Автомобили > Генерално за Автомобилите
Пробни таблички, сопатник и трошоци при купување на нова кола
spiritBreaker:
Здраво на сите, ова ми е прва тема официјално (уште не сум се претставил ко шо треба, ама штедам на зборови, влашкото е појако во мене), лутајќи по форум, закони, контрадикторни информации, решив да ја отворам темава со следните прашања при купување на нова кола:
- пробни таблици за ново возило, се уште ли чинат околу 2800 денари?
- откако ќе се извадат пробни таблици, дали смее уште еден сопатник да се вози со мене (бидејки ќе се зема колата од Скопје, а ќе се носи во друг град)
- некаде прочитав дека се плаќало плус 2% данок за ново возило, некаде дека нема давачки плус од тој тип, кој дел е вистина?
- дали после земање на возилото, дополнително она шо треба да се плати е само регистрацијата? (ова е поврзано со претходново прашање)
- на технички, пошто е ново возило, не треба да се носи?
ова ќе ми е прва кола шо ќе ја земам нова, па сакам да се информирам со посовреме за да нема некаков проблем.
ficomk:
Мислам дека бо салон ќе ти ја објаснат целата процерура, или сеуште не си бил?
spiritBreaker:
директно во салон не сум прашал, од претставник добив само инфо дека околу 20 000 ден ќе треба само да се плати за регистрирање, плус 2800 ден одприлика за пробни, ама ова е само во еден салон, така да не сум 100% сигурен дали е само тоа или има и нешто друго
MAPJAH:
Пробни се 1800ден
Sent from my iPhone using Tapatalk
Bravo:
Многу побитно од пробни таблици е да ти дадат барем 5л гориво за до прва бензинска. Посочи им го ова, бидејќи некои салони буквално со 1л гориво ги предаваат колите.
На примопредавање немој да брзаш од возбуда, туку детално и сталожено прегледај ја колата и надворешно и внатрешно.
Пробните таблици ќе ги решиш лесно.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија