Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

Откажана стартната трка во F1...!

(1/6) > >>

Sportex:
Организаторите на големата награда на Бахреин, трка со која на 13 март требаше да стаrтува новата сезона во Формула 1, одлучија да ја откажат премиерата поради нередите во Манама.




Во последните неколку дена на сите страни се зборуваше за откажувањето на трката во Бахреин, но сега оваа информација доби своја потврда.

-Верувам дека е потребно сите да се сконцентрираме на националните интереси. Приоритет на Бахреин е да го мине овој трагичен период, избегнувајќи ја поделбата на народот, со што ќе му го покажа на светот своето вистинско лице, стои во соопштението од принцот на Бахреин, Салман Бин Хамад Бин Иса Ал-Калиф.

Првиот човек на Ф-1 Еклстон веднаш потоа порача - На целата држава и посакувам се најдобро и брзо опоравување од овие немири и протести, вистинска штета е што Бахреин мораше да ја откаже стартната трка која се надевам ќе биде одржана во продолжението од сезоната. Се надевам дека брзо сите ние ќе се вратиме во Бахреин.


marjanot:
Damn.
Кој ќе чека.
А Мекларен се пофалија дека им одговара, имало уште маани што треба да ги отстранат :)

Sportex:

--- Цитат: marjanot на 22 Февруари 2011, 22:59:28 pm ---Damn.
Кој ќе чека.
А Мекларен се пофалија дека им одговара, имало уште маани што треба да ги отстранат :)

--- Крај на цитатот ---

Мене ми одговара да ти кажам пошто немаше да го гледам отворањето на сезоната ако се одржеше тркава. :)

marjanot:
Гад дем протести, ќе гледавме Ф1 викендов за малку :)

Cuore Sportivo:
  Мало загревање пред почетокот на новата сезона, подоле болидите на главните претенденти кој ќе се вмешаат во борба за титула.

Ferrari 150 Italia









Red Bull RB7 







McLaren MP4 26   




Запазете форма на усисници




Mercedes GP W02 -






Toro Rosso STR 6 - „кој изненадува“ со перформансите во подготвителниот период, наводници, според мене успехот на Ред Бул се должи токму на фактот што Торо Росо изминативе неколку години тестира делови за Ред Бул, сега очигледно газдата си поставил уште поголема цел а тоа е двата негови тима да бидат конкурентни.






Lotus Renault R31




Williams FW 33




Sauber C30 - Ferrari







Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија