Автомобили > Генерално за Автомобилите
Мерење на забрзувања и меѓузабрзувања
LosiPatista:
Земете некој со вас вкола за да го снима километражот и излезеte на некоја од правите делници. Најдобро е после втората патарина од автопатот Велес-Скопје. Најдобро е да возите дење и да не врни дожд. Снимајте се при која што брзина сакате но не заборавајте да ги направите следниве мерења:
60-100 кмх, во 4та брзина
80-120 кмх, во 5та брзина
Значи брзината одржувајте ја константна на 60кмх околу 5секунди во 4та брзина и тогаш притиснете ја гаста вкрај. Не се важи тест каде што почнувате со забрзување од 50 кмх. Исто важи и за другиот тест.
Со овие тестови не се прекршува ниедно сообраќајно правило и се 99% безбедни на автопат.
Let the best torque win!
Kimi R:
јас да си кажам за гетзот дека од 0 до 100 ми е 11 секунди, здравје боже пролет и ќе има и видео-доказен матерјал за 0-100, 60-100(4) и 80-120(5)
SceMax:
--- Цитат: LosiPatista на 28 Декември 2010, 13:50:05 pm ---Земете некој со вас вкола за да го снима километражот и излезеte на некоја од правите делници. Најдобро е после втората патарина од автопатот Велес-Скопје. Најдобро е да возите дење и да не врни дожд. Снимајте се при која што брзина сакате но не заборавајте да ги направите следниве мерења:
60-100 кмх, во 4та брзина
80-120 кмх, во 5та брзина
Значи брзината одржувајте ја константна на 60кмх околу 5секунди во 4та брзина и тогаш притиснете ја гаста вкрај. Не се важи тест каде што почнувате со забрзување од 50 кмх. Исто важи и за другиот тест.
Со овие тестови не се прекршува ниедно сообраќајно правило и се 99% безбедни на автопат.
Let the best torque win!
--- Крај на цитатот ---
1 слика = 100 збора,
1 видео = 100 слики,
Ајде скрши го мразот :)
LosiPatista:
Во ред, кршам мраз и поставувам мерила на форумов :)
Дизел 66 кс, 1050 кг, со двајца вкола:
60-100 4та: 9 секунди
80-120 5та: 14 секунди
Chlink:
Што ќе ми е да мерам од 80 до 120 во 5та стварно не ми е јасно, дај ти покази од 0 до 100 за колку качуваш па да си ги мериме.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија