат каиш. Не инсистирам, туку обавезно е каиш, плус ако има можност и возрасен да седи назад до нив. Напред - никако возење.
- Во никој случај не смее лупање врата. Имам исфрлено човек од кола ради ова. Лупни ми еднаш врата, ќе добиеш опомена. Лупни втор пат, ќе те оставам каде и да сме, и нема веќе никогаш да ми влезеш во кола. Секако, можеби не до таа мера, но ќе го "налепам" поштено, за да не му текне пак.
- Храна и пијалоци се дозволени, али со многу пазење. Никако - можеби само вода.
- Не ми смета ако ми смениш музика. Радиото, само јас го баратам.
- Ми смета ако ја пуштиш прегласно. Види погоре.
- Ако отвориш прозор, твоја одговорност е да го затвориш. Да.

- ми смета чачкање насекаде
- чукање во ритам на музика на шалт-табла
- мрдање, викање, плукање (течно зборување)
- непотребно отворање на сунцобраните, и нивно лупање по затворање
- лупање на касетата
- нагло поместување на седишта
- невнимавање кога влегуваат и излегуваат во кола. Последици - како ураган да поминал низ кола, а не човечко биќе.

И еве сега Deni ме потсети - не ми кажувај како да возам. Никако, никогаш, никаде.

ARMEX:
Не ми кажувај како да возам, прво и основно. Останатото само однесувај се нормално.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија