Автомобили > Генерално за Автомобилите

Камп приколки, еуро куки и такве ствари

(1/26) > >>

djidji:
Сакам да купам камп приколка, а немам ни кука, па ме интересира каков е законот сега за куките, каде се продаваат и колку пари се, нормално истото важи и за камп приколките. Приколката треба да биде со 2+2 лежаи, лавобо, wc и сл. Ако некој има некои сознанија, искуства и сл. секој коментар би ми бил драгоцен. Секако и дека може да се дискутира за исплатливоста на оваа инвестиција, места за кампирање во државава и надвор, како и цените за истото. Регистрација треба ли и ако треба дали може да се вози со странски или туѓи македонски таблички? Каде и како да се чува во периодот кој не е погоден за кампување ...

yarre:
Џиџи, добредошол у светот на камперите.

Камп приколка се купува и се носи у Грчка, на локација по желба. Кука не ти треба, бидејќи таму или фиксно стои, или за 20так евриќа ти ја носат до твојата локација ( од приватен зимски паркинг ) до локацијата во кампот. Цените се околу 60-70 евра за стационирање на приватен зимски паркинг годишно, и летната тарифа зависи од кампот ( нели имаш годишно а имаш и дневно )

Нашата семејна приколка стои во Platanitsi Beach близу Sarti веке е инсталирана на 30 метра од море, и веќе се користи. Годишно се плаќа 1080 евра, од Мај до Октомври.

Пукај со прашања, а мислам дека има 2-3 добри приколици кои што се веќе таму, и кои мислам дека се за продавање. Нудам асистенција ако се решиш за локацијата. У ПВТ ти пуштам галерии приватни да ја осетиш прикаската. 

SaleSk:
Ха...Џиџи, ела кај мене кампирај :)
Се зезам..За кука треба да се обратиш на две места во Скопјево...Или Еуро кука на Брадфордска, онде карши Видео Дата сервисот кај што им беше, или пак го заборавив другото име на фирмата, Фадип мислам беше во Мичурин...
И двете фирми ти даваат куки со атест, па после одиш на технички со фактурата, они проверуваат и ти ја пишуваат у сообраќајна...И ондак си мирен...
Е сега има неколку типови на куки, односно сите се они еуро куки со тоа што е различен начинот на вадење на куката...Едите се со штрафови, поточно со два штрафа, а другите се со клик канал :D
Јас ја имам онаа со штрафови, ставена ми е пред тачно 10 години, земена од Фадип, од Мичурин и е одлична...Дури и не ја ни вадам, мада би требало, но си ја користам па ме мрзи да се замарам.
Е сеа приколка ако сакаш да купиш или барај Адриа или некоја германска...Треска немој ни под разно...Имаше еден другар треска, и поголема катастрофа немам видено...Прво ја купи на старо, тука гадно се поеба, пошто беше стоена на езерце Треска...Од надвор беше стакло, да не речам како од фабрика...И као покриена, ово оно...И после одкако видовме уствари колку е трула целата беше касно...Он и не се разбира толку многу па и не знаел што све треба да погледне...
Па за голема среќа, таткоми се нафати да му ја репарира целата колку може...Пола од приколката ја сменивме, остана само лимот...Ѕидовите беа трули...ги немаше...Само на стиропор стоеше :)
Мизерија...И на крај ја продаде едвај...
:)
А инаку камперство ти е права ствар...
И приколка за да влечеш ти треба кола, ама стварно кола :)
Или ја влечеш со Пезетка, или со Лада или со Тристаќ или со Стојадин...
Со новиве куртонски возила на кој им смета дури и полен у воздухов, тури им пепел...
:)

Cuore Sportivo:
Јака ти е задњата реченица. Респекат !

Bugar:
Kako be so Pezetka ili Lada da vleces. Ke bides kako soc. turist od 80-tite :)

Ej celo vreme da ti kazam deka se sekjavam koga so moite letuvav vo Kamp Prikolka 1 leto. A be interesno. Ama uste pointeresno bese sto se vlecese so Fiko :)


Samo kazi sto im fali na novite koli be. Kakva Lada ili Pezetka.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија