Автомобили > Генерално за Автомобилите
Влез со дозвола за престој и странско регистрирано возило
Pawel:
Јас сум странец со дозвола за престој во Северна Македонија. Дојдов во државата со моето возило регистрирано во друга држава со цел да ја започнам постапката за добивање престој. Во меѓувреме ја добив дозволата за престој во Северна Македонија и во август со возилото заминав за Грција, откако престојот на возилото во Македонија достигна околу 5 месеци и 3 недели.
Знам дека во Северна Македонија не е дозволено странско регистрирано возило да престојува повеќе од 6 месеци во една година, но ме интересира дали ова правило навистина се спроведува во пракса. Што може да се случи ако сега повторно влезам во државата преку граничниот премин Евзони – Богородица?
Carpathian Lord:
--- Цитат: Pawel на 13 Јануари 2026, 14:23:02 pm ---Јас сум странец со дозвола за престој во Северна Македонија. Дојдов во државата со моето возило регистрирано во друга држава со цел да ја започнам постапката за добивање престој. Во меѓувреме ја добив дозволата за престој во Северна Македонија и во август со возилото заминав за Грција, откако престојот на возилото во Македонија достигна околу 5 месеци и 3 недели.
Знам дека во Северна Македонија не е дозволено странско регистрирано возило да престојува повеќе од 6 месеци во една година, но ме интересира дали ова правило навистина се спроведува во пракса. Што може да се случи ако сега повторно влезам во државата преку граничниот премин Евзони – Богородица?
--- Крај на цитатот ---
Се почитува правилото, само не секогаш.
Може подоцна во Македонија да имаш проблем, ако те застане полиција притоа полицијата е придружена со царинарник (не се случува често ова ама знае да има таква патрола).
Ако сакаш да бидеш спокоен имаш опција 6 месеци ја возиш тука, 6 месеци е надвор од државата.
После имаш опција за привремен увоз, ќе ти дадат таблици од типот на SK 1234 C9 со тоа што претпоставувам тоа е врзано со работна дозвола или слично.
Тогаш не плаќаш увозни давачки од типот на ДДВ и слично, ама плаќаш осигурување на возило, технички преглед ...
Така што зависи во каква ситуација си.
Има доста што возат со A9/B9/C9 таблици.
Pawel:
Ви благодарам! Дали знаете каде може да се најде постапката за привремен увоз? Не можам да ја пронајдам на веб-страницата на Царинската управа.
n1kola:
Север да те однеси ;D
Carpathian Lord:
--- Цитат: Pawel на 13 Јануари 2026, 16:14:21 pm ---Ви благодарам! Дали знаете каде може да се најде постапката за привремен увоз? Не можам да ја пронајдам на веб-страницата на Царинската управа.
--- Крај на цитатот ---
https://www.customs.gov.mk/
Со тоа што претпоставувам (тргнувам по некоја логика) дека сепак ќе ти бараат ДДВ, царина и се останато, чим ти е возилото на A9/B9/C9. Единствено дипломатските возила се ослободени од давачки.
--- Цитат: n1kola на 13 Јануари 2026, 16:18:28 pm ---Север да те однеси ;D
--- Крај на цитатот ---
Те однесол тебе. На Север си сега :D
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија