Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

Авто-мото спорт, теоретско дрвење

(1/9) > >>

filipv:
ја загледав сликава и нешто ми се виде чудна изабеноста на предните гуми: нели треба да биде рамномерно потрошена гумата? на сликата изгледа дека се потрошени првите седумосумдес посто од ширината на гумата.



знам дека се под агол, за разлика од задните тркала. и знам (?) дека се навалени за боље да легнува надворешната гума во брзи кривини (таа што е најоптоварена)... ама, сепак, нели требале да ги наместат така да вкупната изабеност биде распоредена на што поголема површина?

очигледно дека не е така (гледав и други слики од други формули), т.е. дека јас нешто не разбирам, па молам некој ако знае повеќе да сподели: зашто предните гуми не се наместени така да се абат униформно?

ngocevski:
Лаички и брз одговор да има подобар хендлинг и да лежи подобро во кривини. Буквално да биде залепена за асфалот дури и кога влегува остро при голема брзина.

Единствен пат кога сум видел вакво абење кај гуми е кај Порше Кајен и Х5 М. Нивните суспензии намерно се подесени внатрешниот дел од гумите нерамномерно да го јадат за да имаат подобар хендлинг во свиоци кривини итн. Иако старото правило важи дека ако гума е нерамномерно изедена значи има проблем со суспензијата, овде тоа не е случај, намерно е направено.

Кај Х5 М може да се врати во првобитна состојба меѓутоа после тоа свиоците многу потешко се фаќаат.

MecheTo:
И Опел Омега и други БМВ-а имаат нагиб.

Simo - Carrier159:
Ајде, нека и е така ко` што викаш, дека изабеноста е на внатрешните 70%, иако овдека само се гледа дека има лепешки од отпадната гума на тие 70%. А тоа значи дека при почесниот круг, кога нема никаков даунфорс, само 70% од гумата налегнува на асфалтот.

Битно е држењето по кривини, затоа и се прави сетапот со нагиб (има и на задните тркала, но помал). На правец и со мал и со голем нагиб колата ќе оди брзо. Истрошеноста на гумата не мора да биде рамномерна, се` додека постои слој од гумата кој може да се троши. Битно е, на крајот на трката, било кој дел од гумата да има истрошеност поголема или еднаква на 0%. Ако ја помине границата, тогаш таа гума веќе не функционира и се губат секунди по круг. Ако внатрешниот дел има за трошење уште 5%, а надворешниот уште 15%, таа гума сеуште си ја врши функцијата нормално и добро.

Не знам дали добро објаснив, ама идеата во кратки црти е, не е битно колку е надвор колку е внатре истрошена, ако најголемата истрошеност е во рамките каде што се гарантира квалитетно држење на патот.

Igor:
Со нагибите е чисто играње со надуправливост и подуправливост и при тоа не би се замарале повеќе со изабеноста на гумите отколку со држењето. А и овие гуми се далеку од градските каде важат тие работи за "правилна" изабеност. Симо објасни убаво. 

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија