Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

Авто-мото спорт, теоретско дрвење

<< < (7/9) > >>

Vasil:

filipv:

--- Цитат: Vasil на 20 Јуни 2014, 20:26:10 pm ---Нема график од новиве мотори инаку таква би требало да биде според сите анализи. И не заборавај дека кај овој од графиков не е ограничено горивото како во F1.
--- Крај на цитатот ---

Да се преселиме тука пред да добиеме заушки од управата.

Глеј, нема шанси да опаѓа снагата со вртежите, ниту да биде константна, пошто ако растат вртежите а снагата опаѓа тогаш вртежите нема да растат in the first place. Размисли. Кога вртежите ќе дојдат инфинитезимално блиску точката во која би почнала да опаѓа - тоа се максималните вртежи.

Ако не ми веруваш, пробај да најдеш торк-крива на каков било мотор кај која што кривата за снага иде надоле. Дури не мора ни да биде MВС. Каков било мотор нека биде.

Константен момент кој го достигнува максимумот доле во вртежите? Сигурно. Такви се речиси сите современи турбаши. Ама константна снага која го дистигнува максимумот доле во вртежите? Не.

Vasil:


Еве од бензински мотор:



Од 130 до 150 км/ч нема голема разлика дали е во 4та или 5та, затоа што преносите се премногу блиску, и торк кривата паѓа многу брзо со вртежите.

На ваков мотор, пократки, поблиски степени нема да му донесат голема предност.

filipv:
Хмм... на долната оска е km/h, а не rpm, мада у суштина истото е.

И кога убаво ќе размислам има смисла - вртежите можат да се зголемуваат дури и кога снагата не е максимална. Ќе се намалува забрзувањето, но не и брзината... теоретски. Практично - она што го зборував погоре сеуште стои :) (кажи инат, а?) 260-270 mph e дебело над 400 на саат

Фала!

Vasil:
Ако ти текнува на муабетот со специфичната ефикасност на моторите.



Доколку Ф1 моторите веќе на 8000 вртежи го достигнуваат максимално дозволениот максимум за проток на гориво од 100kg/h, нагоре не би можеле да создадат поголема моќност, затоа што би им била потребна поголема ефикасност одколку при 8000 вртежи. Најверојатно до 12000 вртежи, ефикасноста за истата произведена моќност не опаѓа драстично, па затоа само до таму ги користат моторите.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија