Автомобили > Генерално за Автомобилите

Олдтајмери..

<< < (539/540) > >>

priglup:
Застава 750/850 до пред скоро време се продаваа Германија и Америка, без разлика дека се реплика на италијанскиот фиат. Проверено и потврдено.

А ова со совпаѓањето на искуцаниот број на мотор на каросерија со искуцаниот број на мотор на самиот мотор, е наводно некоја нова промена и се обидувам да верифицирам дали е точна информација или не, или некоја шпекулација.

Кај може да се праша? Кој може да даде одговор за ваква информација?

Во ред. Благодарам на мислењето, да видиме некој друг да не има нешто да дополни.

Simo - Carrier159:
Ја колку што знам ако е matching chassis with engine number, повреден е олдтајмерот. Никој не ти брани да го смениш моторот, ама ако се од исто возило фабрички, тогаш го рачунаат за „ептен оригинал“, и е повредно возилото.

Carpathian Lord:
И според нашите закони може да е сменет моторот но да е оригинал или модификациите да соодветствуваат за тоа време

priglup:
Што зачи тоа оригинал? Ист производеител? Ист модел?

Прв пример, фичо не смеј да има мотор од марути?
Втор пример, фичо 750 не смеј да има мотор од 850?

zeroSignal:
И јас колку што знам, и првиот и вториот пример не се легални кај нас.

Треба моторот да се вградувал во некоја верзија на возилото, во моментот кога возилото е произведено.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија